Connect with us

Свет

Еден европски град наголемо се подготвува за руска инвазија: Ги очекуваат во секој момент, а ги дели само еден мост

Published

on

Сместен на границата со Русија, естонскиот град Нарва би можел да биде идеално место за рускиот претседател Владимир Путин ако планира инвазија.

Само еден мост го разделува овој град од Русија. Населението е поделено. Додека некои членови на руската заедница во градот се носталгични за своето советско минато, други се плашат од воените амбиции на Москва. Во очекување на можен напад, естонските цивили преминуваат на воена обука и се подготвуваат за сите можни исходи, пишува France 24.

Politico во декември минатата година пишуваше дека Нарва, град кој се наоѓа на границата со Русија, се соочува со постојани предизвици од Москва, од пречки на сателитска навигација до кражба на гранични буи, гласна пропаганда, шпионски дронови… „Не сакаме да бидеме тие кои ќе започнат Трета светска војна, но се соочуваме со постојани провокации кои можат да ја ескалираат ситуацијата“, рече главниот директор на естонската полиција, Егерт Белитшев.

Некои жители отворено ги изнесуваат своите ставови. „Живеам во Естонија, но имам руско државјанство. Пред 1991. година живеевме без граници и сите беа среќни“, рече еден човек за France 24. Дел од постарата генерација на Естонци кои зборуваат руски се сеќаваат на времето кога нивната земја била дел од советскиот блок. Иако претставуваат мала мнозинска група, Путин би можел да го искористи тоа како изговор за своите амбиции. „Може да ја искористи ситуацијата со жителите од овој регион кои зборуваат руски за свои интереси“, рече друг човек, пренесува британскиот Телеграф.

Четвртина од 1,4 милиони жители на Естонија се етнички Руси. Повеќето од нив се државјани на Естонија со длабоки врски со земјата. Меѓутоа, Кремљ вешто манипулира со етничките разлики, тврдејќи дека има посебна улога во заштитата на руската дијаспора. Овој пристап, кој беше применет во Грузија и Молдавија, исто така беше искористен како изговор за инвазијата на Украина. Стравувањата се дека Кремљ може да се обиде да го повтори истото сценарио во источна Естонија, која е богата со етнички Руси, со цел да го предизвика НАТО на глобална конфронтација. Нереагирањето на таква провокација би го довело во прашање кредибилитетот на членот 5 од НАТО, кој се однесува на колективната одбрана.

Владимир Путин дури во 2022. година, брзо по почетокот на инвазијата на Украина, наговести дека Нарва историски припаѓа на Русија. Нарва, третиот по големина град во Естонија, географски е поблиску до Санкт Петербург отколку до Талин. Од околу 56.000 жители, 96% зборуваат руски, а една третина имаат руски пасош. Белитшев, етнички естонски безбедносен службеник, го опишува Нарва како „граница на слободниот свет“ и изразува сомнеж во подготвеноста на НАТО сојузниците за можни сценарија во овој регион.

Околу 900 британски војници се распоредени во земјата како дел од мултинационалните НАТО сили на воздухопловната база Тапа западно од Талин. Франција исто така има трупи таму. Британската влада ветила дека нејзината 4-та борбена бригада ќе биде во состојба за брзо распоредување. НАТО формираше борбени групи во повеќето од своите источни земји-членки и планира да ги прошири овие групи во Летонија и Литванија.

Меѓутоа, оваа обврска во Естонија не беше преземена поради недостиг на британски војници, кои имаат на располагање само две оклопни бригади. Ако Русија нападне, малку е веројатно дека НАТО силите во Тапа, дополнети со 7.700 активни естонски војници (покачени на 43.000 во случај на војна), ќе имаат доволно воена моќ да го одбијат нападот, пишува Politico.

Покрај тоа, неодамнешната посета на белгиската делегација беше фокусирана на тоа како да се евакуираат нивните граѓани, игнорирајќи сериозна дискусија за тоа како брзо да се распоредат трупи за одбрана на балтичките земји, рече Белитшев.

„Кога ќе започне инвазијата, веќе ќе биде доцна. Мораме да се справиме со системот за рано предупредување и однапред да бидеме јасни дека ќе реагираме веднаш ако првиот човек ја премине границата“, рече естонскиот министер за одбрана Хано Певкур во Талин. Естонија ја поврати својата независност дури 1991. година, кога се распадна Советскиот Сојуз, и од тогаш се обидува да ги зајакне своите врски со ЕУ и НАТО. Опасноста од Москва беше истакната уште во 2014. година, кога естонскиот безбедносен офицер Естон Кохвер беше киднапиран и затворен од Русија. Тој беше ослободен една година подоцна во размена на заробеници.

Свет

Шпанија прогласи вонредна состојба

Published

on

Шпанија прогласи вонредна состојба по масовниот прекин на струја

Министерството за внатрешни работи на Шпанија прогласи вонредна состојба во регионите најтешко погодени од денешниот општ прекин на електричната енергија. Најсериозно се погодени Мадрид, Андалузија и Естрамадура, од каде локалните власти побараа интервенција од централната влада за одржување на јавниот ред и нормално функционирање на основните служби.

Прекинот на струјата предизвика сериозни последици – откажани се авионски летови, во голем дел од урбаните подрачја не работат семафорите, а жителите се жалат дека немаат пристап до мобилна мрежа и интернет.

Компанијата за електродистрибуција „Ред Електрика“ информираше дека до вечерва е повторно воспоставен пристап до електрична енергија во околу 20% од погодените региони. Сепак, голем дел од Шпанија и соседна Португалија и понатаму се без струја.

Иако засега нема официјално потврдена причина за колапсот на мрежата, се претпоставува дека станува збор за повеќекратни дефекти кои довеле до преоптоварување и пад на системот.

Continue Reading

Свет

Не е позната уште причината за прекинот на струја во Шпанија и во Португалија

Published

on

Уште не е познато што го предизвика големиот прекин на електрична енергија од Мадрид до Лисабон, но според претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, во овој момент нема индикации дека се работи за сајбер-напад.

Би-Би-Си напиша дека нормализирањето на мрежата во Португалија може да потрае и до една недела. Медиумот се повикува на соопштение на португалската национална електроенергетска компанија РЕН, која вели дека се работи за сложена операција и дека е потребно ребалансирање на протокот на струја на меѓународно ниво.

Португалската национална електроенергетска компанија исто така обвини дека прекините се резултат на „дефект во шпанската електрична мрежа“. Оттаму велат дека хаваријата е поради „редок атмосферски феномен“, но не појаснуваат што значи тоа, пренесува Би-Би-Си.

Претходно, шефот на шпанската електрична мрежа рече дека обновувањето на електричната енергија може да потрае меѓу шест и 10 часа.

Oд друга страна, во ажурирано соопштение, „Red Electrica“, електроенергетската компанија на Шпанија вели дека напонот е обновен во одредени трафостаници во областите на север, југ и запад од земјата.

„Продолжуваме да работиме со сите ресурси за да постигнеме што поскоро обновување на снабдувањето на целата територија“, велат од „Red Electrica“.

Во меѓувреме, властите во ЕУ се во контакт со Мадрид и со  Лиасбон и со мрежните оператори.

– Комисијата ќе продолжи да ја следи ситуацијата и ќе се погрижи да има непречена размена на информации – рече портпаролот на извршната власт на ЕУ.

Португалскиот премиер Луис Монтенегро повика на трпение додека службите за итни случаи работат на враќање на енергијата во земјата во наредните часови, според коментарите објавени од дневните весници „Публико“ и „Диарио де Нотицијас“, пренесува „Гардијан“.

Монтенегро исто како и Кошта рече дека нема индикации дека прекинот е предизвикан од сајбер-напад, но истакна дека е премногу рано да се отфрли какво било сценарио. Тој посочи и дека дефектот на мрежата „не бил предзивикан во Португалија“, при што, како што вели, земјата беше погодена поради проблемот во Шпанија.

Поради хаваријата откажан е и Мутуа Мадрид Опен (Mutua Madrid Open), еден од најпознатите и најголеми светски тениски турнири, кој се одржува секоја пролет во Мадрид. Организаторите соопштија дека се откажани и дневната и ноќната програма на настанот.

Големи региони на Иберискиот Полуостров уште се без струја. Делови од метрото во Мадрид беа евакуирани, а семафорите во градот престанаа да функционираат.

Continue Reading

Свет

Откриена причината поради која Португалија, Шпанија и делови од Франција денес останаа без струја

Published

on

Денес, голем дел од Португалија, Шпанија и делови од Франција беа погодени од масовно прекинување на електричната енергија, предизвикувајќи хаос во сообраќајот, комуникациите и секојдневниот живот на милиони граѓани.​

Причина: Ретко атмосферско појавување

Португалскиот оператор за електрична мрежа REN соопшти дека прекинот бил предизвикан од “индуцирана атмосферска варијација”, феномен кој настанал поради екстремни температурни разлики во Шпанија. Овие температурни осцилации предизвикале ненормални флуктуации во високонапонските водови, што довело до дезинхронизација на европската електрична мрежа и серија на последователни дефекти. ​

Масовни последици

Во Шпанија, прекинот резултираше со губење на повеќе од 10 гигавати потрошувачка на електрична енергија, што го направи ова едно од најголемите прекини во последните години. Системите за железнички и воздушен сообраќај беа парализирани, а во Мадрид и Лисабон беа откажани стотици летови. Сообраќајните светла престанаа да функционираат, а мобилните мрежи и банкоматите беа нефункционални. ​

Време за санација

Според REN, целосното враќање на електричната мрежа во нормала може да потрае и до една недела поради сложеноста на проблемот. Во меѓувреме, итните служби и болниците работат со резервни генератори, а властите во Португалија и Шпанија преземаат мерки за справување со ситуацијата. ​

Овој инцидент ја истакна ранливоста на современата инфраструктура и зависноста од електричната и дигиталната мрежа во секојдневниот живот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк