Connect with us

Црна Хроника

ВИДЕО: Тешка несреќа на автопатот Скопје – Тетово

Published

on

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на автопатот Скопје – Тетово.

Полицијата е на терен и врши увид.

Според информациите на репортерот на ТВ21, едното возило е целосно уништено.

Засега нема информации за повредени лица.

Црна Хроника

Тројца гевгеличани добија кривични пријави

Published

on

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Т. (32), У.К. (24), Л.А. и В.Т. (50), сите од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 17 април во својство на водач, првопријавениот на подрачјето на Гевгелија прифатил четири лица мигранти, од кои едно дете од Кина и ги предал на второпријавениот.

Додека, третопријавената, мајка на првопријавениот, за време на извршувањето на кривичното дело по телефон им давала информации за движењето на полициските патроли.

Од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на првопријавениот и второпријавениот им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и на третопријавената мерка домашен притвор во траење од 30 дена.

Continue Reading

Црна Хроника

Почина 34 годишен прилепчанец од удар од Гром !!!

Published

on

Триесет и четиригодишен прилепчанец со иницијали А. Е. е лицето кое вчера попладне починало од удар од гром во селото Мажучиште, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тој бил пронајден кај местото Кисела Вода во атарот на селото, по што на местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт.

Continue Reading

Црна Хроника

Ќе се врши обдукција на убиениот на Бит Пазар, Обвинителството прибира снимки

Published

on

Телото на загинатиот во вчерашнатапрестрелка на Бит Пазар е предадено на обдукција, а од лице место прибрани се траги кои ќе бидат предмет на вештачење.

Основното јавно обвинителство соопшти дека извршен е увид на местото на вчерашната вооружена престрелка. 

– По наредба на јавен обвинител се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните објекти. Се издаваат сите потребни наредби и насоки за идентификација на инволвираните и целосно расчистување на настанот, велат од ОЈО. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк