Жителите на скопски Бутел, но и воопшто жителите на Скопје, згрозени од најновиот случај на вандализам во нова детска градинка во оваа скопска општина.
„Направена е голема штета во новата граника во Бутел 1, истата е во план да се пушти во употреба во месец септември 2025 година. Особено е осетливо тоа што станува збор за детска градинка, таму каде што треба да бидат згрижени нашите најмили“, информираше градоначалникот Дарко Костовски.
Жителите револтирани. Бараат санкции за строителите. Еве дел од нивните коментари:
– Самите слики кажуваат се. Искрено ги жалам сторителите,но и се надевам дека еден ден ке пишуваме,сликаме и раскажуваме кога некој нешто ке поправи исчисти или пак ке помогне на некој. Дотогаш таму сме каде што заслужуваме да сме.
– Се’ да платат што оштетиле или тие или нивните родители, ако се малолетни, плус големи казни, за сите комплет, за никогаш веќе да не помислат. Па уште и се потпишале, дивјаци. Додека не почнат казни, ама сериозно да се казнува, вака се за кратко време ќе уништуваат.
– Ова што се случува е срамота од највисок степен. Демолирањето на детска градинка не е само вандализам – тоа е директен напад врз иднината на нашите деца. Лицата што стојат зад ова дело покажаа целосна незаинтересираност за заедницата и непочитување кон најмладите. Најстрого да бидат казнети да им се покаже дека ваквите постапки немаат место во ова општество.
– За жал, долго време сме опкружени сме со деликвенти, кои никако да се најдат зад решетки! Не е страшно, што искршиле нешто, ќе се среди.. Ме загрижува која е пораката, и кому се испраќа! Дали ова е доволно, за да ескалира ситуацијата! Сеуште народот не е соземен од последните трагедии и можно е некој погрешно да суди… Секој нормален, лојален, ѓраѓанин, овој вандализам го казнува, затоа што ова сите го плаќаме сите ние граѓаните, не паѓаат пари од небо, нели?
– Страшно! Зарем нема веќе човечност!? Кој може да добие желба да уништува нешто толку убаво.
– “И на славеј, камен фрла некој”, многу нелуѓе се намножија, верувам дека ќе бидат фатени и најстрого казнети. Да се санира и од тоа место што побрзо да слушаме детски џагор и смеа.
– Не е до системот! До народот е! Изгубени се сите човечки вредности! Омразата, насилството за жал царуваат! Бог да ни е на помош!
– Строго да се казни со затвор, но и да ја платат штетата, без строги казни не се опаметуваме, пример нека бидат западните држави каде што со казни ги научиле на ред.
– Деструктивност! Толку многу труд, работа влог за идните генерации, а да не се цени. Секој дома да си поразговара со своите деца, да се најдат сторителите, казнат и да понесат одговорност за стореното!
– Камери има секаде, вратете ги, видете кој бил, ако се малолетници ќе си платат родителите,ако се полнолетни они ќе платат, и плус малку одмор во Идриз Бег нема да им штети.