Connect with us

Свет

Поранешен советник на Пентагон го откри планот на Путин и Трамп во врска со Зеленски: Овој потег би ја вознемирил Европа

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп мораат да дојдат до заклучок дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да биде сменет, изјавил е поранешен советник во Пентагон, Даглас Мекрегор.

„Ако сте на местото на Трамп – во Белата куќа – или Путин – во Кремљ – треба да дојдете до неповратен заклучок дека оваа личност (Зеленски) треба да биде отстранета. Во спротивно, ништо нема да се случи“, изјавил тој.

Експертот исто така изразил уверување дека украинскиот претседател „ќе го изгори до темел остатокот од Украина и нејзиното население“. Тој дава непознати изјави кои немаат смисла, додал пензионираниот војник.

„Тоа не е во интерес на никого. На Русите им треба нешто друго, инаку ќе го воделе овој конфликт сосема поинаку. Ние не сакаме да се случи тоа“, заклучил Мекрегор.

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот, за време на работна посета на Мурманската област, изјавил дека воведувањето привремена управа во Украина ќе овозможи демократски избори и формирање одржлива влада, со која потоа би можело да се преговара за мир и да се потпишат релевантни документи.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопштил дека лидерите на Русија и САД за време на телефонските разговори не разговарале за идејата за воведување надворешно управување во Украина.

Advertisement

Свет

Дедо Мразовци ограбија маркет во Монтреал и дел од храната ја дадоа на сиромашните

Група активисти во Монтреал во понеделникот ограбија маркет, а подоцна дел од храната ја поделија на сиромашните, објави The Guardian. Акцијата ја спровела групата Robins des Ruelles, која ја претстави како „Робин Худ“ иницијатива, со цел да привлече внимание на сè поголемата криза и високите трошоци за живот, кои ги прават основните намирници недостапни за обичните Канаѓани.

Во соопштението објавено под наслов „Кога гладот ги оправдува средствата“, членовите на групата нагласиле дека храната ќе биде дистрибуирана на оние кои најмногу имаат потреба. „Работиме сè понапорно за да можеме да купуваме храна од синџири супермаркети кои ја користат инфлацијата за да остварат рекордни профити. Неколку компании држат наши основни потреби како заложници“, се наведува во соопштението.

Метро, сопственик на осум големи брендови за храна во Онтарио и Квебек, ја осуди кражбата како кривично дело и нагласи дека цените на полиците директно одразуваат трошоците на синџирот на снабдување. Портпаролката Женевјев Грегоар додаде дека во 2025 година компанијата донирала 1,15 милиони долари и повеќе од 81 милион долари во храна за локалните банки за храна.

Полицијата потврди дека случајот се истражува, но досега нема апсени. Во вторникот вечерта, групата оставила дел од храната на јавен плоштад под елката, додека остатокот ќе биде дистрибуиран преку локалните банки за храна. На крајот, тие порачаа: „Не заборавајте – гладот ги оправдува средствата. Среќен Божиќ!“

Continue Reading

Свет

Украинските единици се повлекоа од Северск

Украинските сили се повлекоа од населбата Северск во регионот Донецк за да ги зачуваат животите на војниците и борбената способност на единиците, соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина. Градот сè уште останува под контрола на украинските трупи.

„Тешките борби продолжуваат во Северск. Руските сили имаат значителна предност во човечка сила и опрема и, и покрај големите загуби, продолжуваат со активните офанзивни операции“, се наведува во соопштението на Генералштабот.

Украинските одбранбени сили успеале да го исцрпат непријателот за време на борбите, при што секој метар од градот бил одбранет по висока цена. Русите напредувале благодарение на бројната предност и постојаниот притисок од мали напаѓачки групи во тешки временски услови.

Сепак, украинските трупи го држат градот под огнена контрола, блокирајќи ги непријателските единици и прекинувајќи ја нивната логистика, со цел да се спречи понатамошно напредување.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за целосното предавање на Северск под контрола на руските вооружени сили.

Северск е клучна точка за украинските одбранбени линии, бидејќи неговото ослободување овозможува на руските трупи да напредуваат кон агломерацијата Славјанск-Краматорск и да ја олеснат офанзивата во областа Костјантинивка, која заедно со Дружковка, Краматорск и Славјанск го формира главниот одбранбен фронт на Украина во регионот Донецк.

Continue Reading

Свет

Германија воведува задолжителна воена обврска, казни до 1.000 евра за непослушните

Од јануари 2026 година, Германија официјално ќе започне со примена на нов модел на задолжителна воена обврска, со кој се предвидуваат и строги санкции за оние што ќе ја игнорираат процедурата. Сите мажи од одредена возрасна група ќе добиваат прашалници од Бундесвер, а одбивањето да се одговори или доставувањето неточни податоци ќе биде санкционирано.

Германското Министерство за одбрана соопшти дека процесот ќе започне со испраќање на околу 54.000 прашалници месечно. Според новите правила, непочитувањето на оваа обврска може да резултира со парична казна до 1.000 евра, па дури и со принудна регрутација.

Планот, кој го иницира министерот за одбрана Борис Писториус, предвидува постепено зајакнување на армиските капацитети. Од јули 2027 година, задолжителен ќе стане и лекарскиот преглед за сите мажи, а непојавувањето на прегледот може да доведе и до полициско приведување.

Целта на новиот модел е до 2035 година бројот на припадници на германската армија да достигне 270.000 војници, како дел од пошироките напори за јакнење на одбранбените капацитети на земјата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг