Connect with us

Македонија

Апсење на Табановце за поткуп, ставил банкнота од пет евра во зеленот картон

Published

on

Лишен од слобода грчки државјанин поради давање поткуп.

На 08.04.2025 во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет евра. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија

Подгответе се за промени: Еве какво време ја очекува Македонија за 1 мај

Published

on

Времето за 1 мај, четврток, ќе биде претежно сончево со услови за краткотраен локален дожд и грмежи, информира УХРМ.

Утре ќе се задржи сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.

Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува умерен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од почетокот на следната седмица се очекуваат повремени
врнежи од дожд и појава на грмежи.

Continue Reading

Македонија

Уапсен возач со 2,82 промили алкохол во крвта

Published

on

Вчеравечер во 20.03 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода С.В.(56) од Македонски Брод.

При сообраќајна контрола на патот за с.Манастирец, Македонски Брод, било сопрено патничко моторно возило „опел”со регистарски ознаки од Македонски Брод, кое го управувал С.В., и по преземени мерки било констатирано дека С.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,82 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.

Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.

Continue Reading

Македонија

ОДЛИЧНИ ВЕСТИ, НИ ДОАЃА РАНО ЛЕТО: Еве какви температури ја очекуваат Македонија во наредниот период

Published

on

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на топла воздушна маса од југ, од денес (вторник 29 април) па до четврток (1 мај) времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и топло преку ден со мала локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец, најизразен во четврток (1 мај).

И во Скопскиот регион во погоре споменатиот период времето ќе биде стабилно, суво, топло и сончево. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени. Во Скопје и околината исто така температурата ќе се искачи до околу 28/29 степени.

Само да напоменам дека утрата ќе бидат посвежи и со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени.

МетеоАларм – Славчо Попоски

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк