Connect with us

Економија

Македонија наплаќала 65% царина, Трамп возврати со 33%

Published

on

САД донесоа одлука за воведување царина од 33% на увозот на производи од Македонија, како одговор на, како што е наведено во списокот претставен во Белата куќа, „високите давачки“ што Македонија ги применува за американските производи. Според американските власти, македонските царини за увоз на стоки од САД достигнуваат 65%.

Според податоците за ланската трговска размена, Македонија извезла производи во вредност од 118 милиони долари во САД, а најголем дел од извозот го сочинуваат тутунот, облеката, железото и челикот. Во исто време, увозот на американски производи изнесувал 196 милиони долари, при што главно се работи за електрични машини и опрема.

Економија

Азиските берзи пораснаа откако Трамп најави дека ќе ги коригира царините за увоз на автомобили

Published

on

На азиските берзи денеска цените на акциите пораснаа бидејќи инвеститорите беа охрабрени од пораката на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да ги коригира царините за увоз на автомобили.

Азиско-пацифичкиот индекс на акциите MSCI во 7 часот порасна за 0,4 отсто, зајакнувајќи втор ден по ред. Утрово јапонскиот индекс Никеи зајакна за 1,1 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,2 и 1 отсто. Во Шангај, пак, тие благо паднаа. Меѓу најголемите добитници утрово беа акциите на производителите на автомобили, бидејќи Трамп вчера рече дека може да ги прилагоди царините од 25 отсто за увоз на автомобили и автоделови од Канада, Мексико и други делови од светот.

Пазарите се поддржани и од вчерашниот пораст на берзанските индекси на Волстрит, откако Трамп привремено ги ослободи паметните телефони, компјутерите и некои други технолошки производи од царини за увоз од Кина. Индексот Доу Џоунс зајакна 0,78 отсто, додека СиП 500 порасна за 0,79 отсто, а Насдак индексот за 0,64 отсто.

Сепак, неизвесноста околу тарифите ги држи инвеститорите претпазливи. Дотолку повеќе што продолжува царинската војна меѓу САД и Кина, што ќе им наштети на двете економии. Прашање е само до кој степен. „Периодот на несигурност продолжува. Во ова опкружување, потрошувачите, извршните директори и инвеститорите тешко можат да планираат долгорочно“, вели Џед Елербрук, портфолио менаџер во Argent Capital Advisors.

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест главни светски валути, утринава се движи околу 99,65 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 99,70 поени. Курсот на американската валута во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 143,00 на 143,05 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото падна на 1,1355 долари, додека вчера во ова време беше 1,1375 долари. Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,31 отсто, на 65,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,39 отсто, на 61,75 долари.

Continue Reading

Економија

Енергетскиот сектор чекори кон ЕУ: Предлог-законот за енергетика усвоен во прво читање

Published

on

Собраниската Комисија за европски прашања го прифати Предлогот на новиот Закон за енергетика во прво читање, со што започнува важен процес на усогласување на македонското законодавство со европската регулатива во областа на енергетиката.

Пред Комисијата, законското решение го образложи заменик-министерот Мирослав Лабудовиќ, истакнувајќи дека неговото донесување претставува суштински чекор во модернизацијата, либерализацијата и зголемувањето на одржливоста на енергетскиот сектор во земјата.

Како што посочи, транспонирањето на директивите и регулативите од европскиот пакет за „чиста енергија“ ќе овозможи неколку клучни придобивки:

  • Либерален, транспарентен и конкурентен пазар за електрична енергија, кој значи поголем избор, поквалитетни услуги и пофер цени за потрошувачите;
  • Можност за промена на снабдувач без административни или финансиски пречки;
  • Воведување паметни броила и подобра информираност на потрошувачите;
  • Поддршка за нови концепти како потрошувачки-производители, енергетски заедници и активно управување со побарувачката.

Овој процес претставува дел од пошироките реформски приоритети на државата – зајакнување на институциите, енергетска безбедност, зелена транзиција, социјална праведност и подготовка за членство во Европската Унија.

-Станува збор за обемен закон, целосно усогласен со европските норми. Транспонирањето на Четвртиот енергетски пакет носи повеќе бенефити. За стопанството тоа значи поголема конкурентност на пазарот, пониски цени на електричната енергија преку зголемена пазарна ликвидност и пристап до нови извори на снабдување. За граѓаните, ова значи поголема заштита на потрошувачите, можност за пофлексибилни тарифни модели и поголема транспарентност на пазарот. Дополнително, отвора простор за повеќе инвестиции во капацитети за складирање енергија, што е клучно за стабилноста на системот со оглед на растот на обновливите извори, вели министерката Сања Божиновска.

Законот е во целосна согласност со Зелената агенда за Западен Балкан и европскиот Зелен договор, а со неговото усвојување Македонија ќе се приклучи на пазарот на електрична енергија на ЕУ и пазарот „ден однапред“. Според проценките, успешно спроведување на овие чекори може да донесе финансиски бенефити од 6,4 до 8,5 милиони евра

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини особено ја нагласува и важноста од преносот на МЕПСО под своја надлежност, со цел поефикасно и стручнo управување со клучната инфраструктура за пренос на електрична енергија.

Министерството останува посветено на градењето на сигурен, ефикасен и модерен енергетски систем, во корист на сите граѓани и во целосна согласност со европските стандарди.

Continue Reading

Економија

Маркетите и аптеките од петок со обврска да ги објавуваат цените онлајн

Published

on

market

Од петок, сите маркети, аптеки и продавници за техника и мебел ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на официјална веб-страница. 

Објави на социјални мрежи нема да се сметаат за исполнување на обврската.

Обврската не важи за микротрговците со до 10 вработени и приход под 50.000 евра годишно. Според новите измени во Законот за заштита на потрошувачите, цените ќе се ажурираат дневно, а непочитување ќе се санкционира од Државниот пазарен инспекторат.

Целта е зголемена транспарентност, полесно споредување и стабилизирање на пазарот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк