Connect with us

Црна Хроника

Охриѓанец вперил пиштол кон роднина, барал да го вработи и да му го препише возилото

Published

on

Приведен охриѓанец поради изнуда и противправно лишување од слобода.

На 01.04.2025 полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.И. од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од страна на маж од Охрид, заради постоење сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ (чл. 140 ст.1 од КЗ) и „изнуда“ (чл.258, ст.1 од КЗ).

Според пријавителот, инаку во роднинска врска со пријавениот, на 31.03. 2025 околу 21 часот А.И. дошол во домот на пријавителот и со пиштол, под закана го држел и физички го нападнал, барајќи од него да му препише во сопственост патничко возило и да добие вработување во фирмата на пријавителот. При тоа, консумирал и бела прашкаста материја.

Откако пријавителот ветил дека ќе ги исполни барањата на А.И., заедно се упатиле кон фирмата на пријавителот, при што тој успеал да побегне и случајот го пријавил во полиција.

А.И. е лишен од слобода, а бил извршен и претрес во стан и други простории кои тој ги користи, при што се пронајдени пиштол, кеси со семки од канабис, остатоци од канабис, една дробилка. предмети со остатоци од бела прашкаста материја и друго.

По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Црна Хроника

Полицијата уапси малолетник на Јордан Златаноски во Тетово

Published

on

tetovo

Вчера во 21.50 часот, полициски скужбеници од СВР Тетово на улицата „Јордан Златаноски“ лишиле од слобода 14 годишен малолетник од Тетово, кај кого при преглед му била пронајдена и одземена марихуана.

Тој е задржан во полициска станица и предаден на инспектор по малолетничка деликвенција, а за настанот бил известен и јавен обвинител, соопштија од МВР.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Continue Reading

Скопје

Филмски грабеж во Скопје: Разбојник под закана со пиштол украл милион

Published

on

– На 11.04.2025 година во 06.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на подрачјето на Чаир, едно машко лице со закана со пиштол кон вработено лице одзело 1.460.856,00 денари, стои во денешениот полициски билтен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Скопје

Скопје: Тинејџер се здоби со кривична пријава по инцидент во Градски парк

Published

on

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.П.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „организирање на отпор“. На 22.03.2025 во Градскиот парк, полициски службеници го затекнале пријавениот, кој во денови на жалост од звучник пуштал гласна музика.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк