Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Силен раст на берзите во Европа и Азија

by Уредник
14.04.2025
in Uncategorized

Цените на акциите остро пораснаа на европските берзи во понеделник претпладнето, по минатонеделниот пад, при што растот на сите секторски индекси.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции се зголеми за 1,7 отсто во претпладневниот пресек од тргувањето, враќајќи ги минатонеделните загуби. Лондонски FTSE индекс претпладнево зајакна 1,55 отсто, на 8.087 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,98 отсто, на 20.777 поени, а париски CAC за 1,87 отсто, на 7.237 поени.

Цените на акциите пораснаа во сите поголеми сектори, особено во нафтениот, во просек за 2,6 отсто, финансиските за 2,5 отсто и технологијата за 2,3 отсто.

Со оглед на тоа што нема поголеми вести, најмногу се работи за корекција на цените на акциите, по наглиот пад во изминатите две седмици.

Цените на акциите пораснаа и на азиските берзи. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI беше во плус 1,6 отсто во истиот временски пресек како и во Европа, откако минатата седмица загуби 4 отсто. Претпладнево јапонскиот индекс Nikkei порасна за 1,9 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Австралија и Хонгконг пораснаа меѓу 0,9 и 2,2 отсто.

Во исто време, најмногу пораснаа цените на акциите на технолошките компании, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп досега ослободи 20 технолошки производи од царина за увоз од Кина.

Сепак, тоа ќе биде краткотрајно, бидејќи Белата куќа соопшти дека овие електронски уреди само се преместуваат во друга тарифна категорија. Оваа седмица ќе бидат објавени царините за полупроводниците, а наскоро и за паметните телефони.

Воведувањето и одложувањето на царините ги збунуваат инвеститорите и менаџерите и, велат аналитичарите, лошо ќе се одрази на економијата.

„Основната царина од 10 отсто за целиот увоз е веќе многу висока, а вкупните тарифи за увоз од Кина од 145 отсто се премногу. Не можете да ја запрете трговијата меѓу двете најголеми светски економии и да не очекувате штета. Проценуваме дека веројатноста за рецесија во САД и светот е 60 отсто“, вели Брус Касман, директор на ЈPМ.

И американските термински индекси денеска најавуваат значително зголемување на цените на акциите на Волстрит.

Next Post

ПРАШАЈТЕ ГИ РУСИТЕ ЗА ГРЕШКАТА ВО СУМИ За Трамп војната во Украина е „војна на Бајден“

Огласот за финансиска поддршка за електричната енергија истекува за 5 дена

Препорачани Вести

Reels од Инстаграм сега и на вашиот телевизор – мини видеа на голем екран

Reels од Инстаграм сега и на вашиот телевизор – мини видеа на голем екран

1 month ago

Тајван се подготвува за најлошото: Воена вежба од невиден обем, целиот остров учествува

6 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.