Connect with us

Балкан

Застрашувачко предупредување: Грчките сеизмолози предупредуваат на потенцијален смртоносен земјотрес?

Страв од катастрофален земјотрес и во Грција по серијата потреси во Истанбул

По разорниот земјотрес кој во средата ја погоди Турција, стравот се шири и во соседна Грција, каде што сеизмолозите предупредуваат на можен силен земјотрес со магнитуда до осум степени според Рихтер.

Истанбул, еден од најголемите градови во Турција, вчера беше погоден од три силни земјотреси. Првиот и најсилен бил со јачина од 6,2 степени, а потоа следеле уште два со јачина од 5,0 и 5,3 степени. По нив се регистрирани десетици последователни потреси.

Ситуацијата предизвикува дополнителен страв кај жителите, особено по катастрофалниот земјотрес од 2023 година кој ги погоди југозападна Турција и Сирија, при што загинаа повеќе од 55.000 луѓе.

„Луѓето кои живеат во Истанбул се свесни дека се очекува т.н. ‘мегаземјотрес’. Сите се прашуваат дали овие потреси се најава за нешто поголемо“, изјави една загрижена жителка на Истанбул.

Загриженоста не застанува на границите на Турција. И Грција, која се наоѓа на исто така активни тектонски плочи, се соочува со закани од слична природа. Само во февруари оваа година, островот Санторини беше погоден од серија силни потреси, а сеизмолошките мерења регистрирале десетици илјади тресења на тлото.

Грчките сеизмолози укажуваат дека последниот турски земјотрес се случил на Северноанадолскиот расед – активна тектонска линија која се протега преку северниот Егеј и се движи кон запад.

Професорот и сеизмолог Костас Синолакис предупреди дека Грција би можела да биде погодена од земјотрес со јачина до 8 степени според Рихтер.

„Не мислам дека овој земјотрес ќе ги активира тектонските структури во Грција. Сепак, не треба веднаш да паничиме“, рече тој, додавајќи дека постои можност за посилен последователен потрес.

Синолакис истакна дека веќе 20 години се очекува разорен земјотрес со јачина од најмалку 7,5 степени во регионот на Истанбул. Тој повтори и едно од своите претходни, вознемирувачки предвидувања:

„Според проценките, најсилниот земјотрес што би можел да се случи во Грција би бил со магнитуда од 8 степени, особено во делот на грчките пристаништа“, изјави тој.

„Би сакал да можеме да знаеме кога точно ќе се случи, но тоа не е можно. Не постои начин со сигурност да се предвиди времето на еден ваков земјотрес“, додаде Синолакис во одговор на новинарско прашање.

Advertisement

Балкан

Грција ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан како вложување во регионална стабилност

Грција ја гледа иднината на Западен Балкан во Европската унија и ја поддржува европската перспектива на земјите од регионот, но под услов да се исполнуваат критериумите за членство, особено добрососедските односи и почитувањето на меѓународните договори. Според грчки владини извори, проширувањето на ЕУ се смета за инвестиција во безбедноста и стабилноста на регионот, но процесот е тежок и бара реформи и усогласување со пристапните предуслови.

Во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на кој ќе учествува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, грчките извори истакнуваат дека клучни теми ќе бидат и последните случувања во Украина, финансиските потреби на земјите за периодот 2026-2027 година, повеќегодишната финансиска рамка, како и прашања поврзани со гео-економијата и конкурентноста на ЕУ.

Continue Reading

Балкан

БиХ ја зголеми максималната возраст за воена служба на 45 години

Горниот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, познат како Дом на народите, денеска едногласно ги усвои измените на Законот за служба во вооружените сили. Со овие измени, максималната возраст за професионална воена служба се зголемува од 40 на 45 години, под услов војниците да ги исполнуваат психофизичките барања и потребите на службата.

Законот беше разгледан на вонредна седница и предложен од делегатот Џемал Смаиќ. Во образложението, Смаиќ нагласи дека вооружените сили на БиХ се соочуваат со сериозен недостиг на персонал, поради што продолжувањето на старосната граница е неопходно за одржување на оперативните способности на армијата.

Според него, оваа мерка ќе овозможи подобра искористеност на постојниот кадар и ќе придонесе за стабилноста на одбранбениот систем. Новите измени овозможуваат подолг професионален ангажман на војниците, без да се менуваат строгите стандарди за физичка и психичка подготвеност.

Continue Reading

Балкан

25 килограми злато и 55 килограми сребро исчезнаа од судско депо

Истанбул – Во депото на Судот во истанбулскиот кварт Бујукчекмеџе исчезнале 25 килограми злато и 55 килограми сребро, чија вкупна вредност се проценува на над 147 милиони турски лири, или околу три милиони евра. Судските службеници на почетокот на месецот забележале дека еден од нивните колеги долго време е отсутен, по што било констатирано недостигот на благото.

Турското обвинителство веднаш започна истрага, при што е утврдено дека главниот осомничен за исчезнувањето заминал за Лондон, во придружба на неговата сопруга, за која исто така е распишана потерница.

Случајот ја разбуди јавноста во Турција, а властите продолжуваат со напори да ги пронајдат осомничените и да го повратат одземеното злато и сребро.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг