Connect with us

Свет

Трамп ја одби понудата на Европа и им постави услов: Купете го ова, па ќе разговараме

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп ја одби понудата од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за договор во врска со царините.

Трамп изјави дека за да добие одложување на царините, Европската Унија треба да се согласи да купи американска енергија во вредност од 350 милијарди долари, отфрлајќи ја понудата на Брисел за „нула за нула“ царини на возила и индустриски производи.

Ова следува по понудата на Урсула фон дер Лајен, која предложи укинување на царините за автомобили и индустриски добра увезени од САД, под услов Трамп да возврати со истата мерка. На прашањето дали оваа понуда е доволна, Трамп одговори: „Не, не е“.

„Имаме дефицит со Европската Унија од 350 милијарди долари и тој брзо ќе исчезне“, изјави Трамп, додавајќи дека еден од начините да се промени тоа е ЕУ да купува енергија од САД. „Можеме да собереме 350 милијарди долари за една недела. Мораат да купат и да се обврзат дека ќе купат слична количина енергија“, истакна тој.

Оваа понуда на Фон дер Лајен дојде откако Трамп минатата недела воведе царини од 20 проценти за Европската Унија и минимален данок од 10 проценти за други трговски партнери. Како резултат на овие мерки, финансиските пазари глобално изгубија милијарди долари, а европските акции доживеаја најголем пад од почетокот на пандемијата на Ковид-19, пренесува Политико.

Трамп нагласи дека царините можат да бидат постојани или предмет на преговори, но под услов: „Ако можеме да направиме навистина фер и добар договор за САД, а не добар за другите. Сега Америка е на прво место“, рече тој. Своето објаснување го дополни со следните зборови: „Нашата земја беше најсилна од 1870 до 1913 година. Знаете ли зошто? Се беше засновано на царини. Немавме данок на приход. Тогаш, во 1913 година, некој генијалец дојде на идеја да им наплати на луѓето во нашата земја, а не на странските земји кои крадат од нашата земја“, пренесува Н1.

Свет

Руски генерал загина по експлозија на автомобил-бомба во Москва

Published

on

Убиен рускиот генерал Јарослав Москалик по експлозија на автомобил-бомба

Во експлозија што утринава одекна во градот Балашиха, во московскиот регион, животот го загуби рускиот генерал-полковник Јарослав Москалик. Веста ја потврдија официјални претставници на руските власти.

„Според првичните информации, во експлозијата загина генерал-полковникот Јарослав Москалик. Експлозијата веројатно била предизвикана од импровизирана направа наполнета со шрапнели“, изјави портпаролката на Истражниот комитет на Русија.

Полицијата отвори истрага за убиство, како и за незаконско внесување и користење на експлозивни направи.

На државните медиуми беше објавена снимка од безбедносни камери, на која се гледа моќна експлозија покрај станбена зграда, во моментот кога случаен минувач поминува покрај возилото.

Москалик, кој имаше 59 години, беше заменик-началник на Главната оперативна управа на руската армија – тело одговорно за планирање на воени операции и надгледување на борбената готовност на вооружените сили.

Според прорускиот Телеграм канал „Меш“, возилото во кое бил поставен експлозивот било препродадено трипати од почетокот на годинава, а како последен купувач е евидентиран 40-годишен маж од украинскиот град Суми.

Continue Reading

Свет

Светот во страв од нуклеарна војна, но не помеѓу САД и Русија: Можна ескалација помеѓу две нуклеарни сили?

Published

on

Напнати односи меѓу Индија и Пакистан по масакрот во Кашмир: Светот стравува од нова ескалација меѓу нуклеарни сили

Светот повторно се соочува со закана од нова воена ескалација, овојпат меѓу две нуклеарно вооружени сили – Индија и Пакистан. Напнатоста меѓу двете земји нагло порасна по бруталниот напад врз туристи во Кашмир, под индиска управа, при што животите ги загубија најмалку 26 лица.

Што се случи во Пахалгам?

Во вторникот, вооружени напаѓачи отворија оган врз туристи во планинското одморалиште Пахалгам, популарна туристичка дестинација во Кашмир. Од убиените, 25 биле индиски државјани, а едно лице било од Непал. Според сведочењата на преживеаните, напаѓачите делувале брутално и намерно таргетирале мажи, обвинувајќи ги за поддршка на индискиот премиер Нарендра Моди.

Индија обвинува, Пакистан демантира

Индиската влада веднаш го обвини Пакистан за нападот, ги намали дипломатските односи и суспендираше дел од договорот за споделување на водите меѓу двете земји. Од Исламабад остро реагираа, негирајќи било каква вмешаност и предупредија дека секој обид за пренасочување на вода кон Индија ќе се смета за „акт на војна“.

Премиерот Моди, со остра реторика, изјави дека „ќе ги гони напаѓачите до крајот на светот“, додека Обединетите нации повикаа двете страни на „максимална воздржаност“.

Долга историја на конфликти

Кашмир е регионот со најголема концентрација на воени сили во светот. Од стекнувањето независност од Велика Британија во 1947 година, Индија и Пакистан – со мнозинско хиндуистичко, односно муслиманско население – воделе три војни околу оваа територија, која обете страни ја сметаат за своја во целост.

Во 2019 година, владата на Моди ја укина автономијата на Кашмир со муслиманско мнозинство, ставајќи го под директна управа на Њу Делхи – потег што предизвика масовни протести и меѓународна загриженост.

Со оглед на актуелните тензии, светската заедница со зголемена будност ги следи случувањата, стравувајќи дека уште еден регионален конфликт може да ескалира во поширока безбедносна криза.

Continue Reading

Свет

Исповед на Македонец од Швајцарија: Швајцарија не е бајка, зимам 6.000 франци плата, еве колку ми остануваат на крајот од месецот

Published

on

„Животот во Швајцарија не е бајка“ – Македонец од Берн открива колку навистина чини секојдневието во една од најуредените земји во светот

Многумина мислат дека ако живееш во Швајцарија, животот ти е лесен. Особено кога ќе чујат дека земаш плата од 6.000 франци. Но, реалноста е поинаква. Јас сум Македонец кој веќе неколку години живее во Берн и работи како графички дизајнер. Решив конечно да раскажам колку навистина чини животот тука – зашто не е баш така едноставно како што изгледа од страна.

Платата од 6.000 франци звучи одлично – но тоа е бруто. Откако ќе се одбијат сите давачки, ми остануваат околу 4.700 франци нето.

Најголем трошок – кирија

Изнајмувањето стан во центарот на градот е прескапо, па се решив за предградие. Стан со една и пол соба ме чини 1.500 франци месечно, што значи дека ми остануваат околу 3.200 франци за останатите трошоци.

Храна, интернет, комуналии

Храната е скапа, особено ако се јаде надвор. Затоа готвам дома и купувам паметно – трошам околу 600 франци месечно за храна. Интернет и мобилен телефон ме чинат 160 франци, а за комуналии давам уште околу 450. По тие трошоци, остануваат приближно 2.000 франци.

Здравствено осигурување, лични трошоци и социјален живот

Во Швајцарија е задолжително здравственото осигурување. Моето е малку подобро од основното и ме чини 300 франци месечно. Двапати месечно одам на фризер – што е 80 франци, а за излегувања, кино или пијачка со пријатели одат уште 200 до 300 франци.

На крај на месецот, ми остануваат околу 1.300 франци, што најчесто ги штедам. Немам трошоци за автомобил, бидејќи се возам со велосипед.

Вреди – ако знаеш како да се снајдеш

И покрај сите високи трошоци, можам да кажам дека животот во Швајцарија е квалитетен. Сè е уредно, функционира според правила, има ред, законите се почитуваат – а ако го следиш системот, тешко дека ќе наидеш на проблем. И што е најважно – постои шанса за напредок, многу компании даваат и 13. плата, па со тек на време, ситуацијата може уште подобро да се среди.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк