Connect with us

Македонија

Ѓорѓиевски: Потребно е уредување на коритото на Маркова Река, координирано ќе делуваме за превенција од елементарни непогоди

Published

on

Претседателот на ЗЕЛС истакна дека доколку градот Скопје нема волја да си ја врши работата, тој како градоначалник и Општина Кисела Вода би ја презеле ингеренцијата за чистење на коритото на Маркова Река, во интерес на граѓаните.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното гостување во дневникот на МТВ, посочи дека ситуацијата со Маркова Река е стабилизирана и дека е во постојана комуникација со колегата од Студеничани Азем Садику, но и со градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, истакнувајќи дека најголемите штети биле во општина Студеничани, а во Кисела Вода, штети имаат само неколку компании и доколку се утврди дека има потреба од помош, тие секако би ја добиле.

Запрашан за одржувањето на каналите и речните корита тој нагласи дека во Општина Кисела Вода се врши редовно чистење на каналите што не беше случај со Маркова река за што постои и допис од градот Скопје чија надлежност е оваа позиција.

-Каналите во Општина Кисела Вода се одржуваат, но за Маркова Река надлежни се Градот Скопје и во дел, Министерството за животна средина. На наше барање за чистење на коритото на оваа река, како не би дошло до катастрофална ситуација, добивме одговор од Градот дека немаат предвидено средства за оваа намена, за што имаме и документ. Потоа на наша иницијатива побаравме од Министерството за животна средина согласност за интервентно чистење на критичните точки, и истата ја добивме и благодарение на нејзината реализација беше спречена уште поголема катастрофа, изјави Ѓорѓиевски.

Претседателот на ЗЕЛС истакна дека доколку градот Скопје нема волја да си ја врши работата, тој како градоначалник и Општина Кисела Вода би ја презеле ингеренцијата за чистење на коритото на Маркова Река, во интерес на граѓаните и потенцираше дека градската администрација треба поголемо внимание да обрнува и на други точки меѓу кои е и проверката на мостот на влезот на Драчево.

Ѓорѓиевски истакна дека утре на состанок на Управниот Одбор на ЗЕЛС, каде ќе присуствува и министерот Панче Тошковски, ќе се договара стратегија за координирана активност на општините за превенција од елементарни непогоди.

-Верувам дека поголемиот број од општините ги извршуваат своите задолженија за чистење на атмосферските канали и преземаат превентивни чекори за спречување на други непогоди, но во текот на утрешниот ден подетално ќе се договориме за начинот на функционирање за да не не’ изненадуваат слични ситуации како поплави или шумски пожари кои се чести во летниот период, изјави Ѓорѓиевски.

Тој потенцираше дека контролите во училиштата, градинките и во другите јавни објекти како и инспекциските надзори во станбените згради и угостителските објекти ќе продолжат со засилена динамика, се додека не се исполнат со закон зацртаните безбедносни стандарди, кои се во интерес на сите наши граѓани.

Извор: Курир.мк

Македонија

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Published

on

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Наскоро, како што најави Мицкоски, со конкретната примена на одлуката за без визното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство.

– Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина, напиша премиерот Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

Притвор и мерки за претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија

Published

on

Основниот кривичен суд Скопје определи мерки притвор, куќен притвор и мерки за претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија, соопштија денеска од Кривичен.

По вчерашното постапување на судии на претходна постапка по предлогот на јавниот обвинител, на девет лица им е определена мерка притвор во траење од 30 дена, за петмина куќен притвор, додека за други девет мерки на претпазливост.

Во текот на вчерашниот ден, судии на претходна постапка постапија по предлогот на јавниот обвинител за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост, по што на девет лица им е определена мерка притвор во траење од 30 дена, за петмина куќен притвор, додека за други девет мерки на претпазливост.

Continue Reading

Македонија

Денеска се враќаат уште пет пациенти од лекување од Србија, во странство остануваат хоспитализирани 33 пациенти

Published

on

Во текот на утрешниот ден се очекува враќање на уште еден пациент од Белгија, кој ќе биде сместен под лекарска опсервација на Клиниката за пластична хирургија, информира Министерството за здравство.

Денеска во земјава се враќаат уште петмина од повредените во трагедијата во Кочани, кои досега беа на лекување во Србија. Согласно утврдениот протокол, тројца од нив ќе бидат згрижени на Клиниката за пластична хирургија, еден пациент ќе продолжи со лекување на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, додека еден по сопствен избор ќе се лекува во приватната здравствена установа „Жан Митрев“.

Во моментов, во земјава активен болнички третман примаат тројца пациенти – еден во „Св. Наум Охридски“ и двајца во приватната болница „Систина“.

Од Министерството потенцираат дека внимателно ја следат здравствената состојба на сите повредени со цел обезбедување навремен, квалитетен третман и понатамошна рехабилитација.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк