Connect with us

Република

Илиевски: Спортот е клучен за развојот на младите

Published

on

Градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски, им предаде донација од спортска опрема – топки за различни спортови – на основните училишта во општината.

Со оваа донација, учениците ќе имаат можност да се натпреваруваат и да уживаат во спортови како фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и други дисциплини, при што ќе добијат подобри услови за спортски активности.

„Нашата цел е да им овозможиме на младите да ги развиваат своите спортски вештини и да се насочат кон здрави навики, што за нас како општина е од особено значење,“ изјави Илиевски.

Оваа иницијатива е дел од заложбите на општина Брвеница за поддршка на спортот и физичката активност кај младите.

Република

Утре Тетово и околината без струја поради планирани прекини

Published

on

На 10 април 2025 година (четврток), повеќе населени места во Тетово и околината ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини за технички зафати од страна на електродистрибуцијата.

Според најавата, без струја ќе бидат:

• делови од село Слатино од 09:00 до 14:00 часот, особено објектите во близина на џамијата кон село Лешок,

• делови од град Тетово, објектите кај „Ледер“ во населба Вонвардарска, од 09:00 до 14:30 часот (два наврати наведени),

• дел од село Долно Палчиште од 09:00 до 14:30 часот,

• објектот на Бесо Интерком во село Сиричино од 11:00 до 12:30 часот.

Граѓаните се советуваат навреме да се подготват за прекинот и да ги завршат потребните обврски пред најавеното исклучување на струјата.

Continue Reading

Република

Степановски: Лажни информации за трошоците на „Комуналец Битола“, бројките се погрешно претставени

Published

on

Директорот на битолски „Комуналец“, Горан Степановски денеска преку прес конференција зборуваше за кажаното на вчерашната седница на Советот на Општина Битола, а што било грешно и како што вели, страшно манипулативно.

“Лажните заштитници на бездомните животни и состојбите во ЈП, на вчерашната седница претставуваа грешни бројки и страшно манипулираат. Во врска со изнесените информации, сакаме изворно да ја информираме јавноста со вистински аргументи, а не извртени и нецелосни информации.

Да започнеме со Хачико. За храна за кучиња досега се потрошени помалку од 100.000 денари , а не 3.600.000 колку што изнесува вредноста на рамковната спогодба.

За ветеринарни услуги со 5 економски оператори се искористени околу 1.000.000 до 31.12.2024 година, а не 3.600.000 денари.

За четки за 4 возила – метларки се потрошени 240.000 а не 700.000 денари. Уште една лажна информација.

За резервни делови по сите основи потрошени се 8.000.000 денари, а не над 20.000.000денари.

За паркот од над 55 тешки и лесни возила потрошени се за масла и мазива, антифриз 1.500.000, а не 15.000.000 денари.

Бројките се тие, ако тешко Ви е да разберете – сигурни сме дека граѓаните добро знаат да проценат“ рече Степановски.

Continue Reading

Република

Коњановски: Општина Битола ќе субвенционира хидрантска мрежа во зградите за поголема безбедност

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски соопшти дека Општија Битола ќе субвенционире дел од средствата за хидрантска мрежа во зградите.

„Имено, при вонредните контроли, податоците од станбените сервиси, покажаа дека од 590 згради:

– Згради со хидрантска мрежа се вкупно 347, од кои 22 поседуваат и ПП апарати

– Згради без хидрантска мрежа се вкупно 243 и истите не поседуваат ниту ПП апарати.

Затоа, на седницата за ребаланс на Буџетот ќе предложам точка на дневен ред со која ќе предвидиме субвенционирање на дел од средствата за хидрантската мрежа во зградите. На овој начин, сакам да им помогнеме на граѓаните во побрзо решавање на овој проблем и зголемување на нивната безбедност.

Исто така, сакам да известам дека нашите служби се постојано на терен и вршат контрола за состојбата на сите објекти под надлежност на локалната самоуправа. Контролите спроведени во училиштата и детските градинки, покажуваат дека овие институции функционираат како безбедни средини. Истите се опремени со противпожарни апарати, како и обучени вработени, додека хидрантски мрежи, има секаде каде што може истите да се инсталираат.

За исправноста на ПП апаратите или хидрантската мрежа надлежни се лиценцирани фирми кои ги одржуваат, а секаде каде што ќе се појави потреба од дополнување на опремата, истото ќе биде направено по изготвувањето на финалните извештаи во координација со сите надлежни институции, најдоцна до средината на овој месец, за што ќе бидат изготвени и детални извештаи, кои ќе бидат доставени и како одговор на доставените барања за пристап до информации од јавен карактер и јавно објавени на веб страната.

Исто така, детално ќе бидат објавени и информациите за контролите на угостителските објекти, за што замолувам за трпение, за да може службите успешно да си ја завршат работата“ рече Коњановски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк