Connect with us

Скопје

Темелни проверки со цел загарантирана безбедност на граѓаните

Published

on

На телевизија Сител во Тема на денот гостуваше претседателот на ЗЕЛС и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој ја образложи работата на ЗЕЛС во изминатите денови и темелните проверки во општините со цел да биде загарантирана безбедноста на граѓаните.

Ѓорѓиевски на самиот почеток потенцираше дека во 90% од општините се извршени темелни проверки во училиштата и градинките како и на сите објекти од јавен карактер и исто така посочи дека училиштата и градинките се исправни и безбедни.

„Во најголем дел од општините над 90% темелни проверки се извршени, многу беше важно за мене како претседател на ЗЕЛС но и за останатите колеги најпрво да ја смириме нацијата, од аспект што родителите треба да знаат дека децата им одат во исправни училишта, да знаат дека најмладите во градинките се безбедни, затоа првата фаза во којашто влеговме темелно да ја испитаме односно проверки да извршиме беа објектите од јавен карактер којшто се надлежност од општините“, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски објасни дека за аномалиите утврдени во одредени училишта треба да постапат директорите во соработка со локалната самоуправа, со цел да бидат отстранети тие недостатоци и посочи дека од кога е градоначалник на општина Кисела Вода, секоја година се вршени инспекциски контроли.

„Ставот заеднички на сите колеги онаму кадешто се утврдени аномалиите треба да си постапат директорите на училиштата во соработка со локалната самоуправа и да бидат отстранети тие недостатоци. Проверките се одвиваат на два начини од една страна онаму кадешто има доволно служби којшто можат тие проверки да ги извршат, и извештаите се дека секаде е онака како што треба односно дека ја поседуваат потребната документација, доволни излези, ПП опрема, и сето тоа бараме да биде поткрепено со записници. Јас од кога сум градоначалник во мојата општина, секоја година иако не е облигаторно во законот се вршени инспекциски контроли и така треба да функционираат сите општини, кај нас имало одговорно постапување но има општини кадешто не секоја година се вршени контроли“, објасни Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски објасни дека на седница на Совет ќе биде предложено ставка која преку ребаланс на буџет ќе може да се субвенционираат одредени згради кои немаат хидрантска мрежа, и како резултат на оваа помош ќе има засилени казни.

„На крајот на месецов на седница на Совет јас ќе предвидам преку ребаланс на буџет ставка во којашто ќе субвенционираме, да може во оние згради каде што нема хидрантска мрежа да се постави, ќе најдеме начин да го помогнеме процесот но кога веќе ќе помогнеме во тој процес, тоа ќе значи безмилосни санкции понатаму за секој оној којшто нема да го спроведе она што треба да го спроведе“, дециден е Ѓорѓиевски.

Скопје

Ѓорѓиевски: Драчево добива модерен фитнес центар вреден над еден милион евра

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес го означи почетокот на изградбата на еден од најголемите и најсовремени фитнес и бодибилдинг центри во Македонија – „Olympia Fitness“. Новиот спортски објект ќе се гради во населбата Драчево и претставува инвестиција вредна над еден милион евра.

„Olympia Fitness“ ќе се простира на површина од 2.850 квадратни метри, нудејќи врвни услови за тренинг, фитнес, кросфит, јога, аеробик и бодибилдинг. Проектот ќе отвори и нови 20 работни места за жителите на општината.

„Ова не е само објект, туку вистинско место за промоција на здрав живот, спортски дух и личен развој. Инвестицијата покажува дека Кисела Вода станува препознатлива како стабилна и отворена средина за инвестирање“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој му се заблагодари на инвеститорот за визијата и довербата, потенцирајќи дека ваквите проекти се резултат на зголемената доверба што општината ја ужива кај бизнис-заедницата.

„Ќе продолжиме да градиме општина во која инвестициите и спортот имаат своја иднина. Работиме посветено, законски и со визија за модерна Кисела Вода“, порача градоначалникот.

Continue Reading

Скопје

Драма со „Соравиа“: Сопственикот бесен – „Нема шанси извршител да ни ја земе зградата!“

Published

on

Соравија Инвест ДООЕЛ објави дека активно ги следи сите правни лекови за да се запре најавената продажба на деловниот центар преку аукција најавена од извршител.

„Ние тврдиме дека овој процес на запленување е започнат незаконски и еднострано од повеќе доверители во наводен дослух со поранешното раководство на зградата. Според нас, оваа акција е без правна основа и е преземена без соодветна основа и без согласност на сегашните законски сопственици. Соравија Инвест ДООЕЛ одлучно ја отфрла легитимноста на овие постапки и брзо ги оспори пред судовите“,коментира сопственикот.

Од таму велат дека официјално е поднесена кривична тужба поднесена до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција и бараат да се земат во предвид околностите околу обидот за извршување.

„Прикажавме докази и наводи дека процесот на лицитација е резултат на недозволени и договарачки активности и ги повикуваме властите темелно да ја испитаат оваа работа. Соравија Инвест ДООЕЛ има целосна доверба во правниот систем и е подготвена одлучно да се бори за тоа да се погрижиме правдата да биде задоволена и да се потврди нашата сопственост на зградата. Ние ќе обезбедиме целосна соработка со истражителите и ќе продолжиме да ги користиме сите достапни правни канали за да се запре аукцијата и да ги заштитиме интересите на нашите закупци“, додаваат од таму.

На закупците им порачуваат дека договорите нема да бидат засегнати од тековниот спор. 

„Ние разбираме дека вестите за потенцијална аукција може да бидат загрижувачки, но преземаме одлучни активности за да ја одбраниме нашата позиција и уверени сме во позитивен исход“, пишува во соопштението на „Сорави“.

Continue Reading

Скопје

ГТЦ пропаѓа: Дуќани се изнајмуваат и за нула денари

Published

on

Градскиот трговски центар (ГТЦ), некогаш архитектонски и бизнис бисер на Скопје, денес ја носи титулата на едно од најзапуштените и руинирани згради во срцето на главниот град. Од една од најпосетените дестинации, овој објект стана слика на деконструкција и запоставеност. Инцидентот во кој падна дел од покривот на објектот поради дефектен климатизер, со среќа без повредени, е само последното предупредување дека ГТЦ се наоѓа на работ на целосен распад.

Во текот на денот, ГТЦ привлекува голем број на посетители, но тие се претежно ограничени на приземјето, каде што се сместени продавниците, кафулињата, рестораните и банкарските услуги. Овде фреквенцијата на луѓе е најголема, но сликата на празни излози и лошо одржувани простории во другите катови ја разоткрива реалноста на ГТЦ – зграда која не успева да привлече нови изнајмувачи или инвеститори.

„Се издава“, „Се продава“ – овие натписи се најчести на излозите на првиот и вториот спрат, каде повеќето дуќани и канцеларии одамна се затворени или се уште трагаат по нови сопственици. Притоа, цените за изнајмување и купување не се ниски, а многу од тие простории иако се во лоша состојба, се понудени по цени од 1.500 до 2.500 евра за квадратен метар.

„Дуќанот го издавам без пари, ваше е само да ги плаќате трошоците за одржување“, изјави еден од сопствениците, кој веќе две години не успева да најде купец или изнајмувач за својот простор.

Сопствениците на празните простории се соочуваат со се поголеми проблеми, но одржувањето на објектот продолжува да биде скапо и тешко. Некои од нив се одлучуваат на екстремни мерки, како што е изнајмување на просториите за „нула денари“, со што се обидуваат да ги покријат трошоците за одржување.

Во минатото, ГТЦ беше една од најголемите атракции во Скопје, но денес, по поставувањето на зелениот покрив од страна на градската власт во 2017 година, објектот продолжува да се распаѓа. Иако покривот беше замислен како јавен простор за луѓето, тој остана запоставен, а зеленилото изумре под управата на актуелната градска власт.

Сегашната судбина на ГТЦ, оваа некогашна икона на Скопје, останува неизвесна. Со заборавената архитектура, напуштените простории и континуирано слабење на инфраструктурата, ГТЦ чека својата иднина, која повеќе не е она што некои се надеваа дека ќе биде.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк