Connect with us

Спорт

Шкендија се огради од „околу 20 поединци“ за нечовечноста при минутата молк за жртвите во Кочани

Published

on

Веднаш по Фудбалската федерација на Македонија, која најави висока казна за скандалот пред денешниот натпревар со Брера во Тетово, се огласи и Шкендија, која за неиспочитуваната една минута молк за жртвите од трагедијата во Кочани обвини „околу 20 поединци“ и се огради од нив.

„Шкендија со целосна одговорност ги следи и ги почитува сите институционални одлуки поврзани со чувствителни моменти за општеството. Ние како клуб длабоко ја доживеавме трагедијата која се случи во Кочани, настан кој го потресе целиот народ и емотивно се одрази и во нашето секојдневие. Оваа голема тага беше присутна на секој наш тренинг во изминатите денови и се рефлектираше и на мечот против Брера, каде што и покрај победата од 2-1 и зачувувањето на првото место на табелата, тимот не прослави на вообичаен начин.

Шкендија ја испочитува минутата молк која беше определена од Фудбалската федерација на Македонија во чест на жртвите. Сепак, за време на овој момент, група поединци од трибините не ја почитуваа тишината, однесување кое не го претставува ниту клубот ниту навивачката група во целост. 

‘Балистите’, кои вообичаено се позиционирани на трибината ‘Маршин Беќири’ зад голот, овојпат беа сместени на централната трибина. На мечот присуствуваа околу 3.000-4.000 гледачи, а само група од околу 20 поединци покажаа неодговорно однесување кое не ги одразува чувствата, солидарноста и почитта на поголемиот број од присутните навивачи.

‘Балистите’ се нашиот 12. играч и отсекогаш биле нераскинлив дел од Шкендија, но ова неодговорно однесување од мала група поединци не го претставува ставот на навивачката група која во овој момент е во процес на реорганицација, ниту на останатите членови кои во тој момент реагираа со свирежи како знак на незадоволство кон тие што пееја.

Шкендија изразува жалење за оваа ситуација и повторно го истакнува својот цврст став на почит кон загубените животи и болката низ која поминува целото општество“, се вели во соопштението на клубот од Тетово.

Спорт

ИЗВЕСТУВАЊЕ: ВО СЕЛОТО ДОЛНА ГОРИЦА ЌЕ СЕ ОДРЖИ СПАРТАКИЈАДА ПОМЕЃУ СЕЛАТА НА ОПШТИНА ПУСТЕЦ

Published

on

Почитувани жители,
Ве известуваме дека на 19.04.2025 година, со почеток во 09:00 часот, во селото Долна Горица ќе се одржи Спартакијада помеѓу селата на Општина Пустец. Ве молиме за секоја екипа да ја доставите листата со имиња на учесниците до Секторот за култура и спорт во Општината.

Ви благодариме за соработката!

Continue Reading

Спорт

Тетово добива модерен стадион: Започна изградбата на новата трибина на „Градскиот стадион“

Published

on

Започнаа долгоочекуваните градежни работи на „Градскиот стадион“ во Тетово, каде што се гради втора трибина според највисоките стандарди на ФИФА и УЕФА, со цел стадионот да може да биде домаќин на меѓународни натпревари.

Првата стара трибина беше срушена во април, а активностите официјално почнаа по добивањето на градежната дозвола. Според фотографиите што ги доби нашиот медиум, веќе е започната изградбата на првата нова трибина.

Новиот стадион ќе има капацитет од 10.000 до 12.000 седишта и ќе располага со модерни простории за тимови, службени лица, ВИП гости и новинари. Целиот проект е проценет на 9,7 милиони евра и според договорот треба да биде завршен во рок од три години, иако се очекува работите да завршат и пред предвидениот рок.

Градскиот стадион во Тетово е изграден во 1981 година, кога ФК Тетекс влезе во Првата југословенска лига. Тогашниот капацитет надминуваше 15.000 гледачи, а изградбата ја финансираше текстилниот гигант „Тетекс“, со поддршка од државата.

Новата изградба ќе му даде на Тетово стадион достоен за идни фудбалски предизвици.

Continue Reading

Спорт

ОДЛИЧЕН ВИКЕНД ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИТЕ: ГОЛОВИ НА ТРАЈКОВСКИ, ЧУРЛИНОВ И КОСТАДИНОВ

Published

on

АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ беше херојот на Хајдук. Со гол во 98 минута го спаси од пораз својот тим во мечот против Локомотива Загреб.

ДАРКО ЧУРЛИНОВ ја продолжува фантастичната форма. Реализираше против Легија, а погодокот беше единствениот на мечот – вреден три бода.

ТИХОМИР КОСТАДИНОВ го постигна првиот сезонски гол за Пјаст во победата против Погон (2:1).

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк