Селата Држилово и Патишка, кои се наоѓаат во општина Сопиште, претрпеа значителни штети од надојдените води на Патишка Река. Како резултат на поплавите, двата населени места беа целосно отсечени од градот повеќе од 24 часа, а жителите останаа без електрична енергија.
Жителите изразуваат загриженост за евентуални нови врнежи и бараат итна интервенција за трајно решавање на проблемите со реката, која и во минатото предизвикувала слични поплави.

