Connect with us

Економија

Емисионите вредности од Макстил во првиот квартал се исклучително ниски

(Скопје, 11.04.2025) – Вредностите на емисиите на цврсти честички од Макстил во првиот квартал од 2025 година покажуваат минимални вредности кои и во двете мерни точки се на скалата под еден, во однос на пропишаните европски гранични вредности кои изнесуваат 20, односно 30 милиграми на метар кубен. 

 

Овие резултати се директен показател на ефектот од континуираните инвестиции на Макстил во модерни и ефикасни технолошки решенија за контрола на процесите и намалување на влијанието врз животната средина. 

 

Во периодот од јануари до март 2025 година, според мерењата на двете мерни точки, емисиите на цврсти честички се дури 100 пати пониски од оние што се пропишани како гранично дозволени од Министерството за животна средина и просторно планирање, а дефинирани во А-интегрираната еколошка дозвола, како и од пропишаните европски гранични емисиони вредности.

 

Со ова Макстил уште еднаш го потврдува својот стратешки фокус на еколошката компонента во индустриското работење, придонесувајќи за подобар квалитет на воздухот во Скопје и пошироко.

 

На мерната точка Оџак од филтер постројка каде граничната вредност е 20 милиграми на метар кубен, најниската вредност во првите три месеци од 2025 година била измерена во месец јануари и изнесува 0 милиграми на метар кубен, кога погонот Челичарница на работел, а највисоката во месец февруари изнесува 0,73 милиграми на метар кубен (mg/Nm3). Мерењата од јануари до март 2025 година на мерна точка Оџак од пескара, исто така покажуваат исклучително ниски вредности на емисии. 

 

Макстил и во иднина ќе продолжи да инвестира во зачувување на квалитетот на амбиенталниот воздух, со што ќе се овозможи одржливо производство што ги задоволува највисоките еколошки стандарди.

Advertisement

Економија

МБИ10 со пад од 0,32%, без активности на обврзничкиот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 18 декември 2025 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,32%, спуштајќи се на 10.091,56 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 129,44 поени. Вкупниот дневен промет изнесуваше 13,06 милиони денари, при што најголем дел од тргувањето беше концентриран кај Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком, кои ја предводеа пазарната активност .

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 3.913.370 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 3.091.460 денари

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – 1.812.170 денари

Топ добитници

● АЛТА Банка АД Битола (ALTA) +2,83%

● ОКТА АД Скопје (OKTA) +2,04%

● Адинг АД Скопје (ADIN) +0,04%

Топ губитници

● РЖ Услуги АД Скопје (RZU) –8,16%

● Гранит АД Скопје (GRN) –1,59%

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) –0,85%

Обврзнички пазар

Во текот на денешната сесија не беа реализирани трансакции со државни или корпоративни обврзници. Сите државни обврзници останаа со непроменети цени, а индексот ОМБ се задржа на 129,44 поени.

Тргувањето на Македонската берза на 18 декември 2025 година се одвиваше во умерена атмосфера, со вкупен промет од 13,06 милиони денари и пад на индексот МБИ10 за 0,32%. Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком беа најликвидните хартии на денот. Најголем добитник беше АЛТА Банка, додека РЖ Услуги и Гранит го предводеа негативното движење. Обврзничкиот пазар остана без активности, со стабилни котации и непроменет индекс ОМБ.

 

Continue Reading

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 71 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава 73 денари. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе чини 66,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинството (ЕЛ-1) 65,5 денари, а Мазут М-1 НС 32,635 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување  кај бензините во просек за 6,021 отсто, кај дизелот за 3,929, кај екстра лесното масло за 3,168 и кај мазутот за 0,401 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,6378 отсто.

Continue Reading

Економија

Димитриеска-Кочоска на „The Economist MeetUp“: Македонија е подготвена за инвестиции и технолошки развој

Дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и сајбер-безбедноста се клучни столбови и приоритети на економска и фискална политика на државата, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во своето воведно обраќање на денешната конференцијата на престижниот „Економист“, насловена  „The Economist MeetUp – The World Ahead”, која се одржува во Скопје.

Во услови на глобални економски и геополитички неизвесности, забрзани технолошки промени и трансформација на економските модели, според министерката, ваквите настани се од суштинско значење за отворен и аргументиран дијалог меѓу носителите на политики, бизнис заедницата и меѓународните партнери, со цел заедничко креирање стабилна, конкурентна и отпорна економија.

Димитриеска-Кочоска посочи дека Министерството за финансии и Владата се силно посветени на модернизација, иновации и одржлив економски раст, при што посебен акцент се става на надминување на долгогодишните структурни предизвици кои ја ограничуваат продуктивноста, конкурентноста и довербата во институциите.

„Дигитализацијата значи поефикасни и потранспарентни институции, помалку бирократија, подобра наплата на јавните приходи и пофер деловна средина. Сајбер-безбедноста е предуслов за стабилен и сигурен финансиски систем, а вештачката интелигенција веќе отвора нови можности за индустријата, финансискиот сектор и пазарот на труд“,нагласи министерката.

Таа додаде дека дигиталната трансформација, примената на вештачката интелигенција и јакнењето на сајбер-безбедноста се составен дел од Националната развојна стратегија 2024–2044, која претставува највисока долгорочна рамка за економски и општествен развој, насочена кон јакнење на конкурентноста, развој на човечкиот капитал и изградба на функционални и отпорни институции.

Во однос на фискалната политика, министерката нагласи дека за периодот 2026–2030 година фокусот е ставен на постепена фискална консолидација, одржлива и дисциплинирана јавна финансиска рамка и истовремено задржување на високо ниво на капитални инвестиции, особено во инфраструктурата, дигиталната трансформација и поддршката на долгорочниот економски раст.

На бизнис заедницата и на инвеститорите Димитриеска-Кочоска им порача дека Македонија е стабилна, предвидлива и подготвена за забрзан развој, со јасна визија, силна институционална поддршка и партнерски пристап кон инвестициите и иновациите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг