Connect with us

Економија

АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден

Соопштение на Агенција за храна и ветеринарство – интегрален текст:

Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници. Во рамки на 350 надзори на операторите со цел спречување на пласирање на небезбедна храна и нелегална трговија со јајца, бои за јајца во пресрет на велигденските празници, како небезбедни уништени се 1230 килограми различни видови производи, најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло и други призводи. 

За утврдените недоследности со вонредните контроли изречени се казни во висина од 3650 евра во денарска противвредност и издадени се 22 решенија со наредби за нивно отстранување. 

Во услови на зголемена побарувачка на храна пред претстојните празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да пазарат само од одобрени/регистрирани оператори за храна кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата. Да се внимава на декларациите на производите, нивното означување и рокот на употреба и температурниот режим на чување, особено на леснорасипливите, бидејќи во спротивно тие може да бидат небезбедни за граѓаните. 

Ги охрабруваме граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.

Advertisement

Економија

Димитриеска – Кочоска: 97 милиони евра за клучни енергетски проекти

Денеска беа потпишани договори за државна гаранција и заеми во вкупна вредност од 97 милиони евра, со кои ќе се реализираат стратешки енергетски проекти што значително ќе ја променат енергетската слика на државата.

Министерството за финансии, преку издавање државна гаранција, овозможи финансирање од 87 милиони евра за проектот „Фотонапонска електроцентрала Битола 3“. Од оваа сума, 50 милиони евра се обезбедени од КфВ, а 37 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Дополнително, обезбедени се и 10 милиони евра за ревитализација на хидроелектраните.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска изрази благодарност до меѓународните финансиски институции за континуираната поддршка, како и до тимот на АД ЕСМ за нивната посветеност во реализацијата на проектите.

Според неа, овие капитални инвестиции ќе придонесат за зајакнување на домашното производство на електрична енергија, ќе обезбедат посигурно и постабилно снабдување и ќе дадат силен поттик за економска стабилност и одржлив развој на државата.

Continue Reading

Економија

Божиновска: Нема енергетска криза, државата има резерви од мазут!

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно резерви на мазут за да ги покрие потребите.

Барањето за кризна состојба ќе се разгледува на утрешната владина седница, но Божиновска нагласи дека тоа е технички чекор за да се активираат државните резерви. Причина за ова е триесетдневната неможност за редовна набавка на мазут од Грција поради тамошните протести.

„Нема да има никаква криза. Постои мазут во државата – ако не го земат од Грција, ЕСМ ќе го земе од државните резерви. За граѓаните ова нема да значи апсолутно ништо“, истакна министерката.

Continue Reading

Економија

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,18% во однос на одлуката од 19.12.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,028 ден/кг и сега ќе изнесува 32,607 ден/кг.

Од 23.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 32,607 (денари/килограм)

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг