Connect with us

Црна Хроника

Пронајдено оружје во Скопје

Published

on

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

– На 15.12.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени рамка за пиштол и куршуми со калибар 9 мм, соопштија од полицијата. 

Црна Хроника

Уапсен тежок криминалец во Тетово

Published

on

На 01.04.2025 во 16.30 часот на улица „168“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово,  врз основа на судска наредба, го привеле Ф.С.(35) од Тетово, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово. Ф.С. бил осуден на шест години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и 396 од КЗ, а за доиздржување имал една година, 10 месеци и 6 дена. Тој бил спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на казната.

Continue Reading

Црна Хроника

Голема акција на полицијата: Уапсени 5 лица

Published

on

Пет лица се приведени на различни локации откако полицијата кај нив пронашла марихуана.

„Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 21.15 часот во Скопје, на различни локации, ги лишиле од слобода Г.С.(27) и Ф.А.(27), двајцата од Скопје, Д.С.(20) од село Псача, кривопаланечко, како и П.К.(38) од Куманово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци“, информираат од МВР.

Continue Reading

Црна Хроника

Кривична за полицаец – си носел дрога на работното место!

Published

on

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при МВР до  надлежното Основно јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против А.М., полициски службеник во ПСОН Охрид при СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори “ по член 215 став 1 од КЗ.

Во временскиот период кога полицискиот службеник А.М. бил предвиден за работа и извршувал работни задачи на обезбедување на вила Бела (поранешна вила Македонија), сопственост на Министерството за внатрешни работи, од страна на  вработени во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди бил извршен  преглед врз А.М. и работната просторија- стражарската куќарка, при што од прегледот во работната просторија, на работната маса била затекната метална лажица во која имало бела прашкаста материја, хартиена салфетка во која имало бела прашкаста материја и мало пластично шише со нн течност, со импровизирана цевка од банкнота од 10 денари, затворено со алуминиумска фолија на отворот на шишето, на која имало остатоци од нн материја.

Од страна на вработени од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди А.М. бил известен за потребата од испитување за присуство на матаболити од наркотични средства во урината во Институтот за судска медицина во Скопје. Од страна на доктор на Итна медицинска помош Охрид било утврдено дека А.М. е во добра општа состојба и може да патува во Скопје, но истиот одбил да соработува со вработените на Одделот и да се подложи на испитување.

Против А.М. од страна на  Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди веќе е покрената дисциплинска постапка и задолжителна  мерка за отстранување  од работното место- суспензија од работното место.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк