Connect with us

Магазин

Јагуар удрен од царините – целосно стопира испораки во САД!

Published

on

Британскиот производител на луксузни автомобили Јагуар Ленд Ровер соопшти денеска дека ќе ги „паузира“ испораките за САД во април, поради „новите трговски услови“ создадени со царините воведени од Вашингтон.

„САД се важен пазар за луксузните брендови на JLR. Додека работиме на решавање на новите услови за тргување со нашите деловни партнери, ги спроведуваме нашите краткорочни активности, вклучително и пауза на испораката во април“.
Тие додаваат дека во моментот се анализираат „нашите среднорочни и долгорочни планови“. 

Магазин

Што прави ова возило низ македонските патишта?

Published

on

Јавното претпријатие за државни патишта изминативе седум дена започна Пилот проект со кој врши снимање на сообраќајната сигнализација на 750 км патишта во државата.

Имено, со специјалното возило ангажирано во рамките на адаптивното одржување на РАМС системот се собираат податоците за сигнализацијата кои се внесуваат со дигитални координати, а преку системот за фотограметрија точно се гео-референцираат. По завршување на снимањето податоците ќе се обработат и ќе бидат внесени во РАМС системот, кој ќе биде всушност катастар на сообраќајната сигнализација на државните патишта.

Овие податоци подоцна ќе бидат искористени за побрза споредба, замена и поправка на сигнализацијата која што е неопходна за безбедно и правилно водење на сообраќајот.

Снимањето ќе се врши и во наредните денови и доколку на нашите патишта сретнете невообичаено возило како на сликите во прилог бидете трпеливи и дајте му предност бидејќи работи во интерес на сите нас и на обезбедување на посигурни и побезбедни патишта.

Continue Reading

Магазин

Градоначалникот на Гоце Делчев ја запеа „Болен ми лежи млад Стојан“ со македонската група „Маестро“

Published

on

Македонската група „Маестро“ на својот концерт синоќа во бугарскиот град Гоце Делчев успеа да направи таква атмосфера што во еден момент на сцената се појави и градоначалникот Владимир Москов и ја испеаја неговата омилена песна „Болен ми лежи млад Стојан“ заедно со Кирил Митоски.

„Концертот беше неверојатен“, „Тоа беше единствено доживување, уживавме со исклучителните музичари“, „Благодариме за овој прекрасен велигденски подарок, кој ни ги стопли душите и срцата“, се дел од коментарите што ги цитира „Струма“, весник од југозападна Бугарија.

„Концертот заврши со вистинска демонстрација на виртуозноста на петтемина музичари, кои исполнија различни популарни песни во нивен аранжман. Преполната сала на Домот на културата се заблагодари со бурни аплаузи за прекрасното доживување“, се додава во написот.

Првиот човек на некогашен Неврокоп, град во Пиринска Македонија со 20 илјади жители, со години кани македонски изведувачи како чекори кон зближување на луѓето од двете страни на границата, па во декември 2023 година во Гоце Делчев одржа божикно-новогодишен концерт ансамблот за народни игри и песни на Македонија, „Танец“.

Continue Reading

Магазин

Растурам свадби за 500 евра, распродаден сум до ноември

Published

on

Тој стана тема број еден во неговиот град и вели дека на луѓето кои ја очекуваат венчавката им зборува дека тоа е „најлошиот кошмар“, наместо како најсреќниот ден во нивниот живот.

Шпанецот по име Ернесто тврди дека смислил генијален начин да заработи пари.

Тој на TikTok објави видео кое предизвика големо внимание и неверување кај корисниците, во кое детално ја објаснува својата идеја.

Имено, Ернесто тврди дека за 500 евра е подготвен да се претстави како „љубовник на младоженецот“ и на тој начин да ја откаже венчавката, односно да го спречи „несаканиот брак“.

Тој стана тема број еден во неговиот град и вели дека на луѓето кои ја очекуваат венчавката им зборува како „најлошиот кошмар“, наместо како најсреќниот ден во нивниот живот.

За основна такса од 500 евра ќе се претстави како „љубовта на животот на невестата или младоженецот“, молејќи ги да ја прекинат свадбата и да побегнат со него.

Ако се сомневате во бракот или партнерот, не сакате да се омажите, а не знаете да кажете „не“ – не грижете се. Ќе ја откажам свадбата наместо вас“, вели Ернесто.

Тој додава дека му треба времето, местото и датумот кога ќе се договара венчавката, а за останатото ќе се погрижи сам, пренесува Oddity Central.

Ернесто целата приказна ја започнал на шега, но наводно бил преплавен со барања од заинтересираните луѓе. Тој тврди дека наплатува 500 евра, во кои не се вклучени патните трошоци и доплата за „неочекувани инциденти“.

На пример, ако некој му удри шамар или го удри, ќе бара повеќе пари. Секоја шлаканица чини 50 евра!

„Се обидувам да се сокријам, но свесен сум дека кога ме удираат, добивам повеќе плата. Значи, ако можам да одам побавно, одам побавно. Така заработувам“, објаснил тој, пренесува Телеграф.

Човекот тврди дека бизнисот му цвета и дека е „распродаден до 2 ноември“.

Фото: Принтскрин/ Тик ток
Извор: Kuri.rs

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк