Физички напад во Тетово: Прилепчанец претепан во автомобил, осомничените фатени – полицијата пронајде сомнителни предмети!

На 10.04.2025, во врска со лишувањето од слобода на Д.Д.(34) од Прилеп и И.А.(37) од Битола, а кои беа пријавени од М.Р.(30) од Прилеп дека околу 18.00 часот кај Градскиот стадион во Тетово  физички го нападнале во возило со прилепски регистарски ознаки, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при Биро за Јавна Безбедност на МВР и полициски службеници од СВР Битола биле извршени претреси во три локации во подрачјето на СВР Битола и биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По документирање на случајот, до Основно јавно обвинителство Тетово ќе бидат поднесени соодветни пријави.