Connect with us

Република

Вработување во Тетово со средно: Плата 29.000 денати плус бонуси

Published

on

Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија и ексклузивен дистрибутер на Филип Морис ТКП од 2014 година. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата. Во моментот бараме мотивирани кандидати кои би се приклучиле на тимот за продажба на IQOS™ уред од категоријата производи со намален ризик на компанијата Philip Morris International. 

Што претставува IQOS™?

IQOS™ е револуционерен производ на компанијата Philip Morris International кој, за разлика од обичните цигари кои го согоруваат тутунот, работи на принцип на загревање на тутунот. За повеќе информации за производот посетете го сајтот www.pmiscience.com/our-products/platform1.

Како IQOS™ Продажен експерт ќе бидете одговорни за:

  • Едукација на полнолетни пушачи за IQOS/LIL SOLID на продажното место; 
  • Продажба на IQOS/LIL SOLID уреди и други поврзани производи во согласност со планот за продажба;
  • Овозможување корисничка поддршка за купувачите на IQOS/LIL SOLID уредот;
  • Грижа за асортиманот и уредите на продажното место.

Доколку сте:

  • Комуникативни, убедливи и ориентирани кон потребите на потрошувачите;
  • Насочени кон остварување резултати, организирани и структурирани во работењето;
  • Ориентирани кон иновации и нови технологии;
  • Тимски ориентиран со желба за работа во динамична средина.

И поседувате:

  • Најмалку IV степен стручна подготовка (пожелно универзитетска диплома);
  • Познавање англиски јазик (основно ниво на познавање);
  • Познавање други јазици (албански, турски-пожелно но не обврзувачки);
  • Познавање MS Office (основно ниво на познавање);
  • Искуство во продажба или маркетинг (пожелно во малопродажба).

Ние ви нудиме: 

  • Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим; 
  • Нето месечна заработка од 29.300 МКД + атрактивен месечен бонус до 18.000 МКД во зависност од работниот учинок;
  • Работно време: 40 часа неделно, во смени. 

Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку полето Брза. Рок за доставување пријави e до 19.04.2025. година.

Доколку сте заинтересирани може да аплицирате тука

Република

Карапетров: Тетово доби нов камион за миење улици, започна акцијата за чистење на градот

Published

on

Советникот во општина Тетово, Ангел Карапетров, информираше дека општината набавила нов камион за миење улици, со што веќе е започната акцијата за темелно чистење на јавните површини.

„Од вчеравечер се отпочна со првата фаза – чистење и миење на просторот околу контејнерите, а потоа ќе се продолжи со сите улици низ градот“, изјави Карапетров.

Акцијата е дел од пошироките заложби на локалната самоуправа за уредување и одржување на јавната хигиена, со цел Тетово да стане почисто и попријатно место за живеење.

Карапетров нагласи дека се работи посветено и континуирано, со цел да се воспостави нов стандард во грижата за урбаната средина.

Continue Reading

Република

Коњановски: Битола со подигнат степен на подготвеност за заштита од пожари и поплави

Published

on

Кризниот штаб за заштита и спасување на општина Битола, под раководство на градоначалникот Тони Коњановски, денеска одржа седница во проширен состав, на која главен фокус беше раната превенција од пожари и поплави.

На состанокот се анализираше состојбата на Територијалната противпожарна единица – ТППЕ Битола, каде што беа утврдени потребите и евентуалните недостатоци во системот, со цел подобра реакција во случај на пожари, особено имајќи ги предвид најавите за екстремно високи температури во текот на летото. Исто така, беа идентификувани потенцијални ризични точки каде што би можело да избие пожар.

Во делот на превенцијата од поплави, од подрачната единица на Водостопанство – подружница Битолско Поле, информираа дека е исчистена каналска мрежа во должина од 17 километри на територијата на општината.

Коњановски побара сите надлежни институции и јавни претпријатија, вклучени во Кризниот штаб – меѓу кои Македонски шуми, Национален парк Пелистер, Македонија пат, Стрежево, Водовод, Комуналец, Нискоградба, ДЗС и ЦУК – да достават детални податоци за човечките и техничките капацитети со кои располагаат.

Целта е преку целосна слика за подготвеноста, податоците да се сумираат и достават до ЗЕЛС, како дел од националниот систем за координација и навремена реакција при природни непогоди.

Continue Reading

Република

Откриен голем скандал во затворот во Штип

Published

on

Затвореници во затворот во Штип со помош на затворски полицајци се снабдувале со наркотични средства, откри директорот на управата за извршување на санкции, Александар Пандов. На 22 март затворскиот полицаец М.Т незаконски дозволил влез на возило до последната капија од затворот. Од ова возило излегло лице кое фрлило топка преку ѕидот, а од внатрешноста на затворот во потрага по топката се вклучиле двајца затвореници, но и уште четворица затворски полицајци.

„Истите тие затворски полицајци, со батериски лампи и они се вклучуваат во барање на нештото по тревникот од затворот. Наредниот ден не наоѓаат што не наоѓаат, дознава и директорот на затворот…. По наредба на директорот од сабајлето повторно се бара што барале од тревникот, се пронаоѓа топка во ќеса во којашто се пронајдени 35 грама прашкаста материја бидејќи е бела најверојатно кокаин и 50 грама марихуана“, рече Александар Пандов, директор на управата за извршување санкциии.

Затворските полицајци се правдале дека тие барале загубен часовник во сопственост на затвореникот Ж.Ж, кој им кажал дека куче му го украло часовникот и ги замолил за помош.

„Објаснувањето и во нивната службена белешка е дека им било предочено дека затвореникот Ж.Ж си играл со кучката, имаат кучка Цеца таму, дека си играл со кучката Цеца, тој имал скап часовник, којшто морам да потенцирам дека го нема пријавено. Дека му го има земено кучката Цеца часовникот дека трчала низ тревникот и дека го загубила неговиот часовник и овие да му излезат во пресрет го бараат неговиот часовник“, додава Пандов.

За овој случај била формирана и дисциплинска комисија чие мнозинство не пронашло вина кај затворските полицајци, односно им верувале дека тие навистина барале загубен часовник, а не дрога. Сепак, Пандов вели дека овие затворски полицајци кои земаат плата од 57 до 67 илјади денари нема да се толерираат и дека ќе бидат санкционирани за ова дело.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк