Connect with us

Економија

Голем собир на Binance во Скопје: Бројот на корисници во Македонија за една година пораснал за 40 отсто

Published

on

 Во Македонија бројот на корисници на водечката светска платформа за размена на криптовалути Binance е за 40 отсто повисок во споредба со 2023 година, а околу 11 проценти од македонската популација се корисници на крипто валути. 

Ова беше соопштено вчера во Скопје, во преполната сала на собирот за вмрежување што го организираше Binance, каде што присуствуваа повеќе од 400 луѓе заинтересирани да се сретнат со претставниците на Binance, да научат нешто повеќе за криптовалутите, да ги истражат најновите трендови во индустријата и да разговараат за иднината на дигиталните средства. 

„Успехот на Binance не беше ништо помалку од магија. Нашиот екосистем расте и горди сме што сме ја имаме довербата од корисници низ целата планета. Воедно, сметам дека е извонредно тоа што македонските граѓани одлично го разбираат криптото, особено ако се спореди со одредени држави од регионот“, изјави Сандро Слукан, маркетинг лидер во Binance.

Полина Бротиер, маркетинг менаџер во Binance, пред присутните го претстави eкосистемот на платформата за тргување, a акцент беше ставен и на тоа дека нивни топ приоритети се безбедноста и транспарентноста.

„Постојано организираме тренинзи, а фокусирани сме и на донаторски проекти, како на пример за поплавите во Босна и Херцеговина, за Украина беа изработени специјални крипто картички од Binance, помагавме и кога се случуваа поплавите во Италија. Освен што помагаме на многу луѓе во многу држави, се фокусираме и на едукативниот дел, преку формирање на Академијата Binance, која овозможува бесплатна и локална едукација за блокчејн технологијата. Таму се објавени 800 написи на 31 јазик, а корисниците имаат пристап и до бесплатни видео курсеви “, изјави Бротиер. 

На големиот собир беше претставена и Angels програмата, каде што можеа да се слушнат и сведоштва од корисници во однос на вмрежувањето, организирањето тренинзи, настани и вебинари кои овозможуваат корисниците да го продлабочат своето знаење за берзата за размена на криптовалути. 

Стотиците учесници на собирот воедно имаа можност да учествуваат во наградна игра и да го тестираат своето знаење за Binance, како и можност да разговaраат со претставниците на најголемата платформа за тргување со криптовалути. 

Вчерашниот собир беше уникатна можност на едно место да се соберат крипто-ентузијастите, експертите од оваа индустрија и инвеститорите заинтересирани за дигиталните средства и за блокчејн технологијата.

Според годишниот извештај на Binance за 2024 година, платформата има над 260 милиони регистрирани корисници до крајот на годината, што ја истакнува значајната експанзија и популарност на оваа платформа во криптоиндустријата.​

Економија

Македонскиот ароматичен тутун се бара на светските пазари, има недостаток

Published

on

Незначителни и мали се штетите на леите со тутунов расад. Тутунарите кои со расадопроизводството ја почнаа новата производствена година, навреме ги заштитија од ниските температури леите со посеаниот тутунов расад, велат од Сојузот на земјоделските здруженија кои ја следат ситуацијата на теренот.

-Мали се оштетувањата на тутуновиот расад поради ниските температури. Тоа е поради фактот што нашите тутунопроизводители се добро едуцирани и добро си ги заштитија расадите. Нешто поголеми оштетувања има во реонот на Конче поради надморската височина, но се смета за незначително и нема да влијае врз очекувањата и зголеменото производство на тутун, вели Кире Ристески од Сојузот на земјоделски здруженија.

Нагласи дека за 8 до 10 проценти е зголемен интересот за тутунопроизводство.

Тутунарите ги склучија договорите со откупувачите кои понудија зголемени цени, но секој различни. Тие наскоро ги очекуваат и субвенциите за ланската реколта.

-Според неофицијалните податоци, во моментов се склучени околу 30.000 договори со откупувачите за очекуван принос од 27.000 тони тутун. Тутунот ќе се засади на површина од околу 14.000 хектари. Зголемувањето е околу 8 до 10 проценти. Интересот е поголем поради добрите цени моментално. И ланската реколта се откупи по просечна цена од речиси 400 денари, па со субвенциите кои ги очекуваме за брзо време килограм тутун е 500 денари, објасни Ристески.

Тутунопроизводството, додаде, е со иднина. Оваа култура носи девизен прилив, а македонскиот ароматичен тутун се бара на светските пазари.

-По Турција, Македонија е втора по производство на ароматичен тутун. Светските побарувања се 120 милиони тони, а има производство од 100 милиона тони ароматичен тутун, посочи Ристески.

На покана, Сојузот на земјоделските здруженија учествуваше на конференцијата на Европската асоцијација УНИТАБ која ги застапува интересите на европските тутунопроизводители. Очекува во октомври на состанокот во Неапол, Италија да стане членка на европската асоцијација.

Continue Reading

Економија

„Смедеревка“ медиуми, од Мрзенци

Published

on

Почитувани новинари и уредници, сите сте ми драги, но подрага ми е вистината. Кога споредувате номинални износи, треба тие да бидат од иста категорија. Така, во случајов, износот на минималната плата во Македонија што се користи во јавноста треба да се спореди со нето износот во соседна Бугарија, кој во моментов е 427 евра, а не 551 евро (ова е износ со вклучен персонален данок и придонеси за социјално осигурување).

Не поминаа десетина дена откако повеќето домашни медиуми наседнаа на првоаприлската шега дека, наводно, француски производители на вино од некојси газда Ѓоко од Мрзенци купувале вино од сортата „Смедеревка“, на што на францускиот пазар го продавале по 100 пати повисока цена. Фантастична маржа од 10.000%!

Никој не ја беше проверил веста што ја објави српскиот портал „Вино и Фино“ дали воопшто постои тој Ѓоко од Мрзенци, за да го искараат зошто дозволува, што би рекол претседателот Трамп, Французите да ја „соголуваат“ Македонија, слично како што се зборуваше дека во рамките на поранешната СФРЈ „паметните Словенци“ нè соголувале купувајќи евтино наше вино во цистерни, за подоцна да го продаваат по повеќекратно повисока цена во шишиња.

Или можеби помислиле дека портал чиешто име потсетува на „Храна и вино“ мора да ја зборува вистината.

Значи, по само десетина дена, повторно „самоубиство од заседа“! Цела дузина електронски портали, од кои некои имаат и печатени дневни изданија, објавија дека, ќе цитирам еден од нив: „Минималната плата во Македонија, која од март изнесува 24.379 денари или околу 396 евра, е за 155 евра пониска дури и од најниската минимална плата во Европската Унија – онаа во Бугарија, каде работниците добиваат 551 евро месечно.

Објавите се темелат на соопштение на Евростат, статистичка база на Европската Унија, за висината на минималната плата што се исплаќа во 22 од 27 земји членки на ЕУ од почетокот на 2025 година. Пет земји членки на ЕУ немаат со закон пропишана минимална плата.

Во спомнатото соопштение од само неколку страници убаво стои дека податоците се однесуваат на месечен износ на минимална БРУТО плата. Свесно или несвесно, а ова се повторува со години, при споредба на износот на минимална плата во нашата земја со други земји, износот на минимална плата во НЕТО износ се споредува со износот во БРУТО износ кај другите.

Се сеќавате дека пред неколку години истите овие медиуми се подбиваа со лапсусот на еден поранешен министер за финансии во владата на Република Македонија кој, иако статистичар по вокација, дури откако станал министер ја разбрал разликата бруто-нето, која, колку што се сеќавам, се однесуваше на прибраниот ДДВ во државната каса.

Сега е ред да појасниме за што станува збор. Прво, манипулацијата, како што реков, свесна или несвесна, сеедно, се користи за познатиот синдром „удирање од земја“ дека кај нас работите не чинат, а кај другите, особено кај соседите, тече мед и млеко.

Второ, постојано се потхранува наративот дека платите треба постојано да растат, без разлика на состојбата во економијата, продуктивноста и можностите на фирмите и на државниот буџет. Па безбели и новинарите се работници (медиумски) кои живеат од плата, па ако му се помогне на ССМ во борбата за повисоки плати, корист би имале и тие самите.

Почитувани новинари и уредници, сите сте ми драги, но подрага ми е вистината. Кога споредувате номинални износи, треба тие да бидат од иста категорија. Така, во случајов, износот на минималната плата во Македонија што се користи во јавноста треба да се спореди со нето износот во соседна Бугарија, кој во моментов е 427 евра, а не 551 евро (ова е износ со вклучен персонален данок и придонеси за социјално осигурување).

Произлегува дека минималната плата во Бугарија во моментов е за околу триесетина евра, или за 7,8% повисока во споредба со нашата минимална плата. Минатата годинаБугарија се најде под притисок на ЕУ која со директива побара од земјите членки износот на минимална плата да го зголемат до ниво од 50% од просечната плата во односната земја.

Со најновото зголемување, износот на минималната плата во однос на просечната кај нас достигна 59% и како таков е меѓу највисоките соодноси во светот!

Понатаму, не е на одмет да се потсетиме дека Бугарија има за 50% повисок БДП по глава на жител од Македонија. Но, тоа не е сè! Евростат во соопштението за минималната плата во земјите членки укажува дека номиналните износи не се вистинско мерило за разликите во животниот стандард. Тие разлики се намалуваат доколку се води сметка за куповната моќ на парите, или она што ние економистите го нарекуваме „паритет на куповни сили“.

Ова се должи на фактот што нивото на цени во помалку развиените земји е пониско од тоа во развиените. На друго место имам спомнато, а тоа го тврдам и во оваа прилика, дека мерено според куповната моќ на парите, минималната плата во Македонија е повисока од таа во Бугарија, која во случајов ја користиме за споредба.

Не мислам дека и со оваа интервенција ќе ги убедам сите медиуми кои не ја разбрале разликата меѓу бруто и нето дека не треба да споредуваат „баби и жаби“. Но, и оваа Сизифовска работа, за разлика од најголемиот број колеги економисти, ја разбирам како професионална должност.

А на медиумите заради кои е напишан овој текст, би им порачал да не бидат ниту „смедеревка“, но ниту „жилавка“ медиуми, кои постојано ќе наседнуваат на лажни вести и жилаво ќе пласираат невистини.

Трајко Славески

Continue Reading

Економија

Неделен извештај за тргувањето на Македонската берза – 07.04.2025 – 11.04.2025

Published

on

Скопје, 11 април 2025 година – Македонската берза го заврши тргувањето за периодот од 7 април до 11 април 2025 година со вкупен промет од 177.556.131 денари, реализиран преку 685 трансакции на официјалниот и редовниот пазар.

Динамика на тргување и пазарни движења

Најголем дел од тргувањето беше концентрирано во акциите на Комерцијална банка Скопје, Алкалоид, и Макпетрол, а неделата беше обележана со повеќе блок трансакции кај Комерцијална банка.

Најтргувани акции

1. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 93.522.371 денари

2. Алкалоид АД Скопје (ALK) – 51.732.197 денари

3. Макпетрол АД Скопје (MPT) – 8.275.633 денари

Најголеми добитници на неделата

1. НЛБ Банка АД Скопје (TNB) – пораст од 4.33%, со последна цена од 58.299 денари

2. Алкалоид АД Скопје (ALK) – пораст од 4.21%, со последна цена од 27.500 денари

3. Универзална Инвестициска Банка (UIB) – пораст од 2.99%, со последна цена од 7.158 денари

Најголеми губитници на неделата

1. Макстил АД Скопје (STIL) – пад од 6.47%, со последна цена од 130 денари

2. Стопанска банка АД Скопје (STB) – пад од 3.66%, со последна цена од 2.500 денари 

3. ТТК Банка АД Скопје (TTK) – пад од 2.62%, со последна цена од 1.899 денари

Блок трансакции

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB)

○ 28.300 денари / акција – вкупно 8.857.900 денари

○ 28.800 денари / акција – вкупно 2.880.000 денари

Неделата 07.04.2025 – 11.04.2025 беше високо активна, особено кај големите банки и фармацевтскиот сектор. Најголеми добитници беа НЛБ Банка, Алкалоид и УИБ, додека Макстил и Стопанска банка Скопје беа под притисок на ценовен пад.
Овој извештај е подготвен врз основа на официјалните податоци од Македонска берза, а е изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк