Connect with us

Македонија

Сиљановска-Давкова: Благодарност до бугарските лекари, состојбата на повредените македонски граѓани е стабилна

Published

on

goga

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ја посети болницата „Пирогов“ во Софија, каде што се лекуваат македонските граѓани повредени во трагичниот пожар во Кочани.

Во разговор со бугарскиот министер за здравство, проф. д-р Силви Кирилов, заменик-директорот на болницата, проф. д-р Николај Габровски, и раководителката на Одделот за изгореници и пластична хирургија, доц. д-р Маја Аргирова, претседателката беше информирана дека здравствената состојба на осумтемина пациенти е стабилна и дека нивниот опоравок бележи напредок под надзор на врвни медицински експерти.

„Во присуство на лекар Македонец, имав можност подолго да разговарам со најблиските роднини на повредените. Тие најпофално се изразија за посветеноста на болничкиот персонал и со радост ја истакнаа видливата подобреност на состојбата на нивните најмили,“ изјави Сиљановска-Давкова.

Таа исто така се сретна со бугарските медицински тимови кои учествуваа во укажувањето на итна помош, изразувајќи им искрена благодарност за нивната професионалност, пожртвуваност и човечност.

„Нивната благородна мисија е вистинско олицетворение на медицинската етика, солидарноста и хуманоста – вредности што ќе останат темел на заемната почит и искреното пријателство меѓу двата блиски народа, македонскиот и бугарскиот,“ истакна претседателката.

Посетата на Сиљановска-Давкова доаѓа во знак на поддршка за повредените и нивните семејства, како и во потврда на блиската соработка меѓу двете земји во областа на здравството и хуманитарната помош.

Македонија

Необично пријателство во Гевгелија: Штркот Мишко е маалско милениче, а неговиот најдобар другар е кучето Мицка

Published

on

Најубавото нешто кое ќе го видите денес!

Во Гевгелија, постои штрк кој стана маалско милениче, штрк кој успеал да се зближи со луѓето, но и животните од едно маало во Гевгелија. Мишко го знаат сите, и млади и стари, кои со нетрпение очекуваат Мишко да се појави во нивниот двор.

“Мишко и Мицка живеат заедно под ист покрив. Секој ден го делат просторот, сонцето и љубовта што ја добиваат од тетка Ленче. Таа се грижи за нив, а таа љубов тие ја чувствуваат. Наместо страв или борба, меѓу нив се роди пријателство.

Кога човекот го сака животот, љубовта се шири – дури и меѓу најнеочекуваните пријатели. ❤️”, стои во објавата на страницата Гевгелизам.

Continue Reading

Македонија

Села без одговор дали ќе остане во Европски фронт ако Тарави се приклучи

Published

on

Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците која е дел од Европскиот фронт, предводена од ДУИ, не открива дали ќе се повлече од коалицијата доколку Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари ѝ се приклучи. Села вели дека не може да се меша кој со кого ќе се среќава и разговара, но оти може да каже дали некој треба да биде дел од Фронтот.

„Има средби, а од друга страна мене лично и на Алијанса за Албанците не ни пречи, а дали треба да биде дел од Фронтот или не, е за тоа имаме право и ние да го кажеме нашиот став. Ќе имаме став откога ќе има предлог дека некој сака да се приклучи кон Европскиот фронт“, изјави Села.

Според него, нејасен е ставот на Таравари и неговото постапување.

„За жал ја имаат политиката сфатена само како пазар со чуствата на граѓаните и со интересите на граѓаните“, вели Села.

За обединување на Алијанса за Албанците и некаква соработка со крилото кое се отцепи, Села вели дека може да има само доколку Таравари си поднесе оставка. Притоа тој го повика членството од партијата на Таравари да се врати во партијата која тој ја предводи.

„Кој е ставот денеска на господинот Таравари и затоа немам ништо лично и персонално, овде се работи за човек кој те има предадено и не можеш да му веруваш, бидејќи не можам да гарантирам дека и во иднина нема да се случи тоа. Јас сум верувал, но сега не му верувам повеќе“, дециден е Села.

Continue Reading

Македонија

Исчезна 11-годишно девојче од скопска Гази Баба

Published

on

„Вчера рано наутро во 04.00 часот во Полициската станица Гази Баба, З.Р. од Скопје пријавила дека од јавната установа за згрижување на деца на ул.„Перо Наков“ се оддалечила нејзината ќерка М.Р.(11)“, соопштиј од МВР.

Како што соопштуваат од полицијата, во моментот се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк