Connect with us

Магазин

Има 55 години, но затегнато и витко тело: Фитнес инфлуенсерката вели дека консумира по 15 јајца на ден (ФОТО)

Published

on

Андреа Саншајн (55) е фитнес инфлуенсерка која го освојува светот со својата фигура и необичната исхрана. Таа секој ден јаде 15 јајца, кои ги нарекува најдобар природен протеин за совршена форма!

Андреа е позната на социјалните мрежи по своите фитнес совети и интригантниот љубовен живот. Таа открила необичен трик кој и помага да ја одржи завидната форма – јаде дури 5.400 јајца годишно!

Оваа 55-годишна жена од Лондон, баба на двајца внуци, признава дека носи варени јајца дури и на состаноци.

На моите дејтови момците се смеат, но разбираат, повеќето од нив доаѓаат од светот на фитнесот – изјавила таа.

Андреа секојдневно јаде 15 јајца, што е 450 месечно, и вели дека тоа е клучно за нејзиното витко тело.

Тврди дека има такво тело благодарение на јајцата.

Никогаш не се откажувам од рутината, дури и кога сум надвор од куќата. Јајцата ги носам во контејнер или кеса каде и да одам – додала таа.

Нејзината фасцинација со јајцата започнала во текот на менопаузата, кога и помогнале во решавањето на проблемите со надуеност и киселини во стомакот.

Јајцата се поевтини од месото и имаат безброј начини на подготовка, никогаш не ми досадуваат – вели Андреа.

Андреа тврди дека немала непријатности, како што е лош мирис на здивот или гасови. Таа тајната ја гледа во чистата исхрана, хидратацијата и пробиотиците.

Покрај осумчасовните тренинзи и други ритуали, како што е јога, Андреа истакнува дека јајцата и помагаат да го одржи младешкиот изглед. Троловите често ја нарекуваат премногу мускулеста, но таа останува доследна на својот начин на живот, привлекувајќи мажи на сите возрасти – дури и оние што се двапати помлади од неа.

Магазин

Најважната работа која треба да ја знаете доколку имате висок крвен притисок

Published

on

Истражување спроведено од канадски научници покажува дека луѓето со висок крвен притисок треба да консумираат повеќе храна богата со калиум – како банани и брокула.

Според професорката Анита Лејтон од Универзитетот во Ватерло, токму зголемувањето на внесот на калиум може да има поголемо позитивно влијание врз крвниот притисок отколку само намалувањето на солта во исхраната.

Бананите, кои се меѓу најпопуларните овошја во светот, не само што даваат енергија и помагаат против мамурлак, туку и се одличен извор на калиум – клучен минерал за регулирање на притисокот, особено кај луѓето со хипертензија.

Главната авторка на трудот, Мелиса Стад, објаснува дека нашите тела еволуирале за да функционираат најдобро со исхрана богата со калиум и ниска со натриум, каква што била во праисторијата.

Денес, со западната исхрана преполна со сол и преработена храна, оваа рамнотежа е нарушена, што придонесува за висок притисок, дијабетес и срцеви заболувања.

Истражувачите предупредуваат дека хипертензијата е во пораст на глобално ниво – ја имаат околу 30% од возрасните, а со тоа се зголемуваат и ризиците од мозочен удар и заболувања на бубрезите. Причините ги гледаат во стареењето на населението, сè поседечкиот начин на живот и зголемената популарност на нездрава, западна исхрана.

Continue Reading

Магазин

Спасен, Мето и Престиж Бенд концертот во Сиднеј ќе го донираат за настраданите во Кочани

Published

on

Македонскиот најпопуларен пејач Спасен Сиљаноски кој со својот бенд Престиж и пејачот Методија Столески се на турнеа во Австралија истакнаа посебна вест во пресрет на нивниот концерт во Сиднеј.

Имено како што истакна Сиљаноски на својот фејсбук профил, собраните средства од концертот закажан до последно место за оваа Велигденска сабота ќе бидат донирани за семејствата од настраданите во страшната несреќа во кочанската дискотека.

Почит и респект за естрадните уметници, организацијата и сите чинители, пример кој сите треба да го следат.

Continue Reading

Магазин

Мистериозни пораки на потсвеста: Што значат седумте најчести соништа кои ги сонуваме?

Published

on

Соништата се прозорец кон нашата потсвест – скриен јазик низ кој умот ни испраќа сигнали за нашите најдлабоки стравови, желби и внатрешни конфликти. Иако не постои едно универзално толкување за секое сонување, одредени мотиви често се повторуваат и носат специфични значења.

Во продолжение, ви ги претставуваме седумте најчести соништа и можните пораки што стојат зад нив.

1. Паѓање во бездна – чувство на загубена контрола

Сонот за паѓање во понор најчесто симболизира дека губите контрола над одреден аспект од вашиот живот. Може да биде знак за несигурност, стрес или страв од неуспех – како на работа, така и во љубовниот или личниот развој.

2. Летање – стремеж кон слобода

Ако летате во сонот и чувствувате задоволство, тоа може да укажува на чувство на самодоверба и успех. Летањето често симболизира ослободување од ограничувања и постигнување цели. Ако, пак, имате тешкотии при летањето, тоа може да значи дека некои пречки ве спречуваат во реалниот живот.

3. Испаѓање на заби – симбол на несигурност

Овој непријатен сон често се поврзува со страв од губење – било да се однесува на самодовербата, младоста, моќта или важни релации. Може да биде и знак на анксиозност или чувство на немоќ.

4. Бегање – избегнување на проблеми

Ако во сонот некој ве брка, тоа обично значи дека во реалниот живот бегате од проблем кој не сакате да го решите. Време е да се запрашате што – или кој – ве спречува, и како можете храбро да се соочите со тоа.

5. Доцнење – страв од пропуштени шанси

Сонување дека доцните на лет, испит или важен состанок, може да ја одразува вашата преоптовареност и стрес. Овие соништа често кријат страв дека нема да ги исполните туѓите (или своите) очекувања.

6. Голотија во јавност – чувство на изложеност

Ако се сонувате како сте голи пред други, тоа може да укажува на срам, несигурност или страв од осуда. Овој тип соништа често се јавува кога се чувствувате ранливи во некоја реална ситуација.

7. Изгубеност – потрага по вистинскиот пат

Кога се сонувате како сте изгубени, тоа може да одразува ваша внатрешна збунетост и несигурност во врска со животните избори. Често се појавува во моменти кога сте пред важна одлука и не знаете кој пат да го изберете.

Иако секое сонување има индивидуално значење, овие мотиви можат да бидат важен показател за тоа што вашата потсвест се обидува да ви соопшти. Вреди да се запрашате – што точно се крие зад вашите ноќни слики?

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк