Connect with us

Македонија

Полицијата уапси седум возачи на територија на Тетово поради пребрзо возење, регистрирана брзина и од 193 километри на час

Лишени од слобода седум возачи на територија на СВР Тетово поради пребрзо возење, регистрирана брзина и од 193 км/час.

На 13.04.2025 полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово извршиле контрола за пречекорување на максималната дозволена брзина на движење, при што биле констатирани 128 прекршоци (ТЕ-67 и ГВ-61). За време на контролата по член 297А – безобѕирно управување на моторно возило од слобода биле лишени седум лица (ТЕ-5 и ГВ-2). На автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, од слобода бил лишен М.Б.(47) од с.Челопек, тетовско, затоа што управувал патничко возило „ровер“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 178 км/час на место каде што дозволената брзина е 100км/час. На истото место од слобода била лишена Р.А.(42) од Тетово, која управувала патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 172 км/час.

Исто така, кај наплатната станица Желино од слобода бил лишен А.А.(33) од с.Раковец, затоа што управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 193 км/час. На автопатот Скопје-Тетово, кај местото „Студена вода“ од слобода бил лишен В.З.(24) од с.Желино, тетовско, затоа што управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 179 км/час на место каде што дозволената брзина е 100 км/час и С.Ш.(30) од Тетово затоа што управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 177 км/час. Додека, на патот Тетово-Гостивар, кај наплатна станица Гостивар, од слобода бил лишен А.М.(42) од Скопје затоа што управувал патничко возило ,,бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 171 км/час на место каде што е дозволено 80 км/час и Н.Б.(54) од Охрид затоа што управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски таблички со брзина од 165 км/час. Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297а од Кривичниот законик.

Advertisement

Македонија

Македонија и Турција ја зајакнуваат соработката во образованието и науката со нов договор

makedonija turcija

Македонија и Турција отвораат ново поглавје во билатералната соработка во образованието, науката, технологијата и иновациите. Министрите за образование и наука, Весна Јаневска и Јусуф Текин, потпишаа договор со кој се зајакнува партнерството меѓу двете земји и се создава основа за интензивна размена на знаење, искуства и кадар.

Со договорот се предвидува размена на информации и научни публикации во областа на формалното и неформалното образование, како и поттикнување на мобилноста на академици, образовни експерти, наставници и средношколци. Посебен акцент е ставен на средното, особено стручното образование, обуката и квалификациите на наставниот кадар, доживотното учење и реализацијата на заеднички образовни проекти.

Двете држави ќе разменуваат искуства и во примената на нови образовни технологии, како и во подготовката и унапредувањето на наставните планови и програми. Учениците ќе добијат можност да учествуваат на научни и културни натпревари што се организираат во Македонија и Турција, а ќе се поттикнува и развојот на заеднички образовни програми и збратимување на училишта.

Како дел од договорената соработка, во двете земји ќе се воведат изборни предмети „Јазикот и културата на Турците“, односно „Јазикот и културата на Македонците“, а предвидено е и меѓусебно стипендирање на средношколци.

За ефикасна примена на договорот ќе биде формирана заедничка работна група, која ќе го следи и координира спроведувањето на договорените активности.

Continue Reading

Македонија

Неработни денови и продолжени викенди во јануари 2026

Празничната атмосфера продолжува и во првиот месец од новата година, а јануари носи неколку неработни денови кои овозможуваат подолг одмор и полесно планирање на работните обврски.

Новата година започнува со 1 јануари, кој е неработен ден и паѓа во четврток. Веќе во петок, на 2 јануари, следи кратко враќање на работа, по што доаѓа викенд пауза. Понеделник, 5 јануари, е работен ден, а потоа следуваат 6 и 7 јануари, кога се празнуваат Бадник и Божиќ, кои се неработни денови. На работа повторно се враќа на 8 јануари.

Јануари не завршува тука со празниците. На 19 јануари, понеделник, се празнува Богојавление – Водици, кој е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Дополнително, за припадниците на српската заедница, неработен ден е и 27 јануари, кога се одбележува празникот Свети Сава.

Со ваквиот распоред, јануари нуди неколку можности за продолжени викенди и кратки одмори, што многумина веќе ги користат за планирање на слободното време.

Continue Reading

Македонија

Николоски најави иновативни инженерски решенија за автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на 14 ќе се врши стабилизација со таканаречени галерии – метод што досега не е применет ниту во Македонија, ниту во поширокиот регион.

Според Николоски, ваквиот пристап ќе обезбеди долгорочна безбедност и стабилност на трасата, ќе ги намали ризиците од одрони и ќе овозможи конечно завршување на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во земјава. Проектот, како што нагласи, ќе придонесе за побрзо и побезбедно поврзување на југозападниот дел од државата и за зголемен економски и туристички развој.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг