Connect with us

Свет

Украинскиот претседател испрати драматична порака: Зеленски бара итно решавање на овој специфичен проблем

Published

on

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, повика на глобален одговор по синоќешниот напад на Русија со беспилотни летала на неговата земја.

Во директна порака до западните сојузници, Зеленски изјави дека е потребен „нов и почувствителен притисок“ на Москва за да се стави крај на војната.

„САД и европските земји не смеат да чекаат до 11 април, кога ќе помине месец дена откако Русија го одби американскиот предлог за прекин на огнот“, додаде Зеленски.

„Оваа систематска и постојана природа на руските нападите јасно покажува дека Москва ги презира дипломатските напори“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс (X).

„Путин не сака дури ни делумен прекин на огнот. Не треба да чекаме до 11 април, кога ќе помине месец дена откако Русија рече ‘не’ на американскиот предлог за прекин на огнот. Мора да се дејствува што е можно побрзо“, истакна украинскиот претседател.

Тој додаде дека официјалниот Киев е подготвен да работи со партнерите од САД и Европа на постигнување на „достоинствен и траен мир“.

Од друга страна, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Украина во последните 24 часа два пати ги нападнала руските енергетски постројки, и покрај договорот со посредство на САД.

Според изјавите на Министерството, Украина извршила напади со беспилотни летала и артилерија на објекти во руската област Курск.

Како што јавуваат РИА новости, ова довело до прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Свет

Трамп најави војна? Оваа држава ќе го предводи нападот доколку не биде прифатен ултиматумот

Published

on

Трамп: Израел ќе биде на чело на можен воен напад врз Иран ако не се запре нуклеарната програма.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Израел ќе биде предводник во можен воен напад врз Иран, доколку Техеран не ја прекине својата нуклеарна програма.

Оваа изјава доаѓа непосредно пред најавените разговори помеѓу претставници на САД и Иран, кои треба да се одржат за време на викендот во Оман, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.

Трамп претходно оваа недела најави дека разговорите ќе бидат „директни“, додека иранската страна ги нарече „индиректни преговори со САД“.

Според извештајот на АП, САД сè повеќе се загрижени за напредокот на Иран во развојот на функционално нуклеарно оружје.

Да потсетиме, во 2015 година Иран и светските сили постигнаа сеопфатен нуклеарен договор, со кој Иран се согласи да го ограничи збогатувањето на ураниум во замена за олеснување на економските санкции.

Сепак, во 2018 година, Трамп еднострано ги повлече САД од договорот, нарекувајќи го „најлошиот договор во историјата“.

Continue Reading

Свет

[ВИДЕО] Зеленски објави снимка од испитувањето на кинеските воени заробеници

Published

on

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својата Фејсбук-страница објави видео од испрашување на двајца кинески државјани кои, според него, се бореле на страната на руските сили против Украина.

Зеленски истакна дека украинската Служба за безбедност (СБУ) веќе работи на утврдување на околностите под кои кинеските граѓани се нашле во редовите на руската армија.

„Засега имаме прецизни податоци за над 150 кинески државјани кои учествувале во војната против Украина како дел од руските сили“, изјави тој.

Претседателот додаде дека украинските војници неодамна заробиле двајца кинески борци на фронтот во правец на Доњецк.

Погледнете го видеото:

Continue Reading

Свет

Водечки германски историчар со вознемирувачко предупредување: Ова може да е последното мирно лето во Европа

Published

on

Сонке Најцел, еден од најпознатите германски воени историчари, неодамна изрази загриженост дека летото што доаѓа би можело да биде последното мирно лето во Европа. Според него, рускиот претседател Владимир Путин би можел наскоро да го стави Западот на голем тест.

Во интервју за Дојче веле, Најцел изјави дека станува збор за најлошото сценарио. „Никој не може да ја предвиди иднината. Никој навистина не знае што сака Путин“, рече тој, додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп работи на негативен мировен договор во Украина, што му овозможува на Путин да преземе други мерки.

Најцел смета дека НАТО, особено Германија, мора да ја забрза подготовката на својата одбрана, бидејќи Путин нема да чека алијансата да се зајакне пред да нападне некоја од нејзините членки. „Не сме во војна, но сме во некаква меѓусостојба. Треба да се подготвиме“, изјави тој.

Според него, Путин има стратегија, а неговата цел не е само Донбас, туку и судир со Западот. Најцел смета дека улогата на германскиот Бундесвер во НАТО треба да биде копнена, бидејќи Германија е традиционална копнена сила.

„Модернизацијата на армијата заостанува, а бирократијата ја кочи“, истакна историчарот, додавајќи дека Западот многу се потпирал на САД во прашањата за безбедноста.

Според Најцел, најлошото сценарио е војна со Русија, но и дека најдобрата опција е мир во Украина и вооружување на Европјаните. Тој предупредува дека Путин може дополнително да го тестира Западот со хибридни напади, како уништување на подводни кабли или политичка субверзија.

„Доколку руски бригади преминат во Естонија, ќе треба да бидеме многу јасни – ова е линија која не смее да се премине“, заклучува Најцел.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк