Connect with us

Спорт

Омерагиќ на 49. Конгрес на УЕФА, каде што лидерите на европскиот фудбал разговараа за иднината на спортот

Published

on

Белград беше домаќин на 49. Конгрес на УЕФА, каде што лидерите на европскиот фудбал разговараа за иднината на спортот и важноста на заедништвото. Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Месар Омерагиќ, го истакна значењето на фудбалот како обединувачка сила во време на глобални предизвици.

„Европскиот фудбал мора да продолжи да биде модел на единство во сè поделениот свет. Ние почитуваме, градиме, поттикнуваме, поврзуваме – тоа е нашата мисија на која сме посветени“, изјави Омерагиќ на конгресот.

Неговиот настап беше оценет како конструктивен и визионерски, а тој посочи дека ФФМ ќе продолжи да работи на подобрување на условите за фудбал во Македонија, развој на младинските категории и поддршка за женскиот фудбал.

Конгресот во Белград донесе и одлуки за иднината на европските натпреварувања, финансиската стабилност на клубовите и иницијативите за фер-плеј. Омерагиќ нагласи дека македонскиот фудбал мора да биде дел од овие позитивни промени и дека соработка со УЕФА останува приоритет.

„Секој чекор напред е можен само со тимска работа и силни вредности. Фудбалот е повеќе од игра, тој е мост што ги поврзува луѓето“, заклучи претседателот на ФФМ.

Спорт

На четири кола пред крајот Ливерпул ја освои 20-та титулата во Англија

Published

on

Фудбалерите на Ливерпул ја освоија својата 20-та титула во англискиот шампионат откако го победија Тотенхем со 5:1 на домашен терен во 34-то. коло од Премиер лигата.

Гостите од Лондон поведоа во 12. минута преку Доминик Соланке, но само четири минути подоцна Луис Дијаз израмни за тимот од „Енфилд“. Ливерпул поведе во 24. минута со голот на Алексис Мекалистер, а потоа следеа головите на Коди Гакпо во 34. минута и Мохамед Салах во 63. минута. Конечниот резултат беше поставен во 69. минута, кога автогол постигна Дестини Удоји.

На четири кола пред крајот на тековната сезона во Премиер лигата, Ливерпул има недостижни 15 бода предност во однос на второпласираниот Арсенал. Ова е прва титула за Ливерпул во Премиер лигата од 2020 година, со која се израмнија со Манчестер Јунајтед со по 20 титули, кој претходно во неделата во судиското продолжение од мечот се спаси од пораз на гостувањето кај Борнмаут.

Домашните поведоа во 23 минута кога Еванилсон луцидно го проигра Антоан Семенјо во гостинскиот шестанесетник а овој лесно го матираше Онана. Бонрамут го одржуваше водството, но во 69 минута, остана без Еванилсон, кој беше исклучен откако судијата Питер Бејнск беше повикан од ВАР-от да ја прегледа снимката, по што тој ја промени својата претходна одлука и жолтиот картон доделен поради груба игра на Бразилецот ја промени во директен црвен картон. Со играч повеќе на теренот „Црвените ѓаволи“ безуспешно насојува да дојда до брз погодок и евентуален пресврт, но успеаја да дојдат барем до бод дури во 96. минута. Во судииското продолжение кое траеше дури 11 минути, Расмус Хојлунд успеа да се снајде и да погоди за 1:1. И овој момент беше прегледуван за евентуална офсајд позиција во акцијата, но се покажа дека еден од домашните дефанзивци бил поблиску до својот голман.

Тотенхем по високиот пораз во Ливепрул остана на 37 бодови и разочарувачкото 16-то место но бодовно е безбеден и не му се заканува опасност да падне во зоната на испаѓање. Ништо не подобра и состојбата на Манчестер Јунејтед сезонава, кој сега со 39 бодови е 14-ти. Борнмаут пропушти шанса со победа да се пробие до осмата позиција на табелата и да се надева до крајот на првенството да избори место во Европа следната сезона. Сега со 50 бодови е десетти на табелата, седум бодови помалку од позицијата којашто веројатно ќе обезбеди пласман во Конференциската лига.

Continue Reading

Спорт

Галевски е јунакот на Алкалоид: „Шпага“ за спас, па одбрана на три пенали! (ВИДЕО)

Published

on

Алкалоид обезбеди место во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ со победа по изведување на пенали над Рунар Сандефјорд од Норвешка. Македонскиот тим загуби со пет гола на гостувањето (29-34), но заради победата од пет гола во Скопје, мечот го решија седмерци.

Херој на македонскиот клуб е Иван Галевски. Голманот прво пред крајот одбрани шут за плус шест на Норвежаните со „шпага“. А, потоа, следеше шоу во пенал-серијата и три одбранети удари од седум метри.

Алкалоид во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ ќе игра против АЕК Атина од Грција. Ќе се игра дома-гости, а кој ќе биде домаќин на првата средба, ќе се утврди со ждрепка.

Извор: Гол.мк

Continue Reading

Спорт

ФФМ: Ќе ја истераме борбата за чист фудбал до крај, Воска и Гостивар ќе си ја добијат заслужената казна!

Published

on

На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар. 

ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот.

Наместо спортски да се борат до последниот свиреж, ФК Гостивар реши да избега од реалноста и вината за својата очајна постапка да ја префрли врз судиите. 

Вистината е документирана: во официјалниот записник е наведено дека уште предвреме претставник на ФК Гостивар ги известил судиите дека екипата ќе се повлече доколку резултатот не биде во нивна корист.

Овој чин е смислен и намерен обид на одредени поединци кои поради финансиски побуди и неисполнети очекувања, избираат на најгруб начин да ја манипулираат јавноста и да ја деградираат фудбалската сцена.

Очигледно е дека последните одлуки на Управниот одбор на ФФМ во кои јасно беше најавено расчистување со криминалот и корупцијата во македонскиот фудбал се директна причина за оваа срамна постапка.

Тие кои со години беа навикнати на привилегии, денес, кога владеат правилниците, транспарентноста и фер-плејот, не можат да функционираат во регуларен систем.

И покрај оваа неодговорна и кукавичка постапка, ја уверуваме јавноста дека регуларноста на Прва МФЛ нема да биде нарушена. Првенството ќе продолжи по правилата и прописите од натпреварувањето.

Криминалните структури и нечистотијата во фудбалот ќе бидат целосно исчистени. 

Фудбалската федерација на Македонија нема да дозволи уцени и притисоци.

Напротив – ФФМ ќе излезе уште посилна од овие координирани подземни постапки што интензивно се случуваат во последните денови.

Воска и Гостивар нема да бидат тие што ќе го валкаат македонскиот фудбал. Тие не го создале овој фудбал за да имаат право да го уништуваат. Секако, ќе завршат таму каде што навистина заслужуваат. 

Нашата борба за чист фудбал нема враќање назад. Одиме до крај за регуларен, чесен и достоинствен македонски фудбал!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк