Connect with us

Магазин

Срцето и запрало цели 24 минути: Она што го видов за тоа време ми го промени животот, повеќе не се плашам од ништо

Published

on

Педесетгодишната Теса Ромеро, социолог, која живее на југот на Шпанија, преживеала клиничка смрт која траела 24 минути додека ја возела својата ќерка во училиште. Нејзиното срце престанало да работи, а докторите не можеле да се согласат околу точната причина – споменувале акутен инфаркт миокарда и изненаден срцев застој.

Во својата книга „24 минути од другата страна: Живот без страв од смртта“, таа детално го опишува искуството што трајно го променил нејзиниот поглед на животот и смртта.

„Почувствував огромен мир“

Докторите подоцна ѝ рекле дека нејзиното срце не работело цели 24 минути, но тоа што таа го доживеала за тој период ја променило нејзината перцепција за постоење.

„Моето заболување беше одраз на мојата емоционална состојба“, вели Теса. Пред да го доживее искуството со клиничката смрт, Теса месеците наназад имала сериозни здравствени проблеми, но докторите не успеале да утврдат точна причина.

„Ми ги правеа сите можни анализи, но ниту еден тест не даваше јасни одговори. Моето тело одбиваше да функционира, а никој не можеше да објасни зошто“, додава таа.

По искуството „од другата страна“, ја контактирале многу лекари, невролози и научници кои истражуваат вакви феномени.

„Многумина ми рекоа нешто што ми беше многу значајно – дека моето заболување веројатно било физичка манифестација на мојата емоционална состојба. Во тоа време поминував низ најтешкиот период во мојот живот. Понекогаш, она што не го кажуваме, нашето тело го вика наместо нас.“

„Првото нешто што го почувствував беше огромен мир“

„Првпат после долго време не чувствував физички ниту емоционална болка – патењето престана. Почувствував неверојатно олеснување, како да ми беше симнат огромен товар од градите“, раскажува Теса.

„Се сеќавам како лебдев над плафонот и гледав како минуваат луѓето од малата клиника во која се наоѓав. Најпотресно беше кога ги видов моите ќерки како седат во чекалната.“

„Го видов моето тело, но не разбрав дека сум мртва“

Ромеро вели дека била целосно свесна за сè што се случувало околу неа, но не можела да разбере што всушност се случува.

„Го видов телото кое лежеше таму, но разбрав веднаш дека тоа е моето. Не бев свесна дека сум мртва, бидејќи се чувствував целосно жива, будна и присутна. Не можев да разберам зошто никој не ме гледа и не ме слуша“, вели Теса.

Пред ова искуство, Теса била скептична кон идејата за живот по смртта, но сега уверено тврди дека тоа што го доживеала не било халуцинација, туку нешто вистинско.

„Кога се разбудив, знаев со апсолутна сигурност дека тоа не беше сон. Сè околу мене беше различно. Имав чувство како светот да поминал низ некој старински филтер. Како времето веќе да не работи на истиот начин – сè беше побавно, потешко и исполнето со подлабоко значење.“

Веќе не се плаши од смртта

Ова искуство го променило нејзиниот однос кон смртта – веќе не се плаши од неа.

„Пред тоа, имав длабок страв од смртта. Ја гледав како нешто темно, неизвесно и болно. Сега разбрав дека смртта не е крај, туку премин“, објаснува таа.

„Тоа е како да преминеш низ врата во место каде што сè има смисол, каде што љубовта и мирот ги исполнуваат сите. Веќе не се плашам од смртта. Напротив, чувствувам огромен мир знаејќи дека животот не завршува со последното дишење. Ние не сме сами. Бескрајно сме сакани.“

Научни објаснувања и теории

Иако научниците сè уште не можат точно да објаснат што се случува при клиничката смрт, постојат истражувања кои сугерираат дека мозокот може да продолжи да функционира дури и по прекинувањето на работата на срцето.

Студиите покажуваат дека човечкиот мозок може да работи уште некое време по срцевиот застој, а во некои случаи се забележани повремени бранови на активност дури и еден час по прекинот на снабдувањето со кислород.

Овие факти доведуваат до прашањето дали стандардната медицинска пракса, според која смртта се прогласува по три до пет минути без кислород, треба да се преиспита.

Многу луѓе кои преживеале клиничка смрт пријавуваат слични искуства – чувство на лебдење, силна светлина на крајот од тунелот, па дури и средби со починати роднини.

Додека некои веруваат дека тоа се докази за загробниот живот, други научници тврдат дека тоа е само резултат на хемиските процеси во мозокот. Сепак, она што останува нејасно е зошто вакви искуства се јавуваат кај толку многу различни луѓе ширум светот.

Магазин

ПОТРОШИЛ 100.000 ЕВРА ЗА НАСТАП НА ТЕА ТАИРОВИЌ! И не жали ни за евро од даденото

Published

on

Пејачката Теа Таировиќ направи вистински спектакл на својот прв настап во Дубаи, но вечерта остана запаметена по нешто друго – балканскиот милијардер Рача Рифко, родум од Сандџак, потроши неверојатни 100.000 евра за време на нејзиниот настап!

Рифко, кој веќе беше во фокусот на медиумите поради гламурозната забава со Драгана Мирковиќ, овој пат го фокусираше вниманието на Теа. Се испраќаа шишиња од елитниот „Дом Перинјон“, по цена од 1.200 евра за едно, директно во неговиот луксузен сепаре.

Теа на сцената блесна во светкаво трико, кој го истакна нејзиниот сексапил, а атмосферата достигна врв кога го отпеа хитот „Идем у Дубаи“. Публиката беше во транс, а специјалниот гостин очигледно не штедеше за да ѝ го покаже своето воодушевување.

Настапот во Обединетите Арапски Емирати дефинитивно ќе остане запаметен како една од најгламурозните вечери во кариерата на Таировиќ, која со секој нов настап потврдува дека е миленичка на публиката — и на богатите обожаватели.

Continue Reading

Магазин

Македонска еуфорија во Мелбурн: Спасен Силјановски ја крена дијаспората на нозе

Published

on

Вечерашниот настап во Мелбурн се претвори во вистински македонски спектакл. Македонски песни, ора и неуморна енергија ја исполнија салата, која беше преполна со публика од сите генерации. Веселата атмосфера и заедништвото меѓу иселениците уште еднаш потврдија дека љубовта кон татковината не избледува, без разлика на далечината.

Најголемите овации вечерва ги доби Спасен Силјановски, кој важи за најпопуларниот македонски пејач меѓу македонската дијаспора. Со неговите хитови и препознатлива емоција, тој ги обедини сите присутни во едно срце – македонско. Настанот заврши со долги аплаузи и ветување за нова средба наскоро.

Видеата може да ги погледнете тука

Continue Reading

Магазин

Дневен хороскоп за сабота – 12 април: Ѕвездите му носат посебна среќа на еден хороскопски знак

Published

on

Што ви носат ѕвездите на 12. април 2025. година?

Овен

Работа: Може да настанат ситуации кои ќе бараат брзи реакции, но важно е да останете смирени и не донесувате неразмислени одлуки. На повидок се промени, па потребна е флексибилност и внимателно планирање.

Љубов: Емоциите ќе бидат интензивни и понекогаш непредвидливи. Важно е да не реагирате импулсивно. Искрен разговор со партнерот ќе помогне да се надминат несогласувањата.

Здравје: Препорачливо е да се посветите на физичка активност.

Бик

Работа: Вашата практичност ќе биде ваш главен адут. Ќе можете да најдете решенија тамо каде што другите гледаат само пречки, искористете го денот за конкретни чекори.

Љубов: Во односите е можно да владее хармонија, но тоа ќе бара отвореност и готовност да се слушне и она што не се сака да се чуе.

Здравје: Погледнете го својот врат и раменици, можни се напнатости.

Близнаци

Работа: Ќе бидете полни со идеи, но посветете внимание на деталите. Комуникацијата со соработниците ќе биде клучна за успехот, па не оставјате ништо недоречено.

Љубов: Овој ден носи поволни прилики за поголемо поврзување со партнерот. За слободните Близнаци, флертот може да прерасне во нешто повеќе.

Здравје: Внимавајте на исхраната и внесувањето течности.

Рак

Работа: На пат се промени, но важно е да не ги напуштите своите принципи. Бидете отворени за нови перспективи, но и останете верни на вашите вредности.

Љубов: Емоциите ќе ве водат, но обидете се да не ги затворите срцата поради претходни разочарувања. Искреност и отвореност ќе донесат блискост.

Здравје: Внимавајте на стомакот, поради зголемена чувствителност. Ако е можно, избегнувајте стрес.

Лав

Работа: Ќе имате силна желба да се истакнете, но важно е да бидете храбри и тактични. Успехот ќе дојде преку соработка, а не преку доминација.

Љубов: Покажете ранливост – тоа не ве прави слаби, туку искрени, и вашиот партнер тоа ќе го цени.

Здравје: Добро се чувствувате, но сте емотивно чувствителни.

Девица

Работа: Чекајте важни одлуки, но не ги донесувајте на брзина. Успорете, анализирајте и изберете она што е во согласност со вашите вредности.

Љубов: Практичен пристап кон емоциите може да ви помогне да ја одржите стабилноста во врската.

Здравје: Обезбедете си доволно одмор.

Вага

Работа: Можете да добиете можност да посредувате во важен разговор или проект. Вашата смиреност и умереност ќе бидат многу важни денес.

Љубов: Емоциите можат да се менуваат, но не се повлекувајте од разговорите. Бидете искрени.

Здравје: Посветете време на релаксација.

Шкорпија

Работа: Пред вас се предизвици кои ќе го тестираат вашиот фокус и истрајност. Бидете доследни на своите цели и вашите резултати ќе зборуваат за вас.

Љубов: Не губете време на игри. Длабоките емоции денес се оние кои се изразуваат без резерва, но со почит.

Здравје: Добро ќе ви дојде време за размислување додека сте сами.

Стрелец

Работа: Ќе бидете полни со ентузијазам и идеи, но обидете се да ги канализирате кон конкретни цели. Денот е идеален за креативни проекти.

Љубов: Необични личности и нови искуства ќе ве привлекуваат. Препуштете се, но задржете ја ориентацијата.

Здравје: Потребно ви е повеќе движење и свеж воздух. Организирајте излет или подолга прошетка.

Јарец

Работа: Фокусирани сте на цели, а денес е идеален ден за да завршите нешто што долго го одлагавте. Фокусот и дисциплината ќе бидат наградени.

Љубов: Не заборавајте дека емоциите бараат внимание како и проектите. Посветете време на партнерот и дајте му она што би сакале да го добиете.

Здравје: Зглобовите и грбот можат да бидат чувствителни, избегнувајте претерани физички напори.

Водолија

Работа: Денот носи можност да работите на свој начин. Креативноста и неконвенционалниот пристап ќе ви отворат нови можности.

Љубов: Неочекувани емоции можат да ве изненадат. Наместо да ги потиснувате, истражете ги и препуштете им се.

Здравје: Промената на околината би ви дошла добро.

Риби

Работа: Ќе бидете длабоко поврзани со она што го работите. Следете ги своите чувства, но не заборавајте да ги проверите фактите.

Љубов: Ако сте сами, некоја нежна и интуитивна личност може да влезе во вашиот живот.

Здравје: Внимавајте на одморот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк