Connect with us

Република

Ќе има ли поплави? Вардар надоаѓа, Велес во тревога!

Published

on

Мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) исто така покажуваат драстичен раст. Вчера, кај Стар Мост, нивото на Вардар изнесувало 160 сантиметри, а утрово достигнало 170 сантиметри. Ова е значително покачување во споредба со минатата недела, кога нивото било само 86 сантиметри.

Вардар денеска драстично го зголеми својот водостој и предизвика поплави во Велес, потопувајќи ги двете страни од кејот и делови од Градскиот парк. Водата го зафати зеленилото и дрвјата покрај реката, а жителите со загриженост ја следат состојбата.

Според директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, надлежните веќе биле известени за опасноста од излевање на реката. Тој нагласи дека Општина Велес има обврска веднаш да реагира, да изврши теренски увид и да постави соодветни обележувања за потенцијално загрозените подрачја.

– Станува збор за урбано подрачје, каде што одговорноста за управување со реката и околината ѝ припаѓа на општината. Потребни се итни мерки за заштита – изјави Ангелов.

Според велешките кајакари, кои секојдневно се на вода, водостојот на Вардар во Градскиот парк е значително зголемен во однос на претходниот ден. Спортистот Благојче Гугинов потврди дека нивото на реката се зголемило за околу еден метар и дека реката е забележително побрза.

Мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) исто така покажуваат драстичен раст. Вчера, кај Стар Мост, нивото на Вардар изнесувало 160 сантиметри, а утрово достигнало 170 сантиметри. Ова е значително покачување во споредба со минатата недела, кога нивото било само 86 сантиметри. Сличен тренд е забележан и кај Демир Капија, каде што водостојот пораснал од 191 на 249 сантиметри за само 24 часа.

Локалните власти и надлежните институции продолжуваат да ја следат состојбата, додека жителите се повикуваат на зголемена внимателност во близина на реката.

Република

(Видео) Сообраќајка на завеаниот превој „Стража“

Published

on

Сообраќајна несреќа се случи попладнево на планинскиот превој „Стража“ откако се судрија два автомобили.

Поради врнежите од снег, патниот правец е завеан а сообраќајот се одвива по зимски услови.

Поради снегот и сообраќајката има застој на овој фрекветнен пат.

Видеото може да го погледнете тука

Извор: 24инфо

Continue Reading

Република

Меџити: Инвестираме во модерна инфраструктура за иднината на Тетово

Published

on

Денес во Тетово беше завршена една од најзначајните инвестиции за урбаната иднина на градот – првата фаза од булеварот „Видое Смилески Бато“. На овој настан, кој го симболизира напредокот и визијата за модерно Тетово, присуствуваа првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, премиерот Христијан Мицкоски и министрите Љуљзим Дурмиши, Беким Перински и Фатмир Лимани.

Проектот, кој се реализира со ефикасност и визија од страна на Општина Тетово под раководство на градоначалникот Билал Касами, претставува крупен чекор напред во урбаното развивање на градот. Булеварот значајно ќе го олесни сообраќајот, ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните и ќе придонесе кон естетски и функционален урбан изглед кој ги одразува највисоките европски стандарди.

„Овој проект е јасен доказ дека за првпат, со оваа влада, се прават големи инвестиции низ целата земја. Министерството за животна средина директно придонесе во овој процес, како дел од нашата визија за конкретен, правичен и долгорочен развој“, изјави министерот Меџити.

Изградбата на булеварот „Видое Смилески Бато“ не само што е значаен сообраќаен проект, туку и симбол на новиот пристап кон урбаното планирање – пристап кој става акцент на инфраструктурата, животната средина и квалитетот на секојдневниот живот на граѓаните.

Continue Reading

Република

Мицкоски во посета на Тетово

Published

on

Денеска премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, изврши увид во градежните активности на проектот „Изградба на булевар Видое Смилески Бато – I фаза“, на потегот од Фуштанска до село Порој, во Општина Тетово.

Станува збор за капитален инфраструктурен зафат кој опфаќа изградба на коловоз, разделен појас, тротоари, како и комплетна подземна инсталација, фекална и атмосферска канализација, водовод и електрика. Булеварот ќе биде долг 1.783 метри, а со првата фаза веќе се реализираат 650 метри.

„Ова е уште еден чекор кон модерна, безбедна и урбано уредена општина Тетово. Владата се грижи за граѓаните преку реализација на капитални проекти кои значат подобар живот, побезбедна инфраструктура и подобри услови за сите“, изјави премиерот Мицкоски.

Со овој проект, Тетово добива современа сообраќајна артерија која ќе придонесе за подобар проток на сообраќајот, зголемена безбедност и поквалитетен урбан живот за граѓаните.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк