Карапетров: Тетово доби нов камион за миење улици, започна акцијата за чистење на градот

Советникот во општина Тетово, Ангел Карапетров, информираше дека општината набавила нов камион за миење улици, со што веќе е започната акцијата за темелно чистење на јавните површини.

„Од вчеравечер се отпочна со првата фаза – чистење и миење на просторот околу контејнерите, а потоа ќе се продолжи со сите улици низ градот“, изјави Карапетров.

Акцијата е дел од пошироките заложби на локалната самоуправа за уредување и одржување на јавната хигиена, со цел Тетово да стане почисто и попријатно место за живеење.

Карапетров нагласи дека се работи посветено и континуирано, со цел да се воспостави нов стандард во грижата за урбаната средина.