Connect with us

Свет

МАКРОН: Kризен состанок во Елисејската палата со претставници од погодените бизниси во Франција од тарифите на Трамп

Published

on

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе одржи средба во Елисејската палата со претставници на сите економски сектори погодени од новите американски царини.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави воведување на основна царинска стапка од 10 отсто за сите увозни производи, со дополнителна стапка од 20 проценти за Европската Унија. Ова отвори нова трговска војна, со потенцијално сериозни последици за глобалната економија, инфлацијата и економскиот раст.

Француските производители на вино и жестоки пијалаци веќе предупредија дека нивниот извоз во САД ќе се намали за најмалку 20 отсто, откако новите тарифи беа објавени.

Макрон ќе се обиде да утврди заеднички пристап кон ситуацијата и можни одговори за заштита на европските компании од овие мерки.

Свет

Еве каде во Европа се појавил опасниот сој на мајмунски сипаници

Published

on

Нов сој на мајмунски сипаници се шири во Европа – што знаеме досега?

Повеќето европски случаи на мајмунски сипаници се регистрирани кај лица кои патувале во делови од Африка каде што вирусот моментално предизвикува епидемија.

Што е ново со Clade I?

Велика Британија неодамна потврди нов случај на зараза со новиот сој на мајмунски сипаници, со што стана најновата европска земја која пријавила инфекција, пренесува Euronews.

Сојот, познат како Clade I, се појави во Демократска Република Конго во 2023 година и оттогаш зарази илјадници луѓе низ Централна Африка. Овој тип се смета за поопасен од Clade II, кој е ендемски во Западна Африка и беше причина за глобалната епидемија во 2022 година.

Подтипот Clade Ib, кој се појави во септември 2023 во Конго, се шири низ регионот – особено во Бурунди и Уганда. Се верува дека Clade Ib полесно се пренесува и предизвикува потешки симптоми, особено кај деца.

Како се пренесува вирусот?

Мајмунските сипаници се пренесуваат преку близок физички контакт и можат да предизвикаат осип, главоболки, треска, отечени лимфни јазли и респираторни симптоми.

Светската здравствена организација (СЗО) во август 2024 година го прогласи ширењето на вирусот во Африка за глобална здравствена криза. Иако ризикот за пошироката јавност во Европа е сè уште низок, здравствените власти се на готовс.

Новиот сој досега е откриен во пет европски држави, како и во САД, Канада, Бразил, Кина, Индија, Тајланд, Оман, Пакистан, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Состојба по земји

Велика Британија

Најновиот случај потврден во април се однесува на лице кое не патувало неодамна и не било поврзано со претходни случаи. Првите случаи беа забележани во октомври 2024, кога лице се заразило при враќање од Африка и потоа ја пренело инфекцијата на три члена од домаќинството.

Британските власти набавија над 150.000 дози вакцина и отворија пунктови за вакцинација низ цела Англија.

Германија

Досега има осум пријавени случаи од Clade Ib, последниот во февруари. Првичните инфекции се поврзани со патување во зафатени региони, при што вирусот се проширил и кај членови на семејството, вклучително и деца.

Белгија

Има пет потврдени случаи. Првите беа регистрирани во декември, вклучувајќи едно дете и лице кое патувало во странство. Дополнителни случаи се пријавени во јануари и февруари 2025 година.

Франција

Во јануари, лице од регионот Бретања се заразило по контакт со две лица кои пристигнале од Централна Африка. Уште еден случај е пријавен во февруари. Властите предупредуваат дека можни се нови изолирани случаи.

Шведска

Во август 2024, Шведска стана првата земја надвор од Африка што потврди случај со новиот сој. Станува збор за лице заразено при престој во Африка. Ова е засега единствениот случај во земјата.

Ирска

Во февруари, Ирска пријави случај на Clade II – различен од Clade Ib, но сепак загрижувачки. Заразениот се вратил од ДР Конго и бил хоспитализиран во Даблин. Ризикот за јавноста е оценет како низок, пишува Н1.

Continue Reading

Свет

ЕУ на 90 дена го паузира одговорот на царините на Трамп

Published

on

Европската комисија одлучи да ги паузира контрамерките против американските царини за алуминиум и челик на 90 дена, откако американскиот претседател Доналд Трамп во средата одлучи да ја запре примената на реципрочните царини, исто така за 90 дена. 

„Додека го финализираме усвојувањето на контрамерките на ЕУ кои добија силна поддршка од земјите-членки, ќе ги ставиме во мирување 90 дена“, објави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Сакаме да им дадеме шанса на преговорите. Доколку преговорите не бидат задоволителни, нашите контрамерки ќе стапат на сила“, истакнува Фон дер Лајен. 

Таа додава дека работата на дополнителни контрамерки продолжува и дека „сите опции остануваат на маса“. 

Земјите-членки на ЕУ во средата го одобрија предлогот на Европската комисија за воведување трговски контрамерки на американските царини за алуминиум и челик.

Continue Reading

Свет

Горат социјалните мрежи во Кина: Кинезите се шегуваат, еве како ќе изгледа производството на Америка после царините [ФОТО]

Published

on

Кинезите го користат хуморот како оружје против политиката на Доналд Трамп

Една од вестите што го изненади светот дојде од глобалната политика – Доналд Трамп одлучи да воведе нови реципрочни царини. Наместо долги економски анализи, интернетот одговори на свој начин – со мемиња.

Особено се издвојуваат мемињата кои директно се потсмеваат на американската индустриска моќ и способноста за домашно производство. Кинезите со хумор ги „боцкаат“ Американците, а мемињата станаа вистински хит на социјалните мрежи.

Реакциите се поделени – дел од корисниците ги нарекуваат „boss level“ тролање, додека други не се воодушевени од креативноста и духовитоста. Најдобро е сами да ги погледнете и да процените за што станува збор.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк