Connect with us

Магазин

Ова привлекува богатство: Ставете ја оваа билка во паричникот, и тој никогаш нема да биде празен

Оваа билка отсекогаш била поврзана со богатство и љубов.

Ова прекрасна и ароматична билка можеби веќе расте во вашата кујна или на терасата. Позната е по своите бројни придобивки, но и како билка која привлекува пари во вашиот паричник. Отсекогаш постоело верување дека розмаринот е чудесна билка и вистинска амајлија која носи среќа, штити од негативни енергии и привлекува богатство. Розмаринот бил одгледуван уште во 9. век во кралскиот градинарски простор на Карло Велики, кој верувал во неговите магични својства.

Значи – оваа билка може да донесе пари во вашиот паричник!

Обидете се да ставите гранче розмарин во вашиот паричник. Можеби звучи чудно, но многумина веруваат дека овој мал гест може да направи голема финансиска разлика. А доколку сте скептични, зошто да не пробате? Што има да изгубите? Можеби следниот пат кога ќе одите на пазар ќе забележите дека вашиот паричник никогаш не е празен. И ако не поради розмарин, тогаш поради вашата одлука да верувате во моќта на природата и малку магија.

Розмаринот е зимзелена, жбунеста билка која потекнува од Средоземното подрачје. Неговите гранки се украсени со нежни цветови во различни бои, од бледо сина до скоро бела. Розмаринот е богат со есенцијално масло, чии состојки можат да варираат во зависност од местото на одгледување, сезоната и почвата. Како медитеранска билка, му е потребно многу сонце и топлина за оптимален развој.

Интересно е што розмаринот отсекогаш бил поврзан со љубовта. Во стара Грција се верувало дека неговиот мирис го ослободува духот, дозволувајќи љубовта да го исполни телото. Розмаринот традиционално бил посветен на Афродита, божицата на љубовта. Покрај тоа, розмаринот за Римјаните бил симбол на регенерација, стабилност и подмладување.

Advertisement

Магазин

Galaxy A серија – телефоните што ги разбираат младите како совршен подарок за празниците

Новогодишните празници се време кога бараме подароци што имаат вистинска вредност – практични, модерни и создадени да траат. Токму тука настапува Samsung Galaxy A серијата, линија на паметни телефони што совршено ги разбираат младите, односно оние кои го преземаат светот – генерацијата З. Создадени за „зумерите“ кои живеат дигитално, креативно и брзо, серијата нуди уреди како Galaxy A26, A36 или A56 кои се идеален празничен подарок што носи технологија, стил и паметни функции по попристапна цена.

Паметна технологија за секојдневие

Новите генерации очекуваат телефон што размислува заедно со нив. Со Awesome Intelligence, Galaxy A серијата користи вештачка интелигенција за да се приспособи на навиките на корисникот – од подобри фотографии, до побрза и пофлуидна работа со апликации. Без разлика дали се работи за учење, работа, креативно создавање или забава, Galaxy A е подготвен за сè.

Камери за моменти што заслужуваат да се споделат

Празниците се создадени за спомени, а Galaxy A серијата знае колку се важни тие моменти. Со напредни камери и AI поддршка, фотографиите и видеата изгледаат одлично во секоја ситуација – од семејни прослави до спонтани моменти со пријателите. Ноќните фотографии, видеата и селфијата се јасни, живописни и подготвени за социјалните мрежи.

Стил, сигурност и достапност

Минималистичкиот дизајн, големите и живописни екрани и сигурната заштита со Samsung Knox ја прават Galaxy A серијата практичен и стилски избор. А најдоброто? Сето ова доаѓа по цена што е прифатлива за поширок круг корисници – совршено за празнично дарување без компромиси. И исто толку важно – серијата Galaxy А обезбедува 6 години ажурирања на оперативниот систем за долгорочна употреба и квалитет. А ако сакате да ги проверите или испробате функциите на Galaxy уред, тука е апликацијата Try Galaxy, која можете да ја преземете на вашиот постоечки телефон.

Оваа Нова година, подарете технологија што навистина значи нешто. Galaxy A серијата не е само телефон – тоа е подарок што ја разбира новата генерација и ги следи во секој чекор од нивната дигитална авантура.

Continue Reading

Магазин

Овие земји се светските шампиони во математика

matematika

Математиката одамна не е само училишен предмет – таа е тивката сила што ги движи модерните економии. Од технолошки иновации до анализа на податоци и продуктивност, земјите што инвестираат во силни математички вештини кај младите си обезбедуваат чекор предност во глобалната трка.

Најновите податоци од ПИСА 2022, истражувањето на ОЕЦД што ги оценува 15–16-годишните ученици, јасно ја покажуваат оваа нееднаквост. ПИСА не го мери само знаењето „на памет“, туку способноста математиката да се примени во реални, секојдневни ситуации – клучна вештина за 21 век. Резултатите се движат од под 400 до над 600 поени, додека просекот на ОЕЦД изнесува 472.

Источна Азија уште еднаш го потврдува својот статус на глобален лидер. Сингапур е убедливо на врвот со импресивни 575 поени, далеку над меѓународниот просек. Веднаш зад него се Макао, Тајван, Хонгконг, Јапонија и Јужна Кореја – земји кои со децении градат системи со строги наставни програми, високи очекувања и силна култура на академска дисциплина.

Европа не заостанува драматично, но ретко стигнува до самиот врв. Естонија се истакнува како европски шампион, а по неа следат Швајцарија и Холандија. Ирска, Белгија, Данска и Полска се движат околу или малку над границата од 500 поени – резултати што укажуваат на стабилни, но не и доминантни образовни системи.

Забележливо е отсуството на земји од Африка, Блискиот Исток и Латинска Америка на оваа листа. Тоа не е случајност, туку сигнал за длабоки и долготрајни нееднаквости во пристапот до квалитетно образование. Додека едни региони ја градат иднината врз силна математичка писменост, други сè уште се борат да го фатат чекорот.

ПИСА 2022 уште еднаш испраќа јасна порака: инвестицијата во математиката не е трошок, туку стратегија за економска и општествена иднина. Земјите што тоа го разбираат – веќе ги гледаат резултатите.

Continue Reading

Магазин

„Лица“ – уметничка изложба на Ангел Коруновски за човекот во глобализираниот свет

Во изложбениот простор „Мала станица“ во Скопје, на 24.12.2025 во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Лица“ на ликовниот уметник Ангел Коруновски. Станува збор за серија дела што се фокусираат на човекот како поединец во современиот, глобализиран и често корумпиран општествен контекст.


Циклусот „Лица“ е инспириран од оние кои најчесто остануваат невидливи – анонимните, занемарените и замолчените луѓе што се движат низ бучавата на модерниот свет. Преку комбинација на колаж, гест, акција и апстракција, Коруновски создава визуелни прикази на човечко присуство кое опстојува под површината на секојдневните информации и медиумскиот шум.


Делата се изработени од слоеви искинати весници, симболи на масовните медиуми и глобалниот проток на вести, кои уметникот ги трансформира во лични и интимни приказни. Ознаките, дамките и експресивните потези функционираат како траги од емоции, отпор и преживување во системи што постојано ја потиснуваат индивидуалноста.
Прикажаните лица се фрагментирани, нецелосни и делумно замаглени – како одраз на борбата за видливост во свет што ја вреднува потрошувачката и конформизмот. Преку оваа тензија меѓу препознавањето и исчезнувањето, изложбата го отвора прашањето за идентитетот и човечноста во време кога тие сè почесто се условени од моќ, економија и спектакл.


„Лица“ претставува уметнички чин на емпатија и тивок бунт – визуелно сведоштво за луѓето кои се обидуваат да го зачуваат своето достоинство и човечност среде корупција и општествен хаос. Изложбата потсетува дека зад секоја вест и секој глобален наратив стои вистински човек и вистинска, често невидлива приказна.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг