Connect with us

Македонија

Приведен 23-годишен скопјанец: Од возило во движење испукал неколку куршуми во воздух

Published

on

Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир.

На 30.03.2025 околу 08.00 во часот во СВР Скопје било пријавено дека било забележано дека на ул.”Цветан Димов” во населба Чаир, од возило “ауди а3” во движење со скопски регистарски ознаки биле испукани неколку куршуми во воздух.

Полициски службеници го обезбедиле местото и биле пронајдени пет чаури од гасен пиштол, додека по преземени мерки, бил пронајден А.Д.(23) од Скопје, лицето кое го управувало возилото. Со него бил извршен службен разговор, при што појаснил дека пукал од гасен пиштол “Зораки”, кој се наоѓал во неговиот дом на подрачјето на Чаир. По насоки од јавен обвинител, пиштолот бил одземен и против лицето се поднесени соодветни поднесоци.

Македонија

Денес Таравари ќе пресече за коалицијата со ВРЕДИ?

Published

on

Крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците, ќе одржи собрание денес во Гостивар. Од таму соопштија дека работата на Собранието ќе биде затворена за медиумите. 

 Алијансата за Албанците на Таравари искажува несогласувања околу настапот на коалицијата Вреди на локалните избори. За разлика од другите партии во Вреди, АА на Таравари смета дека на изборите партиите треба да излезат со посебни листи за општински советници. Таравари изјави дека ако не излезат заедно со ВРЕДИ на локални избори, тогаш  ќе настапат сами, со што ја исклучи можноста за коалицирање со ДУИ.

Претпладнето на средба во Софија на Таравари и Ахмети со албанскиот председател Бајрам Бегај, Ахмети изјави дека нема да има коалиција на Европскиот фронт во Алијансата на Таравари, а на тројката од ВРЕДИ им порача да не бидат вазали на премиерот Христијан Мицковски на штета на албанскиот народ во Македонија,

Дека има проблеми во коалицијата ВЛЕН повеќе не е тајна. По случувањата во последните две недели,  раководствата на Демократското Движење, на  Беса и на Алтернатива оценуваат дека за  Таравари и АА веќе нема место во коалицијата.Има предлози ВЛЕН да донесе одлука АА да си замине од коалицијата или да му се предложи на премиерот да ја отстрани партијата од Владата. Се очекува сето ова да се потврди во следните 10 дена.

Continue Reading

Македонија

СДСМ избира претседател, Филипче единствен кандидат

Published

on

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) денеска избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори.

Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 08 до 20 часот. Надлежна за спроведување на гласањето е Централна изборна комисија.

Од СДСМ информираат дека Централната изборна комисија го потврдила и го затворила Избирачкиот список, на кој активно регистрирани се 23.712 членови, обезбеден е избирачки материјал, паравани за тајност на гласањето, избирачки кутии, ознаки и се што е потребно за изборниот ден.

-Сите активно регистрирани членови на СДСМ ќе можат да го остварат своето право на непосредно и тајно гласање за избор на претседател во својата општина на соодветно гласачко место. Членовите што гласаат, со себе задолжително треба да ја има електронската членска картичка на СДСМ и важечки личен документ за идентификација (лична карта или пасош). Гласањето на болни и немоќни е овозможено, еден ден порано, односно во сабота на 05.04.2025 година.

СДСМ информираа дека информацијата за резултатот ќе го соопштат денеска по завршување на процесот на гласањето.

Continue Reading

Македонија

Директорката на клиниката за пластична хирургија низ солзи им се заблагодари на странските доктори за помошта по трагедијата во Кочани

Published

on

Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија низ солзи се заблагодари на докторите од Израел, Чешка и Србија кои дојдоа во земјава за да им помогнат на нашите доктори по големата трагедија во Кочани.

„Сакам да ви се заблагодарам на сите што сте тука и ни помагате во оваа ситуација. Завршивте одлична работа. Ни го дадовте патот по кој треба да одиме, за да го направиме најдоброто за овие млади души и да им дадеме шанса да го видат светот“, вели Ѓоргиевска Павловска.

Емотивното видео го објави Sheba Medical Center Global Impact, еден од водечките светски медицински центри, со седиште во Израел. Нивниот тим изведе 35 процедури на пациенти во четири различни болници во Македонија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк