Connect with us

Македонија

Средба на првиот заменик-претседател на Владата на РСМ, Изет Меџити, со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај – Важен чекор во зајакнувањето на односите меѓу Албанија и Северна Македонија

Published

on

Скопје, 3 април – Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, Изет Меџити, оствари значајна средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, во придружба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, и заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи.

Оваа средба, според Меџити, претставува важен чекор во зајакнувањето на односите меѓу двете земји и поттикнувањето на стратешката соработка.

За време на средбата беше дискутирано за партнерството и соработката во клучни области, како и за развојот на заедничка стратегија за справување со предизвиците и остварување на аспирациите на двете држави за интеграција во Европската Унија.

Првиот заменик-претседател на Владата, Меџити, истакна:
„Албанија и Северна Македонија чекорат рамо до рамо кон европската интеграција, споделувајќи ги истите предизвици, но и истите аспирации. Оваа средба е доказ за волјата на двете земји да ги зајакнат односите и да си помогнат една на друга во остварувањето на нашите стратешки цели. Нашите заеднички напори во борбата против корупцијата, членството во НАТО и зајакнувањето на регионалната стабилност се клучни за постигнување на безбеден и развиен регион.“

Заменик-претседателот на Владата, Меџити, исто така нагласи дека оваа средба претставува силна порака за тесна соработка и заеднички напори за зајакнување на регионалната стабилност и создавање на побезбеден и поразвиен регион, интегриран во европското семејство.

Македонија

Две докторки фатени во скандал со лажни инвалидски пензии

Published

on

Најмалку две докторки специјалисти се под сомнеж дека биле дел од организирана шема за незаконско додeлеување инвалидиски пензии.

Истрагата засега води до 50 лица вмешани во криминалот. И Министерот за здравство Арбен Таравари имал информации за нечесни доктори. Порача дека сите што се огрешиле треба да одговараат.

Continue Reading

Македонија

МЗ планира набавка на 100 амбулантски возила, ќе се распределат низ болниците во државата

Published

on

Министерството за здравство ќе набави 100 нови амбулантски возила – процедурата наскоро ќе почне

Министерството за здравство подготвува набавка на 100 модерни амбулантски возила за потребите на болниците низ целата држава. Како што изјави министерот Арбен Таравари денеска од Куманово, се очекува овој план да помине на владина седница, по што ќе почне и официјалната постапка.

Возилата ќе бидат распределени според потребите на здравствените установи, со фокус на оние болници што се соочуваат со најголем недостаток.

„Инаку од 2014-та година, за жал, не се набавени возила мислам од Министерството за здравство. Има возила коишто ги набавиле на пример, самите болници или пак донации од општествено-одговорни компании, како што денеска е случајот со ‘Балкан Груп’“, изјави Таравари.

Министерот нагласи и дека здравствениот систем се соочува со сериозен недостаток на доктори, средномедицински и технички кадар ширум државата. Сепак, како што посочи, веќе се преземаат конкретни чекори.

„Сите болници имаме недостаток на кадар, каде и да одите во Македонија – од Гевгелија до Гостивар, од Охрид до Куманово, од Велес до Штип, секаде до Кичево, секаде има недостаток на кадар. Знаете дека сме започнале, веќе 250 специјализанти се вработуваат, за средномедицинскиот кадар, тече постапката да се трансформираат работните места од договор во решенија. 1.800 вработувања за една година, никогаш не се случило во Македонија во здравствениот систем“, рече Таравари.

Continue Reading

Македонија

Полицијата во текот на вчерашниот ден напишала 865 казни, еве за што најмногу се казнувало

Published

on

Во текот на вчерашниот ден (23.04.) санкционирани 865 возачи, 128 за неносење заштитен шлем

Вчера (23.04.) во рамки на активностите на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, а во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 865 платни налози.

Според статистичката евиденција по однос на сторените прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и натаму меѓу најбројните се прекршоците на непрописно паркирање (213), потоа прекршоците по основ на движење со неприлагодена брзина од дозволената (117), како и прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола (110).

Покрај ова, вчера беа изречени и 128 прекршочни платни налози за мотоциклисти по основ на неносење заштитен шлем, потоа во четири случаи казнети се алкохолизирани возачи, седумина возачи минале на црвено светло, а прекршочни пријави заработиле и петмина пешаци.

Исто така по основ на неносење сигурносен појас изречени се 47 прекршочни казни, по основ на недозволено говорење на мобилен телефон при возење – 25.

Согласно, пак, Законот за возила од сообраќај се исклучени 33 нерегистрирано возило како и 10 технички неисправни возила.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк