Connect with us

Црна Хроника

Масовна тепачка помеѓу шест лица во Штип

Published

on

policija

На 30.03.2025 во 12.56 часот во СВР Штип, било пријавено дека во Штип по претходно нарушени меѓусебни односи и расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.М. и И.Д., а потоа се приклучиле и С.Н., С.М., Т.Д. и Љ.Д.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Црна Хроника

35 годишен маж од Богданци во Штип со сила ја грабнал неговата малолетна бивша девојка

Published

on

СВР Штип информира за грабнување на малолетничка.

-На 08.04.2025 во 24.00 часот во СВР Штип, М.М.(35) од Штип пријавила дека околу 23.30 часот од ул.„Черења“ во Штип, Ф.М. од Богданци, поранешен партнер на нејзината малолетна ќерка, со употреба на сила ја внел малолетничката во возило „ауди“ и заминале во непознат правец. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Continue Reading

Црна Хроника

Цела година крадел струја, Од ЕВН велат дека се оштенети за 9 милиони денари

Published

on

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против правно лице од Битола и В.П. (50) од Скопје, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас “, казниво во чл.235-а од Кривичниот законик.

Во периодот од 01.02.2024 до 17.01.2025, пријавеното правно лице се стекнало со противправна имотна корист од 9.300.955 денари на тој начин што второпријавениот, без согласност на соодветен оператор на системот, со премостување на мерната опрема, преземал електрична енергија без да ја плати.

Continue Reading

Црна Хроника

Двајца напаѓачи се обиделе да запалат казино во Скопје

Published

on

Двајца непознати напаѓачи вчера рано утрото фрлиле молотов коктел пред влезот во казино во скопската населба Чаир, соопшти МВР.

„На 08.04.2025 година во 03:31 часот во СВР Скопје, од казино на подрачјето на Чаир било пријавено дека пред влезот на казиното две лица фрлиле шише со запалива течност, а вработени од обезбедувањето го изгаснале пожарот. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк