Connect with us

Спорт

ФФМ донесе одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 и отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 3.

Фаза – 2 се однесува на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач за набавка на опрема за три ВАР простории, мобилен сет и опрема за ВАР возило. Позледната, фаза 3 се однесува на инсталирање и конфигурација на опремата за ВАР.

Овој процес се спроведува во тесна координација со ФИФА и УЕФА, во согласност со сите меѓународни стандарди за имплементација и користење на ВАР системот.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ ги информираше членовите на Управниот одбор за текот на градежните работи на стадионите во Штип, Охрид и Кичево, сите од програмата „Хет-трик“ на УЕФА.

Финалниот рок за завршување на сите работи и технички прием на западната трибина на стадионот во Штип е 31.07.2025 година. После тој рок, доколку не се исполнат барањата, ФФМ ќе презеде мерки и легитимни чекори согласно законот. Сето активности се во соработка со УЕФА.

Управниот одбор на ФФМ, исто така, детално е информиран за сите аномалии и неправилности во текот на активностите на стадионите во Охрид и Кичево. На следната седница кон средината на месец мај, Управниот одбор ќе донесе одлука кои постапки и легитимни чекори ќе бидат преземени за заштита на интерсот и финаниски средстава на ФФМ.

Advertisement

Спорт

Астон Вила го преслуша Манчестер Јунајтед на „Вила Парк“

Aston Villa оствари значајна победа од 2:1 против Manchester United во натпревар од 17. коло во Premier League, одигран на „Вила Парк“.


Домашниот тим поведе пред крајот на првото полувреме кога Морган Роџерс погоди во 45. минута, по асистенција на Мекгин. „Црвените ѓаволи“ возвратија во судиското продолжение од првиот дел, кога Матеус Куња израмни на 1:1.


Во второто полувреме, Вила повторно ја презеде иницијативата, а повторно стрелец беше Роџерс, кој во 58. минута го постигна победничкиот гол по додавање од Оли Воткинс. До крајот на мечот Манчестер Јунајтед не успеа да се врати во игра, иако се обиде со неколку измени и офанзивен притисок.


Гостите добија и две жолти картони, на Угарте и Далот, што дополнително го отежна нивниот обид за пресврт.


Со оваа победа, Астон Вила продолжува со добрата форма на домашен терен и останува во чекор со екипите од горниот дел на табелата, додека Манчестер Јунајтед запиша уште еден неуспех во борбата за стабилност сезонава.

Continue Reading

Спорт

Македонија стана полноправна членка на Медитеранската ракометна конфедерација

Македонската ракометна федерација (РФМ) денеска објави дека нашата земја е примена како полноправна членка на Медитеранската ракометна конфедерација. Досега Македонија имаше статус на придружна членка.

Одлуката беше донесена на седмиот конгрес на Медитеранската конфедерација, кој се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во Каиро, Египет.

Следната година македонските ракометарки и ракометари ќе имаат активна улога на меѓународната сцена. Пионерките ќе учествуваат на Медитеранскиот шампионат во февруари во Приштина, додека кадетите ќе настапат во април во Словачка. Сениорите ќе се борат за медалите на Медитеранските игри во август во италијанскиот град Таранто.

Continue Reading

Спорт

Омерагиќ: Посетата на Мамадов отвора нова фаза за македонскиот фудбал

Во „Куќа на фудбалот“ се одржа средба меѓу раководството на Фудбалската федерација на Македонија и Елкан Мамадов, директор за асоцијации и развој во ФИФА и еден од најблиските соработници на претседателот Џани Инфантино.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека посетата на Мамадов претставува силна потврда за одличната соработка со ФИФА и континуираната поддршка што федерацијата ја добива во реализацијата на стратешките цели, со посебен акцент на инфраструктурата и зајакнувањето на националните селекции.

Омерагиќ најави дека веќе се договара и посета на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во првата половина на 2026 година, што дополнително ќе ја зацврсти соработката и ќе отвори нови можности за развој на македонскиот фудбал.

Тој нагласи дека ФФМ останува целосно посветена на принципите што се од клучно значење за ФИФА – транспарентност, одговорност и долгорочен развој на фудбалот на сите нивоа во Македонија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг