Connect with us

Црна Хроника

Гевгеличанец се лажирал како полицаец – ја измамил жена користејќи ја трагедијата во Кочани!

Published

on

Измамникот побарал од жртвата пари за да купи спрејови за повредениот роднина. За да му помогне, таа му дала пари, но откако не добила фискална сметка, сфатила дека била измамена и случајот веднаш го пријавила во полиција.

46-годишниот Б.Т. од Гевгелија ја искористил трагедијата во Кочани за да измами 52-годишна жена, претставувајќи се лажно како полициски службеник и роднина на наводно повредено лице.

„Откако успеал да ѝ извлече 3.000 денари под изговор дека ќе купи медицински спрејови, бил фатен и уапсен од полицијата во Скопје“, соопшти МВР.

Настанот се случил на 31 март околу 20 часот во скопската општина Гази Баба. Според пријавата, измамникот ѝ рекол на жената дека повреденото лице од Кочани било згрижено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и дека сега се наоѓа во дом во Гази Баба. Тој побарал од жртвата пари за да купи спрејови за повредениот роднина. За да му помогне, таа му дала пари, но откако не добила фискална сметка, сфатила дека била измамена и случајот веднаш го пријавила во полиција.

По брза реакција, полицијата го пронашла и го лишила од слобода Б.Т. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Црна Хроника

Голема акција на полицијата утринава – Се вршат претреси на повеќе локации

Published

on

Во Прилеп денеска се одвива голема полициска акција, полицијата врши претреси на повеќе локации.

Според неофицијалните информации на Пресс24, полициската акција е организирана по налог на Обвинителството, а врз основа на сомневања поврзани со пријава за можни злоупотреби во Општата болница со проширена дејност во Прилеп.

Се вршат претреси и во неколку домови на инволвирани лица.

Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.

Continue Reading

Црна Хроника

Пукање среде ноќ во Скопско, полицијата го испитува случајот

Published

on

Пукање среде ноќ во скопски Петровец. 

– На 13.04.2025 во 23.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Петровец, од патничко возило во движење, биле испукани неколку куршуми. Полициски службеници од Полициското одделение Петровец извршиле увид на местото на настанот и подигнале седум чаури од гасен пиштол за понатамошна постапка, известија од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Continue Reading

Црна Хроника

Пријава за агресивно однесување на вработен во тетовската болница

Published

on

bolnica tetovo

На 13.04.2025 во 21.20 часот во СВР Тетово, М.И.(48) од с.Камењане, тетовско, пријавила дека на работното место во Клиничка болница Тетово, нејзиниот колега Д.Х. агресивно се однесувал кон неа. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк