Connect with us

Република

Ќе има ли поплави? Вардар надоаѓа, Велес во тревога!

Published

on

Мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) исто така покажуваат драстичен раст. Вчера, кај Стар Мост, нивото на Вардар изнесувало 160 сантиметри, а утрово достигнало 170 сантиметри. Ова е значително покачување во споредба со минатата недела, кога нивото било само 86 сантиметри.

Вардар денеска драстично го зголеми својот водостој и предизвика поплави во Велес, потопувајќи ги двете страни од кејот и делови од Градскиот парк. Водата го зафати зеленилото и дрвјата покрај реката, а жителите со загриженост ја следат состојбата.

Според директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, надлежните веќе биле известени за опасноста од излевање на реката. Тој нагласи дека Општина Велес има обврска веднаш да реагира, да изврши теренски увид и да постави соодветни обележувања за потенцијално загрозените подрачја.

– Станува збор за урбано подрачје, каде што одговорноста за управување со реката и околината ѝ припаѓа на општината. Потребни се итни мерки за заштита – изјави Ангелов.

Според велешките кајакари, кои секојдневно се на вода, водостојот на Вардар во Градскиот парк е значително зголемен во однос на претходниот ден. Спортистот Благојче Гугинов потврди дека нивото на реката се зголемило за околу еден метар и дека реката е забележително побрза.

Мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) исто така покажуваат драстичен раст. Вчера, кај Стар Мост, нивото на Вардар изнесувало 160 сантиметри, а утрово достигнало 170 сантиметри. Ова е значително покачување во споредба со минатата недела, кога нивото било само 86 сантиметри. Сличен тренд е забележан и кај Демир Капија, каде што водостојот пораснал од 191 на 249 сантиметри за само 24 часа.

Локалните власти и надлежните институции продолжуваат да ја следат состојбата, додека жителите се повикуваат на зголемена внимателност во близина на реката.

Република

Акциски контроли – затворени популарни локали поради опасни пропусти

Published

on

policija

Четири  големи  угостителски објекти во Југоистокот од кои три во Струмица и еден во Гевгелија се затворени бидејќи не ги исполнувале условите предвидени со законот за заштита и спасување. На истите им била изречена и глоба во висина од 5000 евра.

Објектите ќе бидат затворени се до моментот додека не ги отстранат недостатоците кои биле констатирани за време на надзорот направен  од страна на инспекторите за пожар. Главната причина за затварање на објектите е немањето на техничка документација односно елаборат за заштита од пожари и експлозии и планската документација.

Инспекциските надзори биле реализирани во изминатите петанесетина дена , а предмет на проверка  поголемите објекти во регионот како што се ноќни барови, кабареа и дискотеки. Дел од објектите, претежно со капацитет од 20 до 50 лица  добиле само опомени, но и рок за отстранување на недостатоците, во спротивно и тие ќе бидат казнети и затворени.

Инспекциските надзори како вонредни така и редовни ќе продолжат и понатаму, а освен угостителските објекти паралелно ќе се контролираат градинките и училиштата, домовите за стари лица, театрите, кино салите и домовите за култура, како и сите останати објекти каде што се одржуваат масовни собири.

До кога и колку ќе траат контролите засега не е познато бидејќи еден од главните проблеми со кои се соочуваат инспекторите е слабата екипираност. Целиот Југоисточен и дел од Источниот  регион почнувајќи од Беово и Пехчево па се до Гевгелија го покриваат само двајца инспектори.

Continue Reading

Република

КЈП Нискоградба Битола: Крпење на ударните дупки во централното градско подрачје

Published

on

Денес започна нова акција за крпење на ударните дупки во централното градско подрачје на Битола.

Со оваа активност, КЈП Нискоградба Битола се стреми да ја подобри инфраструктурата и безбедноста на сообраќајот во градот, осигурувајќи поквалитетни услови за возачите и пешаците.

Работите се фокусирани на најкритичните локации каде што оштетувањата на патиштата претставуваат сериозна пречка за нормално функционирање на сообраќајот.

Акцијата ќе продолжи во наредниот период, со цел целосно решавање на проблемот со оштетените делови од патиштата во градот.

Continue Reading

Република

БИТОЛА ИЗРАБОТУВА СТУДИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ЛЕТЕН И ЗИМСКИ ТУРИЗАМ ВО ПЕЛИСТЕРСКИОТ РЕГИОН

Published

on

Во салата на Советот на општина битола, денеска се одржа првата презентација на Студија за зимски и летен туризам што ја прави Општина Битола во соработка со експерти за туризам. На средбата беа присутни сите засегнати страни кои истовремено ги дадоа своите размислувања и предлози пред нејзиното финализирање. Во фокусот е Пелистер.

Финансирана од Општина Битола со одлука на Советот за туризам, а во согласност со Програмата за туризам на општина Битола, во тек е изработка на Студија за развој на летниотт и зимскиот туризам на Пелистер. На средбата присуствуваа и директорот на Националниот парк „Пелистер“ , професори од факултетот за туризам при УКЛО, советници и љубители на Пелистер.

Зошто се прави оваа студија?

„Потенцијалите кои ги има Пелистер се огромни, добро познати на сите, но сите ќе се согласиме дека се недоволно искористени. Се тоа што го нуди оваа студија во секој случај е да придонесе првин да ги согледаме потенцијалите кои ги имаме , се тоа што постои на терен што го знаеме но и тоа за кое не сме ниту свесни дека постои, да ги сублимираме и искуствата – европски , светски во овој дел на туризмот и да направиме една сеопфатна студија која ќе ги укаже потенцијалите имајќи предвид, како што реков, еколошкиот пристап во делот на развојот на туризмот, развојот на заедницата , локалниот економски развој што е многи важно, еден од двигателите на економскиот развој е потенцијалите што ги нуди туризмот и, што е тоа што сите заедно треба да направиме конечно да го добиеме тоа што Пелистер го нуди, а тоа значи дека зборуванм за регионот, Пелистер е сепак Битола и Преспа. “- рече градоначалникот Тони Коњановски.

Замислено беше оваа прва сесија да даде дополнителни одговори и начини како да заживее студијата од која натаму ќе произлезат развојна стратегија и програми. Проф. Д-р Сашо Коруновски информираше до каде е изработката.

„Студијата користи еден инклузивен пристап, ние првин кабинетски подготвивме некои материјали, потоа испративме анкетни прашалници, имаме спроведено и интервјуа и, сите тие мислења на крајот ќе ги собереме, ќе дадеме мислење. Клучниот елемент на таа Студија е препораки што и како треба да се направи за Пелистер а и Битола да имаат успешен туризам. Студијата е алактка , таа е патоказот како да се тргне напред. Ние ќе се трудиме да најдеме еден заеднички именител од сите овие овде и вклучувајќи не нас, кој е патот за успехот. Како Пелистер да биде нешто со што ќе се гордееме и по кое ќе не препознаваат во меѓународни рамки.“ – рече непосредно пред презентацијата на досегашната работа проф. Д-р Сашо Коруновски, професор на Факултетот за туризам на УКЛО, еден од изработувачите на Студијата.

Кога се зборува за развој на туризмот на Пелистер мора да се разбере од аспект на целиот регион, вели Иванчо Тошевски, директор на НП „Пелистер“.

„Нашите предлози како јавна установа Национален парк, бидејќи примарно нашата цел е мониторинг, заштита и конзервација на видовите, тоа е заштита на природата. Сепак, тука сме блиску во размислувањата со професорите дека треба да се водиме исклучиво во разој на еко, актгивниот туризам, искуствениот туризам, авантуристичкиот туризам, затоа што станува збор за туризам кадешто примарниот влог не е висок, од друга страна ја чуваме природата, а треата најважната работа е што целата инвестиција е брзо повратна и за Општина Битола и за државата, значи бенефитот е нешто што најбрзо ќе го видат граѓаните без да правиме некое големо сквернавење на природата. “ – вели Тошевски.

Денеска тој го претстави и планот за работа во текот на годината.  Менаџмент планот за оваа година предвидува мапирање и изградба на патишта  во согласност со зонираната површина во Националниот парк – зона на строга заштита, активна зона, одржлива зона. Еко, алтернативен, авантуристички и искуствен туризам се потребни за ефикасен развој на туризмот кај нас, вели тој.

„Воспоставување на систем на планински патеки значи пред се маркација на терен, одржување и уредување на постоечките патеки, дефинирање кои се природните видиковци, воспоставување на инфраструктура на планински патеки од типот на вештачќки засолништа-видиковци, летниковци, нормално таму каде што дозволува теренот и тоа без што неможе да се замисли функционирањето на планинските патеки е целосна GPS маркација на патеките со достапни GPX  датотека, сето тоа ќе си биде достапно на дел од интернет страницата па секој посетител ќе може да симне GPX датотека за патеката којашто ќе сака да ја изоди.“

Општината и градоначалникот оваа студија ќе ја имаат на увид веќе на почетокот на месец мај кога сите заинтересирани ќе ја имаат за анализа.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк