Connect with us

Магазин

Нормална операција се претворила во медицински феномен: Откако пациентот се разбудил, следела најголемата мистерија за докторите

„Останаa уште многу прашалници за овој синдром и потребни се дополнителни истражувања за да разбереме како дошло до тоа“.

Тинејџер од Холандија, кој настрадал од исклучително реткиот мозочен синдром, поминал рутинска операција на колено — и се разбудил зборувајќи само англиски јазик, со американски акцент. Седумнаесетгодишникот бил примен во болница во 2022. година по спортска повреда која ја здобил за време на фудбалски натпревар, пишува Daily Mail.

Иако операцијата поминала без компликации, постоперативното будење го шокирало и неговите родители и докторите — тинејџерот зборувал исклучиво англиски, верувал дека се наоѓа во американската сојузна држава Јута и не ги препознавал своите родители. Иако учел англиски во училиште, никогаш не го користел како примарен јазик. Целосно го заборавил холандскиот, својот мајчин јазик, и не разбирал што му зборуваат.

Според болничкиот извештај, тинејџерот немал историја на психијатриски или невролошки нарушувања, а ни семејната анамнеза не укажувала на можни причини за ваквата состојба. Откако не проговорил ниту еден збор на холандски јазик за неколку часа, било повикано психијатриско советување. Но, дури ни тогаш не била откриена причината за промената на јазикот.

Advertisement

Магазин

Со Ирина Атанаскова: За уметноста да се биде мајка и уметник и за пријателот што го спасува денот

Креативноста не е нешто што може да чека на „кога се ослободат рацете“. За Ирина Атанаскова, позната на социјалните мрежи и во уметничките кругови како тату-артистот Ina Nameless, таа е основна потреба, неопходен механизам за преживување како утринско кафе или здив меѓу обврските во динамичниот семеен живот. Како мајка на две деца, во свет каде рутината често се смета за светиот грал на родителството, Ирина избира да го прифати хаосот, го бои со оптимизам и наоѓа „мали џебови на време“ за да создаде магија како мајка и како уметник.

„Моите денови никогаш немаат рутина“, вели Ирина. Денот најчесто го диктира најмалиот член на семејството – бебето, а веднаш потоа и кафето. Ако има градинка, обврските се редат во движење, ако не, Ирина го прави истото што би го правела и без децата.

„Правиме појадок, средуваме, вежбаме, креираме. Пробувам да направам нешто во малите џебови на времето, да направам дизајн за тетоважа или да насликам нешто, зависи какво е расположението“, раскажува таа. Во денови кога обврските се премногу, нешто мора да се скрати, а најчесто тоа е подготовката за ручек. „Тогаш само го повикувам мојот ‘пријател’ – Wolt. Многу ме спасува кога има многу работи што треба да се завршат“, додава Ирина.

Времето за тетовирање вообичаено е навечер кога има помош со децата затоа што „тоа е единствената работа што навистина не можам да ја правам со нив“. Во оваа густина на обврски, Ирина се трансформира од мајка во артист во моментите кога бебето заспива или кога постарото дете се губи во игра. За неа, концептот „одмор е само ако сум сама“ не функционира. Таа верува дека уште поважно од изолираното време за себе е да се научиме да бидеме присутни и да не се обидуваме да го контролираме секој момент.

„Додека чекаме децата да легнат или да отидат во градинка за да го најдеме времето за себе, времето ни проаѓа низ прсти. Суштинското е да се опуштиме во една хаотична фаза во животот каде што не сме во контрола, но можеме да бидеме наратори на тоа како ќе се одвиваат деновите“, објаснува Ирина.

Нејзиното студио не е само работно место, туку простор за медитација. Таму, како што раскажува, секогаш има добра енергија и музика што го држи ритамот да се посвети на дизајните и тетоважите. Тука времето добива друга димензија. Музиката, подготовката на дизајните и самиот чин на тетовирање се нејзиниот начин да се поврзе со себе. Кога термините се надоврзуваат еден на друг, испораката на храна повторно влегува во игра, затоа што за неа апликацијата не е луксуз, туку алатка за паметно родителство и професионален успех. Нејзината врска со платформата за испорака започнала кога се вратила од Лондон, а фактот што сервисот функционира беспрекорно во Скопје, за неа било пријатно изненадување.

„Апликацијата секогаш ме спасува со храна кога најмногу ми треба. Брзо се vibe-навме со платформата затоа што навистина не сум fan на јавување на телефон. Како што спомнав, времето е мојот главен ресурс и навистина го ценам. Некогаш е убаво да готвам и да поминам ‘slow’ ден со најблиските. Но, ако пазарењето и готвењето се обврски кои ми крадат од сонот или од времето за игра со постарото дете, тогаш секогаш нарачувам храна“, објаснува таа.

Нејзините избори на апликацијата го отсликуваат нејзиниот стремеж кон баланс. Најчесто избира здрави оброци полни со витамини од места како Vega или Healthysh, додека за децата, тука се омилените пасти и пици од Yes Pasta или Mama Italiana. Тоа е слободата што модерната технологија ѝ ја нуди на една мајка: избор да не мора да биде „суперхерој во кујната“ секој ден, и наместо да жонглира да биде суперхерој во другите аспекти од животот.

„Кога зборувам за мајчинството и професионалниот ангажман можеби очекувате да кажам не си ставајте притисок, дајте си време. Ама искрено мајка – можеш сѐ и повеќе од тоа. Можеби некоја вечер ќе си ненаспана. Наместо наредниот ден да се сожалуваш за лошата вечер пробај пак наредниот ден. Не се откажувај од твоите соништа затоа што имаш други луѓе кои зависат од тебе“, вели Ирина и не ги крие своите сојузници кои и помагаат да го спои во едно креативниот процес, мајчинството и хаосот на секојдневното живеење.

За тату артистката балансот значи „наоѓање мир во несовршеното“, чисто место да седне на подот со истурени играчки, да се гушка и смее со децата: „Ние не можеме да контролираме се што се случува, но можеме да контролираме како реагираме. Дефинитивно мојот распоред се има многу сменето откако станав родител. Порано знаев да работам долги сесии и по многу часови на ден. Но сега, иако работните часови ми се скратени, работам повеќе. Научив и времето да си го ценам повеќе “, вели Ирина.

И кога ќе ја прашате што ја води напред, Ирина се повикува на еден цитат од Франц Кафка, кој стои како потсетник на нејзината фотографија, сумирајќи ја целата нејзина животна филозофија: „Мора да бидете во делузија. Франц Кафка еднаш рекол: Со тоа што страсно веруваме во нешто што сè уште не постои, ние го создаваме.“

Ирина токму тоа го прави, страсно верува во убавината на хаосот, создавајќи своја уникатна реалност, еден цртеж и една нарачка за оброк во исто време.

Continue Reading

Магазин

Со најновата песна „Една солза“, Наум Петрески повторно ја погодува публиката со секоја нота

naum petreski

Познатиот македонски фолк пејач Наум Петрески повторно го плени вниманието на публиката со својот најнов музички проект – синглот „Една солза“. Песната, премиерно објавена пред само еден ден, веднаш се наметна како емотивен хит, собирајќи илјадници прегледи и позитивни реакции на социјалните мрежи.

Музиката, текстот и аранжманот на „Една солза“ се потпишани од Јован Василевски, кој со својата внимателно скроена композиција создава современа, а сепак интимна атмосфера. Реализацијата на проектот се одвиваше во студио D1, а во продукцијата учествуваа и врвни македонски музичари: Димитар Михајлоски на виолина и Гоце Симоновски на гитара и бас, кои создадоа богат и пленителен инструментален аранжман што совршено го истакнува вокалниот израз на Петрески.

Вокалот на Наум Петрески и овојпат носи искреност и зрелост, пренесувајќи длабока емоција што директно допира до слушателот. „Една солза“ е уште едно потврдување за континуираната уметничка посветеност и продуктивност на пејачот, кој со долгогодишната кариера во македонската фолк сцена се издигнува како еден од највлијателните и најомилените изведувачи.

Continue Reading

Магазин

Најскапиот град на светот: Зошто богатството не значи среќа за жителите

seul

Општо е познато дека животот во големите градови е поскап, особено кога станува збор за кирија и домување. Но, понекогаш дури и самото излегување од дома може сериозно да ја погодне домашната каса

Редакцијата на „Тајм аут“ секоја година анктира десетици илјади жители низ целиот свет за да ја состави својата листа на најдобрите градови за живот. Иако квалитетот на ноќниот живот, гастрономијата и културните настани се важни, пристапноста – односно колку едноставно и евтино граѓаните можат да уживаат во секојдневните забави — е клучен фактор.

Во истражувањето, жителите на повеќе од 100 градови ги оценувале трошоците за одење во ресторани, кино, кафулиња, галерии и музеи, театар или стендап, концерти, барови и вечерни излегувања. Податоците покажаа кои градови навистина ги „трошат џебовите“ на своите жители и кои градови нудат забава што не ја празни сметката.

На врвот на листата на најскапи градови за излегување се најде Сеул. Само 30% од жителите сметаат дека оброк во ресторан е достапен, а само 21% сметаат дека вечерното излегување не ги оптоварува финансиските можности. Пијалакот во бар, пак, е евтин само за 27% од жителите.

Не е изненадување што Осло се појавува меѓу најскапите градови – главниот град на Норвешка традиционално важи за скап, особено кога станува збор за ресторани. Според анкетата, само 24% од Ословците сметаат дека оброкот во ресторан е финансиски прифатлив.

На листата се најдоа и Лондон, Сиднеј и Лос Анџелес, кои повторно се поклопуваат со извештајот на „Хенли енд партнерс“ за најскапи градови во светот. Лондон е прогласен за најскап град за ноќно излегување – само 16% од луѓето сметаат дека тоа е пристапно. Меѓутоа, британската престолнина го заслужува признанието за култура: 83% од лондончаните оцениле дека уметноста и културните настани во нивниот град се евтини или бесплатни.

На спротивната страна се наоѓаат Меделин и Богота во Колумбија, градови каде што локалното население ги смета излегувањата за многу пристапни. Во Меделин, 89% од жителите сметаат дека одењето во ресторан е евтино, 83% велат истото за пијалак во бар, а 94% дека кафето е достапно.

Изненадување за многумина е присуството на два големи кинески градови на листата на поволни дестинации. Пекинг и Шангај се истакнуваат по тоа што одењето во театар не е голем трошок – тоа го потврдуваат 73% од Пекинжани и 72% од Шангајци.

Единствениот американски претставник меѓу поволните градови е Њу Орлеанс, кој добива високи оценки за концерти во живо и пијалаци во барови.

Важно е да се потенцира дека истражувањето на „Тајм аут“ се концентрира исклучиво на трошоците за забава и излегувања, без да ги вклучи киријата, домувањето или секојдневните прехранбени трошоци.

Најскапи за излегување: Сеул, Истанбул, Осло, Стокхолм, Кјото, Атина, Сиднеј, Окланд, Минхен, Бризбејн, Лос Анџелес, Сингапур, Лондон, Ванкувер, Мајами.

Најповолни за излегување: Меделин, Богота, Пекинг, Њу Орлеанс, Наполи, Ханој, Чианг Мај, Шангај, Лима, Џакарта, Јоханесбург, Бангкок, Абу Даби, Сантијаго, Кејптаун.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг