Connect with us

Македонија

ЗНАМ: Секој што соработува со ДУИ нема место покрај нас!

Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ за наша Македонија на синоќешната седница ја разгледуваше актуелната политичка ситуација во Македонија и случувањата во владиниот партнер, Коалицијата Вреди, рече на денешната прес-конференција портпаролот Никола Мемов.

– Движењето ЗНАМ има конзистентност во политиките и одлуката за влез во владата ја донесе врз основа на своја политичка и програмска Платформа, базирана на идеолошки принципи и критериуми – изјави портпаролот.

На седницата, како што соопшти Мемов, биле усвоени следните заклучоци:

– Прво, Движењето ЗНАМ за наша Македонија смета дека случувањата во Коалицијата Вреди се нивно внатрешно прашање. Второ, секој којшто соработува зад отворени или затворени врати со нереформираната ДУИ за Движењето ЗНАМ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во коешто учествува ЗНАМ. Трето, за Движењето ЗНАМ, превирањата во Вреди не се закана за владејачкото мнозинство. Во моментов владината коалиција функционира тековно и без никакви застои. Владата е стабилна со самиот факт што ЗНАМ и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ обезбедуваат мнозинство од 64 пратеници и дополнително пратениците во коалицијата Вреди кои ја поддржуваат владата. Исто така, за Движењето ЗНАМ – За наша Македонија не е прифатлива соработка со поранешни, актуелни и идни функционери, пратеници и членови од редовите на СДСМ за кои има индиции дека учествувале или се дел од организираниот криминал и корупцијата во Република Македонија. За идните случувања во владината коалиција Движењето ЗНАМ за Наша Македонија смета дека тоа прашање е во надлежност на Претседателот на Владата г-нот Христијан Мицкоски – рече Мемов.

На прашањето дали овие ставови значат дека ЗНАМ ќе побара изземање на Таравари од владиниот состав, Мемов одговори:

– Нашиот став е многу јасен, заклучокот број два вели: Секој којшто соработува зад отворени или затворени врати со нереформираната ДУИ за Движењето ЗНАМ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во кое што учествува ЗНАМ.

На прашањето зошто се вели дека состојбата во Вреди е нивна внатрешна работа, а ЗНАМ изјавува дека некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од Владата, Мемов рече:

– Случувањата во Вреди се нивна внатрешна работа, кој ќе остане како коалиционен партнер во коалицијата Вреди ќе видиме понатаму, ќе покаже времето. Доколку останат сите, тогаш органите и телата на ЗНАМ ќе разговараат и ќе расправаат по тоа прашање.

Запрашан дали ЗНАМ има информација дека Алијанса за Албанците, која е дел од Вреди, има некакви комуникации со ДУИ, Мемов рече:

– Тие самите изјавија дека имаат отворена комуникација.

На прашањето дали во Владата ќе се разговара за овие случувања со премиерот, портпаролот Мемов рече:

– Разговорите и комуникацијата како партнери во Владата е континуирана, таа не престанала никогаш. Сите отворени прашања се дискутираат во рамките на владиното партнерство.

Запрашан за настапот на идните локални избори, Мемов најави дека наредната недела Движење ЗНАМ за наша Македонија ќе ја информира јавноста за тоа прашање.

Advertisement

Македонија

Над 3 милиони ноќевања годинава – континуиран раст на бројот на странски туристи во земјава

Туристичкиот сектор бележи позитивен тренд, покажуваат најновите податоци за годинава, според кои се остварени повеќе од 3 милиони ноќевања, со забележлив пораст на бројот на странски туристи во земјава.

Според официјалната статистика, зголемувањето на ноќевањата е резултат на поголемиот прилив на гости од странство, што укажува на зајакнат интерес за Македонија како туристичка дестинација. Позитивниот тренд се должи на подобрената туристичка понуда, зголемената авионска поврзаност и засилената промоција на земјата на меѓународните пазари.

Најголем дел од странските туристи доаѓаат од европските земји, а посебен раст е забележан во градскиот, културниот и езерскиот туризам. Надлежните институции оценуваат дека ваквите резултати се охрабрувачки и претставуваат добра основа за понатамошен развој на туризмот.

Се очекува позитивниот тренд да продолжи и во наредниот период, со дополнителни активности за подобрување на туристичката инфраструктура и зголемување на квалитетот на услугите, со цел земјата да се позиционира како атрактивна и конкурентна туристичка дестинација во регионот.

Continue Reading

Македонија

Екс-правобранителот  Фехми Стафа приведен за мито – барал 100.000 евра, фатен со 50.000

Поранешен државен правобранител е уапсен поради сомнежи за примање мито, откако бил фатен со дел од побараната сума во негово поседување, соопштија надлежните истражни органи.

Според објавените информации, правобранителот се сомничи дека побарал мито од 100.000 евра во замена за поволно уредување на службени активности. При акцијата на полицијата, тој бил фатен додека држел 50.000 евра, што претставува дел од побараните средства.

Надлежните органи потврдуваат дека случајот е во фаза на истрага, а против екс-правобранителот ќе биде подготвена соодветна кривична пријава. При приведувањето биле обезбедени и други материјални докази што ќе бидат дел од доказната постапка.

Од истрагата информираат дека овој случај еден од повеќето што ги третираат злоупотребите на службената положба и корупцијата во јавните институции, со цел да се испрати јасна порака дека недозволиви практики нема да бидат толерирани.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а во наредните денови обвинителството ќе се изјасни за понатамошните мерки и евентуални притворски предлози.

Continue Reading

Македонија

И следната недела со невообичаено високи температури за овој период

Невообичаено топлото време ќе продолжи и во текот на следната недела, најавуваат метеоролозите. Според прогнозите, температурите ќе останат значително над просекот за овој период од годината, со стабилни временски услови и без поголеми заладувања.

Во поголем дел од земјата се очекува претежно сончево време со умерена облачност, а дневните температури ќе се движат од двоцифрени вредности, што е нетипично за средината на зимската сезона. Утринските часови ќе бидат посвежи, но без појава на екстремно ниски температури.

Метеоролозите посочуваат дека ваквите временски услови се резултат на стабилна воздушна маса и отсуство на студени фронтови од север. Засега нема најави за значителни врнежи од снег или дожд, ниту за нагло влошување на времето.

Иако ваквото време е поволно за секојдневните активности, експертите предупредуваат дека долготрајните повисоки температури во зимскиот период можат да имаат влијание врз природата и земјоделството, особено врз вегетацијата.

Подетални и редовно ажурирани информации за временската состојба граѓаните можат да следат преку официјалните метеоролошки служби.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг