Connect with us

Македонија

Сиљановска-Давкова: Децата со аутизам не се деца со маана!

На Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, оствари средба со родители од Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“.

Родителите ја споделија својата загриженост за недостигот на лични асистенти, поради што најголемиот товар во грижата за децата паѓа врз нив. Многу од нив се принудени да се откажат од работата за да можат да им обезбедат соодветна нега и поддршка. Дополнителен предизвик е стигматизацијата со која се соочуваат нивните деца, како и недостатокот на емпатија во општеството.

„На тие деца им е потребно да учествуваат во социјалниот живот, а не да бидат оставени на маргините на општеството. Убедена сум дека секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса“, порача претседателката.

Таа нагласи дека инклузивноста треба да се гради уште од најрана возраст, почнувајќи од градинките, каде што децата ќе учат да ги прифаќаат своите врсници кои се поразлични од нив.

„Децата со аутизам се само поразлични, не се деца со маана“, истакна Сиљановска-Давкова, повикувајќи на поголема поддршка за нив и нивните семејства.

Advertisement

Македонија

Ледени утра ни претстојат: Температурите паѓаат до -8 степени

Македонија денеска е под влијание на влажен бран со облачно време и повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од петок се очекува стабилизирање на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во почетокот на следната недела утрата ќе бидат ведри, но многу студени, со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.

Најниските утрински температури се предвидуваат во недела и понеделник, кога на места ќе достигнат и до -8 степени. Дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст, достигнувајќи до 10 степени.

Continue Reading

Македонија

Тошковски сооошти дали ќе има толеранцијата на камерите „Сејф Сити“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за „Топ Тема“ на Телма изјави дека камерите од системот „Сејф Сити“ ќе имаат исти отстапки како што се применуваат кај полициските радари.

Според министерот, за брзини до 100 км/ч ќе важи толеранција од 6 км/ч, за брзини над 100 км/ч – 8 км/ч, а за брзини над 200 км/ч – 12 км/ч.

Тошковски нагласи дека овие толеранции се однесуваат само на сообраќајни прекршоци, додека во случаи на кривични дела поврзани со сообраќајот, толеранција нема да се применува.

Continue Reading

Македонија

Сали и Хоџа нови министри: ВЛЕН најавува засилени реформи и европски курс

Со изборот на Беким Сали за прв вицепремиер и министер за европски прашања и Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање, коалицијата ВЛЕН јасно го поставува правецот на своето делување – кон реформи, кон Европа и кон држава што работи во интерес на граѓаните.

Именувањето на Беким Сали претставува потврда за политички профил со интегритет, искуство и визија. Како пратеник, Сали важеше за еден од најактивните и најконструктивните гласови во Собранието, со иницирање и поддршка на конкретни законски решенија во интерес на граѓаните и унапредување на институционалните стандарди. Во новата улога како прв вицепремиер и министер за европски прашања, тој ја презема одговорноста за една од стратешките определби на ВЛЕН и на Владата – европскиот пат на државата. Со лидерство, професионалност и решителност, Сали ќе работи на интензивирање на реформите и враќање на довербата дека европската интеграција е реален, мерлив и неповратен процес.

Подеднакво значајно е и именувањето на Мухамет Хоџа на чело на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во период кога заштитата на животната средина, уредувањето на урбаниот простор и одржливиот развој се меѓу клучните предизвици, овој ресор бара сериозна работа, стручност и храбри одлуки. Од ВЛЕН истакнуваат дека веруваат оти Хоџа ќе го води секторот одговорно, ставајќи го јавниот интерес пред секоја друга сметка и носејќи политики што ќе ја заштитат животната средина, ќе го уредат просторот и ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Според ВЛЕН, овие именувања јасно покажуваат дека коалицијата промовира кадри кои работат, а не само зборуваат, кои спроведуваат реформи, а не импровизираат, и кои државата ја гледаат како сервис за граѓаните, а не како партиска сопственост. Со Беким Сали и Мухамет Хоџа на овие клучни позиции, Владата добива нова енергија, јасна европска ориентација и капацитет за конкретни резултати.

Во соопштението, ВЛЕН повторува дека останува посветена на длабоки реформи, европска интеграција и градење институции кои работат со чесност, транспарентност и одговорност.

На крај, од коалицијата изразуваат почит и благодарност до досегашните министри Орхан Муртезани и Изет Меџити за нивниот значаен придонес, одговорното раководење и коректната соработка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг