Connect with us

Македонија

ФИНКИ го посвети 14. роденден на својот студент Спире Стоименов кој го загуби животот во трагедијата во Кочани

Со едноминутно молчење за настраданите во трагедијата во Кочани, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска ја почна промоцијата на дипломираните и магистрираните студенти во академската 2023/24 година.

ФИНКИ, кој воедно го одбелжа и 14. роденден, настанот му го посвети на својот студент Спире Стоименов, една од 59-те жртви во пожарот. Спомнати беа и четворицата повредени студенти на ФИНКИ кои се уште се лекуваат во земјава и надвор, Ана Захариева, Анастасија Соколова, Јорданчо Ефтимов и Петар Стојменовски.

– Нашиот драг колега Спире во текот на студиите редовно беше вклучен во организација на претходните свечености за Денот на факултетот и беше пример за студент кој придонесуваше за развојот и промоцијата на ФИНКИ. Денешниот настан го посветуваме на него, беше истакнато на почетокот на церемонијата.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска која се обрати до присутните, уште еднаш испрати порака дипломираните студенти да останат во државава.

– Она што сакам вам да ви го порачам е – да продолжите да стекнувате знаења и вештини, затоа што се најдобар компас кој ве води до вашите цели. Немам дилема за вашиот просперитет. Ова е барана професија и секако дека сте и потребни на денешницата. Но, како министерка, посакувам да продолжите да живеете и работите овде, во својата земја, и да помогнете во нејзиниот развој. Тука сте најпотребни, потенцира Јаневска.

Најавувајќи крупни промени за унапредување на квалитетот на високообразовниот систем, таа повтори дека Владата максимално е посветена на младите. Вети и дека ФИНКИ конечно ќе го добие новиот објект.

– Во рамки на реформите се разгледуваат различни решенија, а меѓу нив е и тоа за гарантирано вработување на најдобрите студенти во една генерација на јавните универзитети и научни установи. Исто така, сакам и овде да повторам дека овој факултет конечно ќе го добие новиот објект. Процедурата е во тек и во текот на мандатот на оваа Влада, зградата ќе биде завршена. Наша цел е младите да добијат можности за квалитетно образование и добра работа во Македонија. Верувам дека и сите вие тоа најмногу го сакате и го заслужувате. Честитки на сите кои денес дипломираа и магистрираа. Говорот ќе го завршам со испраќање последен поздрав до студентот кој денеска требаше да се радува на постигнатиот успех, заедно со сите вас. За жал, животот му заврши во несреќата во Кочани. Нека почива во мир и нека е вечен неговиот спомен. Сочувство до семејството и сила во овие тешки мигови. На повредените четворица студенти, ваши колеги, им посакувам поскоро закрепнување и продолжување по патот до остварување на поставените животни и професионални цели, рече министерката.

Деканот на ФИНКИ Боро Јакимовски информира дека минатата година на Факултетот дипломирале повеќе од 430 студенти, а 20 магистрирале.

– Лани дипломираа повеќе од 430 студенти што е рекорден број и тенденција на раст од 20 отсто. Продолжуваме со школување на нашите студенти, но правиме и напори за нивно унапредување и подготвување за пазарот на труд. ФИНКИ соработува со индустријата и покрај научна мисла, дава и практично знаење препознаено од комапниите. Остануваме тука да ги подготвуваме нашите инженери, да ја унапредуваме економијата и целокупниот процес на дигитална трансформација на државата, истакна Јакимовски.

Тој изрази надеж дека многу брзо ќе бидат завршени зградите во кои треба да се смести ФИНКИ со што, напомена, ќе се реши деценискиот проблем на Факултетот.

Извор:

sitel.com.mk

Advertisement

Балкан

Познати деталите од трагичниот настан во Србија каде двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград–Ниш

Двајца граѓани на Северна Македонија го загубија животот во сериозна сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград–Ниш во Србија, потврдуваат српските медиуми и првичните информации од местото на настанот.


Несреќата се случила кај клучката Умчари, кога возило марка „Сеат“ со германски регистарски ознаки излетало од коловозот, при што силата на ударот била фатална за двајцата патници што седеле на предните седишта. Телата на мажот и жената, за кои е потврдено дека се македонски државјани, биле извлечени од урнатиот автомобил.


Според неофицијалните информации, во возилото имало уште едно лице – патник кој го преживеал ударот, но со тешки повреди бил пренесен во болница на понатамошна медицинска грижа. Причините за несреќата сè уште се истражуваат од српските сообраќајни служби.


Несреќата предизвика загриженост кај јавноста и семејствата на загинатите, а надлежните органи најавија дека ќе продолжат со увид на местото на настанот за да утврдат дали околностите како условите на патот или временските услови влијаеле на случувањата.
Овој трагичен инцидент доаѓа во време кога граѓаните кои патуваат меѓу земјите на Балканот често користат автопатот Белград–Ниш како главна сообраќајна артерија, но истовремено ја потсетува јавноста на потребата од зголемена претпазливост на патиштата.

Continue Reading

Инфо +

Др. Беќаровски со совет за заштита од PM2.5 и PM10: План за детоксикација во денови со екстремно загадување

Во услови на зголемено аерозагадување и енормно високи концентрации на PM2.5 и PM10 честички, кои деновиве се регистрираат во повеќе градови низ земјава, доктор по медицина сподели едноставен совет и план за намалување на негативното, канцерогено влијание врз организмот.


Според препораката, целта не е целосно да се неутрализира загадувањето – што е невозможно без системски мерки – туку да се минимизира штетата врз респираторниот и имунолошкиот систем преку природна поддршка и хидратација.
Во рамки на предложениот дневен план се советува:


Наутро: чај од диво оригано со додатоци за поддршка на имунитетот
Пред ручек: зелен чај во комбинација со витамин Д (1000 ИЕ)


Навечер: чај од ѓумбир и куркума или бел слез, повторно со природна имунолошка поддршка
Дополнително, се препорачува во текот на денот да се внесуваат најмалку два литра млака вода со лимон, а кај лица без висок крвен притисок – и дополнителна чаша зелен чај.


„Ако загадувањето не може да се спречи, тогаш барем може навремено да се ублажат неговите последици врз здравјето“, се наведува во пораката.
Во објавата се посочува и загрижувачки податок дека околу 65% од возрасната популација во Македонија пуши, при што просечно месечно издвојува околу 4.500 денари за цигари, што дополнително го зголемува ризикот од респираторни и канцерогени заболувања во комбинација со загадениот воздух.


Медицинската фела и здравствените експерти постојано апелираат дека во денови со високо присуство на PM честички, граѓаните треба да избегнуваат подолг престој на отворено, да користат заштитни маски кога е потребно и да водат грижа за јакнење на имунитетот.

Continue Reading

Македонија

Николоски: Македонија е пример за почитување на мајчиниот јазик на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската заедница како најголема цивилизациска придобивка, рече заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик.

“Има многу заднички што можеме да кажеме и заеднички да споделиме меѓу двата народи и двете држави, а секако наставата на мајчин јазик е најголемата цивилизациска придобивка која што еден народ може да ја има. Горд сум што можам да кажам дека Македонија тоа го овозможува на сите припадници на турската заедница, на турскиот народ кој што живее во Македонија и ова е нешто што треба заеднички да го градиме и надградуваме затоа што нашите јазици коегзистираат со векови и тоа е цивилизациска придобивка која мора да ја надградуваме со децениите и вековите кои што доаѓаат пред нас. 

Нема поблизок народ за мекедонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и затоа треба да заеднички да создаваме уште подобри услови за изучување на турскиот јазик и наставата на мајчин турски јазик. Нека е со среќа и да е за многу години, а ние заеднички да го зајакнуваме партнерството меѓу македонскиот и турскиот народ”- се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг