Connect with us

Економија

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 25.04.2025

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

 

Скопје, 25 април 2025 година – Македонската берза го заврши денешното тргување со вкупен промет од 112.402.092 денари, при што значителен дел потекнува од блок трансакции. Индексот МБИ10 бележи пораст од 0,32%, достигнувајќи ниво од 10.162,42 поени, со што се потврдува позитивниот сентимент кај инвеститорите.

Динамика на тргување и пазарни движења

Трговскиот ден беше интензивен со нагласено зголемена ликвидност, благодарение на крупна трансакции со акциите на Алкалоид АД Скопје и Макпетрол АД Скопје. Сепак, најголемиот дел од берзанскиот раст беше поттикнат од позитивното движење кај Комерцијална банка, Макпетрол и Макстил. Од друга страна, Алкалоид и Реплек забележаа негативен тренд.

Најтргувани акции

1. Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет од 9,770.18денари, последна цена 26.200 денари, пад од -1,16%

2. Макпетрол АД Скопје (MPT) – промет од 6,798.94 денари (блок трансакција), последна цена 105,000.00денари

3. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет од 2.210.200 денари, последна цена 28.300 денари, пораст од +0,44%

Најголеми добитници

1. Макстил АД Скопје (STIL) – пораст од +3,88%, последна цена 134 денари

2. Макпетрол АД Скопје (MPT) – пораст од +1,55%, последна цена 105.000 денари

3. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – пораст од +0,44%, последна цена 28.300 денари

Најголеми губитници (по процент)

1. Алкалоид АД Скопје (ALK) – пад од -1,16%, последна цена 26.200 денари

2. Реплек АД Скопје (RPRK) – пад од -0,64%, последна цена 15.500 денари

Обврзнички пазар

Индексот ОМБ остана непроменет на 124,81 поени, без значителна трговска активност на пазарот на обврзници.

Берзата на 25 април 2025 година беше во знакот на висока ликвидност и генерално позитивно расположение. Зголемениот обем на тргување, особено поради блок-трансакцијата со Стопанска банка Битола, влијаеше на стабилноста на индексот. Присуството на неколку силни добитници укажува на активен интерес кај инвеститорите, додека падовите кај Алкалоид и Реплек ја балансираа сликата.

Advertisement

Економија

Странски „хај-тек“ инвестиции од Германија и Турција: 80 милиони евра и илјада нови работни места

Македонската економија влегува во нова фаза на развој со најавата за две значајни странски инвестиции во областа на високата технологија. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека германска и турска компанија ќе инвестираат околу 80 милиони евра, носејќи свеж капитал надвор од досега доминантната автомобилска индустрија.

Според најавите, двата проекта ќе имаат силен извозен карактер и значајна додадена вредност. Се очекува годишен извоз од над 200 милиони евра, како и отворање на приближно 1.000 нови работни места, главно во сегментот на високо квалификуван кадар.

Мицкоски истакна дека ваквите инвестиции го потврдуваат стратешкото насочување на државата кон високо-технолошки индустрии, со цел диверзификација на економијата и намалување на зависноста од еден сектор. Тој изрази оптимизам дека до крајот на годината ќе следат уште нови странски вложувања.

Најавените проекти се оценуваат како јасен сигнал за подобрена инвестициска клима и дел од пошироките напори за привлекување современи технологии, повисоки плати и одржлив економски раст.

Continue Reading

Економија

Димитриеска – Кочоска: 97 милиони евра за клучни енергетски проекти

Денеска беа потпишани договори за државна гаранција и заеми во вкупна вредност од 97 милиони евра, со кои ќе се реализираат стратешки енергетски проекти што значително ќе ја променат енергетската слика на државата.

Министерството за финансии, преку издавање државна гаранција, овозможи финансирање од 87 милиони евра за проектот „Фотонапонска електроцентрала Битола 3“. Од оваа сума, 50 милиони евра се обезбедени од КфВ, а 37 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Дополнително, обезбедени се и 10 милиони евра за ревитализација на хидроелектраните.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска изрази благодарност до меѓународните финансиски институции за континуираната поддршка, како и до тимот на АД ЕСМ за нивната посветеност во реализацијата на проектите.

Според неа, овие капитални инвестиции ќе придонесат за зајакнување на домашното производство на електрична енергија, ќе обезбедат посигурно и постабилно снабдување и ќе дадат силен поттик за економска стабилност и одржлив развој на државата.

Continue Reading

Економија

Божиновска: Нема енергетска криза, државата има резерви од мазут!

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно резерви на мазут за да ги покрие потребите.

Барањето за кризна состојба ќе се разгледува на утрешната владина седница, но Божиновска нагласи дека тоа е технички чекор за да се активираат државните резерви. Причина за ова е триесетдневната неможност за редовна набавка на мазут од Грција поради тамошните протести.

„Нема да има никаква криза. Постои мазут во државата – ако не го земат од Грција, ЕСМ ќе го земе од државните резерви. За граѓаните ова нема да значи апсолутно ништо“, истакна министерката.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг