Се претставила како ќерка на обвинителка и ѝ земала 2000 евра – тетовчанка пријавила измама

На 28.04.2025 во 11.30 часот во СВР Тетово 27-годишна жена од тетовско село пријавила дека била измамена за 2000 евра од страна на К.Ј., која и се преставила дека е ќерка на обвинителка и дека може и помогне за предмет во обвинителството. На 15.02.2025 година, таа и ги дала парите, но на 15.04.2025 добила одговор од обвинителството дека „иницијативата“ и е одбиена, по што сфатила  дека била измамена. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.