Connect with us

Свет

Мистериозна зараза во Русија: Симптоми слични на ковид, но заболените искашлуваат крв?

Published

on

Во Русија избила мистериозна зараза поради која пациентите искашлуваат крв и имаат висока температура. Болеста започнува со симптоми слични на COVID, како слабост и болки во мускулите. Меѓутоа, по неколку дена болните добиваат температура од 39 степени, а потоа започнуваат да искашлуваат крв.

Во објави на руски телеграм канали, објавени се неофицијални дека случаите се пријавени во повеќе градови, но властите не потврдиле колку случаи се регистрирани. Покрај тоа, руски здравствени оофицијални лица ги негирале тврдењата за епидемија, изјавувајќи дека не постојат докази за нов или неидентификуван вирус што циркулира во земјата.

Заразените пациенти биле негативни на COVID и грип, а лекарите наводно пишувале дијагноза како „акутна инфекција на горните респираторни патишта со неодредено потекло“, пишува Daily Mail.

Жена која се претставила како Александра објавила на Телеграм дека била заразена со мистериозниот вирус.

„Во Русија се појавил непознат вирус. Заразените веќе со недели страдаат од висока температура и силно искашлување на крв, а тестовите за COVID и грип се негативни. Симптомите на болните се исти: сè започнува со вообичаени болки и слабост, но по неколку дена станува невозможно да станеш од кревет. Температурата оди до 39, а сето ова го придружува кашлицата.“

Таа додала дека по една недела и земање антибиотици, се уште кашла, а на петтиот ден забележала крв. Исто така, напишала дека лекарите ѝ рекле дека имаат многу пациенти заразени со „чуден вирус“. Меѓутоа, некои сметаат дека може да се работи за пневмонија предизвикана од микро плазма.

Свет

Пристигна одговор од Иран после изјавите на Трамп

Published

on

Иранскиот претседател Масуд Пеџешкијан изјави дека Иран не развива нуклеарна бомба, како и дека не се противи на американските инвестиции во својата економија.

Пеџешкијан ги повика американските инвеститори да вложуваат во иранската економија, посочувајќи дека тоа не е спротивно на ставот на иранскиот врховен лидер Али Хаменеи.

Иранскиот претседател не ја оспори можноста за директни американски инвестиции во Иран, ако САД и Техеран постигнат договор во врска со иранската нуклеарна програма, пренесува АП.

Пеџешкијан, кој се залагаше за приближување на Иран кон Западот во текот на својата предизборна кампања минатата година, изјави дека разговорите во сабота во Оман меѓу иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ќе бидат „индиректни“.

Трамп изјави дека разговорите ќе бидат директни преговори, што Техеран не го исклучи по првата рунда разговори.

Иран, по потпишувањето на договорот за својата нуклеарна програма со светските сили во 2015 година, забрани американските компании да влезат во земјата.

Повикот за инвестирање во Иран би можел да го заинтересира американскиот претседател Доналд Трамп, кој го повлече САД од иранскиот нуклеарен договор со светските сили за време на својот прв мандат, а сега бара нов договор со таа земја, наведува американската агенција.

Continue Reading

Свет

Трамп ги паузираше царините за сите освен за Кина

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку објави дека ги паузира царините за сите освен за Кина на 90 дена.

Тој ги зголеми царините за Кина од 104 на 125 отсто, откако Кина, како одговор на царините на Трамп за Кина, воведе нова царина од 84 отсто за американските производи.

„Врз основа на недостатокот на почит што Кина го покажа кон глобалните пазари, со ова ја зголемувам тарифата што САД ја наплаќаат од Кина на 125%, веднаш што ќе стапи на сила. Се надевам дека Кина, во одреден момент, ќе сфати дека деновите на експлоатација на Соединетите Американски Држави и другите земји се завршени и дека тоа повеќе не е одржливо или прифатливо.

Од друга страна, и врз основа на фактот дека повеќе од 75 земји ги поканија претставниците на Соединетите Држави, вклучително и Министерството за трговија, Министерството за финансии и Канцеларијата на трговскиот претставник на Соединетите држави, да преговараат за решение на прашањата што се разгледуваат поврзани со трговијата, трговските бариери, тарифите, валутната манипулација и немонетарните мерки преземени од земји против Соединетите Држави, одобрив 90-дневна ПАУЗА и значително пониска реципрочна тарифа од 10% во текот на овој период, кои исто така стапуваат во сила веднаш. Ви благодариме за вниманието по ова прашање!“ објави Трамп.

Continue Reading

Свет

Брисел возвраќа: ЕУ со противмерки на Американците

Published

on

Земјите-членки на Европската унија во средата го одобрија предлогот на Европската комисија за воведување трговски противмерки на американските царини за алуминиум и челик.

Контрамерките ќе стапат во сила по завршување на внатрешните процедури на Комисијата и објавување на актот за спроведување, а давачките ќе почнат да се наплатуваат од 15 април, соопшти Комисијата.

Од дипломатски извори се дознава дека сите земји членки гласале за, освен една – Унгарија.

„ЕУ ги смета американските царини за неоправдани и штетни, предизвикувајќи економска штета на двете страни, како и на глобалната економија. ЕУ јасно ја изрази наклонетост да се најде избалансиран и заемно корисен исход од преговорите со САД“, се вели во соопштението на Комисијата.

Комисијата додава дека овие контрамерки можат да бидат прекинати во секое време, доколку САД се согласат на фер и избалансиран исход од преговорите.

Вредноста на европскиот извоз на алуминиум и челик во САД е 26 милијарди, што по стапка од 25 отсто би требало на Американците да им донесе приход од 6,5 милијарди, под услов да се задржи истиот обем на размена.

Европскиот одговор на овие царини опфаќа стоки со малку пониска вредност, околу 22 милијарди евра. Листата вклучува земјоделски и индустриски производи како што се соја, месо, тутун, железо, челик и алуминиум. Списокот вклучува и живина, дрво, мотоцикли, некои пластични производи, шминка и електрична опрема. Бурбонот беше отстранет од списокот, по притисокот од Франција и Италија, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп се закани со царини од 200 отсто за европските вина и шампањ.

Соединетите држави на 12-ти март воведоа царини од 25 отсто за увоз на алуминиум и челик од целиот свет. Дополнително, од 3-ти април, американските тарифи од 25 отсто важат и за сите автомобили и делови за автомобили што не се произведени во САД.

Денеска стапија на сила таканаречените реципрочни царини, кои американската администрација ги воведе за околу 60 земји во различни проценти. Тие ја прекинаа Европската унија 20 отсто.

Европската комисија најави дека следната седмица ќе го објави својот план за одговор за другите два тарифни пакети – за автомобили и делови и за реципрочните тарифи. Потоа ќе следуваат консултации со земјите-членки пред Комисијата да објави конкретен предлог, за кој потоа ќе се гласа.

Денешната одлука ја донесе Комитетот за трговски бариери. Станува збор за постапка во рамките на таканатечената комитологијата, што во пракса значи дека Комисијата може да донесе одлука доколку не и се спротивстави квалификувано мнозинство (55 отсто од земјите-членки кои претставуваат најмалку 65 отсто од вкупното население на ЕУ). Во случај да нема квалификувано мнозинство ниту за ниту против предлогот, Комисијата може самостојно да донесе одлука.

Комисијата е одговорна за трговската политика на ЕУ. Бидејќи ова е акт за спроведување, Комисијата може да го донесе, но со контрола на земјите членки, што во жаргонот на ЕУ се нарекува комитологија. Оваа контрола ја вршат земјите-членки преку посебни комитети составени од претставници на владите на земјите-членки и со кои претседава претставник на Комисијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк