Connect with us

Македонија

Тројца судии утре формално ќе одлучат за притворот на синот на моќниот Јахоски

Изворите претходно предупредија дека иако на Јахоски првичниот домашен против му бил заменет со затворски притвор поради опасност од бегство или да влијае на сведоци тој сега може да добие шанса целосно да се брани од слобода додека трае случајот вреден над 160 милиони евра, пишува expres.mk

Претседателот на скопскиот Кривичен суд Иван Џолев, судијката Софија Ефремова Гаврилова и судијата Илија Трпков се тројцата членови на телото кое утре формално ќе одлучи дали Асмир Јахоски син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски ќе се брани од слобода.

Судијата Џолев два пати во време на владата на СДСМ и ДУИ е избран за претседател на судот со најголем број и најтешки случаи. Судијката Ефремова Гаврилова во јавноста е позната по пресудата за Бојан Јовановски од 9 години затвор. На судењето беше одбиено барањето на Боки 13 за сведок да биде повикан Зоран Заев.

Контроверзниот судија Илија Трпков судеше неколку звучни предмети но својот имиџ дефинитвно го наруши откако како судија рече дека имал лично убедување во вината на обвинетите за предметот ,,Организатори на 27 Април” кој пропадна затоа што Кривичниот суд по 6 години судење ги амнестираше сите осомничени.

Со тоа Трпков станал пристрасен во случајот со вратениот од Шведска Дејан Давидовски Дешо кој е дел од случајот 27 Април поради кој доби статус на политички азилант во Стокхолм.

Што се случувало минатата недела?

Откако во четвртокот на успеала ,,Операцијата велики Четврток”, во која обвинителството за организиран криминал што го води блискиот на ДУИ Ислам Абази требало да даде позитивно мислење а судот да го ослободи Јахоски за утре се очекува разврска на случајот.

Неофицијално тројцата судии, според нивни правосудни колеги, ќе одлучуваат за случајот затоа што тие биле единствени судии кои во четвртокот биле на работа во скопскиот суд кога пристигнало барањето за ослободување од притвор за Јахоски.

Како судиите ќе проценат дали завршила опасноста Јахоски да влијае на сведоци што беше причина од домашен притвор на почетокот на Март да замине во Шутка, засега никој не може да претпостави.

Јахоски како гаранција дека нема да избега од земјава додека му се суди за случајот во кој ТЕЦ Неготино купувал токсичен дизел, нуди имот вреден 2 милиони денари.

Тој сега нуди мал дел од неговото богатство за да излезе од затворот во ,,Шутка”.

Целата операција требало да заврши во четвртокот.

Синот на моќниот политичар веќе се гледа на слобода.

Извор: expres.mk

Advertisement

Македонија

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. 

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Continue Reading

Македонија

Отворена за сообраќај клучката кај Подмоље на автопатот Охрид–Кичево

Сообраќајниот крак – клучката на автопатската делница Охрид–Кичево, кај селото Подмоље, е пуштен во редовен сообраќај, информираат од СВР Охрид. Со ова се нормализира сообраќајот на повеќе фреквентни правци, меѓу кои Охрид–Кичево–Скопје, Охрид–Струга, Струга–Кичево–Скопје и Струга–Охрид, без какви било дополнителни ограничувања.

Од полицијата нагласуваат дека клучката е целосно функционална и апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и одговорно. Возачите на патнички и други моторни возила се повикуваат строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се избегнат несакани инциденти.

Continue Reading

Македонија

Јаневска: Загадениот воздух нема да донесе предвремен зимски распуст

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска увери дека учениците ќе продолжат со настава до крајот на месецов и потоа ќе заминат на редовниот зимски распуст, без предвремено распуштање поради загадениот воздух.

„Остануваат уште малку денови до распустот и во овој момент немаме информации дека здравјето на децата е загрозено“, истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ. Таа додаде дека отсуствувањето ден-два поради здравствени причини не е проблем, но дека мора да се избегне негативната практика од минатото, кога се скратувале учебните денови поради различни причини.

„Жалам што морам да направам груба споредба, но во некои европски земји децата одат на настава дури и кога имаат грип, се додека нивното здравје не е сериозно загрозено. Нашите ученици не се пренатрупани со учење, и доколку нема сериозен здравствен ризик, не е проблем да отсуствуваат еден-два дена. Проблем беше кога се скратуваа учебните денови заради поевтини одмори или подготовки за писмени испити. Тие негативни појави треба да ги отстрануваме“, нагласи министерката.

Јаневска потенцираше дека одлуките секогаш ќе бидат носени во интерес на здравјето на децата, а во овој момент нема сигнал дека наставата е во опасност по нивното здравје.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг