Connect with us

Македонија

Мицкоски во Дубаи ги презентираше можностите за инвестиции во Македонија

Од средби со највисоките претставници на државно ниво, до состаноци со најголемите енергетски, градежни и земјоделски компании во Обединетите Арапски Емирати. Македонската делегација ја искористи можноста да ги презентира условите за инвестирање во земјава пред бизнис секторот во Дубаи  и Абу Даби. Премерот Мицкоски кој го предводи владиниот тим во Емиратите информира дека имал успешни средби со директорите на Eagle Hills, приватна компанија за инвестирање и развој во недвижнини со седиште во Абу Даби, која веќе е присутна со инвестиции во Албанија, Унгарија и Србија. Меѓу бројните состаноци го издвојува и оној со развојниот холдинг Абу Даби кој од 2023 година е меѓу 10-те најдобри светски суверени фондови по обем на инвестиции. Владиниот тим сесретнал и со извршниот директор на Масдар Енерџи Инвестмент Компани, една од најголемите светски инвеститори во обновлива енергија и двигатели на енергетската транзиција. 

„Масдар е пионер во чистата енергија, позиционирајќи ги ОАЕ на чело на светската енергетска транзиција. Масдар е присутна и поддржува повеќе од 40 земји во нивната енергетска транзиција. Со сите овие компании разговарав за проекти, можности и планови за инвестирање во Македонија која како држава доцни во лобирањето да се најдеме на инвестициската мапа на овие светски економски гиганти. Даваме се за да обезбедиме иднина и просперитет за нашите граѓани. Ги претставив можностите за инвестирање во Македонија и нашите напори да се најдеме на мапата на светските инвеститори“ – вели Христијан Мицкоски, претседател на Влада.

Мицкоски вели дека по подолга пауза во односите со Емиратите, сега посетата ја оценува со највисока оценка на економски и политички план. Со стопанските комори на Дубаи и Шарџа било разговарано за проекти од областа на транспортот, пред сè коридорите 8 и коридорот 10 и отсечката на коридорот 10, 10-д. Биле презентирани туристичките можности на Охрид и Попова Шапка. Се зборувало и з аинвестиции во градежништвото, земјоделството и енергетиката. Како главен приоритет тоа буиле истакнати проектите, односно хидроцентралите на Река Црна, Чебрен и Галиште, како и нови соларни панели, нови ветерни турбини, ветерни паркови.

Вчера Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерот з анадворешни работи  Тимчо Муцунски се сретнаа со челниците на „Мубадала“, инвестициска компанија од Обединетите Арапски Емирати. Муцунски рече дека во наредните неколку дена Владата ќе објави една позитивна вест која ќе значи многу за граѓаните на државата, за економијата, за трговијата и туризмот. Тој смета дека посетата на Емиратите била многу продуктивна и дека ловот во потрага по арапски инвестиции ќе биде успешен.

Според Вицепремиерот Николоски, македонските извозни компании можат да ја користат помошта и логистиката што ја нуди Владата на Емиратите, за да освојат нови пазари и да ги пласираат своите производи на Истокот. Од друга страна, тамошните компании можат да ја искористат местоположбата на Македонија за да имаат полесен пристап до пазарите во Централна Европа. Владиниот тим денеска ја завршува четиридневната посета на Обединетите Арапски Емирати.

Advertisement

Македонија

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. 

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Continue Reading

Македонија

Отворена за сообраќај клучката кај Подмоље на автопатот Охрид–Кичево

Сообраќајниот крак – клучката на автопатската делница Охрид–Кичево, кај селото Подмоље, е пуштен во редовен сообраќај, информираат од СВР Охрид. Со ова се нормализира сообраќајот на повеќе фреквентни правци, меѓу кои Охрид–Кичево–Скопје, Охрид–Струга, Струга–Кичево–Скопје и Струга–Охрид, без какви било дополнителни ограничувања.

Од полицијата нагласуваат дека клучката е целосно функционална и апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и одговорно. Возачите на патнички и други моторни возила се повикуваат строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се избегнат несакани инциденти.

Continue Reading

Македонија

Јаневска: Загадениот воздух нема да донесе предвремен зимски распуст

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска увери дека учениците ќе продолжат со настава до крајот на месецов и потоа ќе заминат на редовниот зимски распуст, без предвремено распуштање поради загадениот воздух.

„Остануваат уште малку денови до распустот и во овој момент немаме информации дека здравјето на децата е загрозено“, истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ. Таа додаде дека отсуствувањето ден-два поради здравствени причини не е проблем, но дека мора да се избегне негативната практика од минатото, кога се скратувале учебните денови поради различни причини.

„Жалам што морам да направам груба споредба, но во некои европски земји децата одат на настава дури и кога имаат грип, се додека нивното здравје не е сериозно загрозено. Нашите ученици не се пренатрупани со учење, и доколку нема сериозен здравствен ризик, не е проблем да отсуствуваат еден-два дена. Проблем беше кога се скратуваа учебните денови заради поевтини одмори или подготовки за писмени испити. Тие негативни појави треба да ги отстрануваме“, нагласи министерката.

Јаневска потенцираше дека одлуките секогаш ќе бидат носени во интерес на здравјето на децата, а во овој момент нема сигнал дека наставата е во опасност по нивното здравје.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг