Connect with us

Магазин

Најубавата фудбалерка е слободна: Алиша Леман раскина

Најубавата фудбалерка во светот, Алиша Леман, раскина со Доуглас Луис*, со што дефинитивно ја завршија нивната врска, јавуваат италијанските медиуми.

Двајцата пристигнаа во Торино заедно од Астон Вила за да не бидат разделени, но сега одлучија да тргнат по друг пат.

Според La Gazzetta dello Sport, разделбата се случила бидејќи Бразилецот сакал да го напушти Торино на крајот од сезоната и да се пресели во нов клуб, додека таа не сакала да го напушти Јувентус и сакала да остане во Торино.

Со „Старата дама“ на две кола до крајот веќе ја освои титулата шампион на Италија, но Луис не беше натпреварот против Милан кога Скудетото беше заверено.

Бразилецот претходно изрази незадоволство од минутажата што ја добива во торинскиот гигант и побара да игра повеќе, што очигледно не е она што го мислат луѓето од тренерскиот штаб на Јуве. Неговиот договор со Јувентус истекува летото 2029 година, а премиерлигашот Нотингем Форест веќе покажа интерес за него.

За потсетување, двајцата се заедно од 2021 година, но накратко раскинаа во 2023 година бидејќи Алиша беше во врска со колешката од швајцарската репрезентација, Рамона Бахман.

„Би рекла дека бисексуалноста е нормална за нас во женскиот фудбал. Сите нè прифаќаат така. Во светот, повеќето луѓе велат дека прифаќаат сè, а потоа зад грб велат ‘Боже мили’. Мојата генерација порасна така што секој е прифатен таков каков што е. Можеби постарите генерации имаат проблем со тоа, иако не мислам дека тоа ќе биде проблем за 20 години“, рече тогаш Алиша.

Алиша и Доуглас ја обновија својата врска минатата година, само за повторно да раскинат.

*Името Douglas во Бразил не се изговара како англиското Даглас, туку едноставно Доуглас, како што има потврдено и самиот фудбалер.

Advertisement

Магазин

Transmission – Музичка вечер со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Transmission е музички концепт во кој тапанот ги спојува традицијата и денешницата, акустичната и електронската музика.

20 години од музичката симбиоза и пријателство (по Кавадаречка линија), Александар Петров заедно со Васил Хадџиманов преку проектот Transmission ги сплотуваат традиционалното и модерното преку звукот на тапанот и електронската музика.

Составен од два дела, првиот посветен на нивните херои од детството Никола Бадев, Кирил Манчевски и Зафир Хадџиманов во придружба на единствената Тања Царовска, додека вториот ќе раскаже еден понов период на творење осврнат кон електронската музика, која некои љубители, познавачи и издавачи ја означуваат како ORGANIC – PROGRESSIVE – HOUSE.

Музика во живо со: ХАЏИМАНОВ – ЦАРОВСКА – ПЕТРОВ – ВАСИЉЕВИЧ – ШАРЕВСКИ

Почеток во 20 часот, во Станица 26 na 24 Dekmvri

Картите по цена од 1000 денари се продаваат во THREE BAR & KITCHEN, Soma и Чашка

Continue Reading

Магазин

Светот на диетите се менува: Пристигнува првата таблета за слабеење

vaga

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот лек за слабеење во облик на таблета, означувајќи значајна пресвртница во третманот на прекумерната телесна тежина. Информацијата ја објави данската фармацевтска компанија Novo Nordisk, производителот на лекот.

Новата таблета се зема еднаш дневно, а според компанијата, дава ист ефект како досегашната неделна инјекција. За разлика од други лекови за слабеење кои првично биле создадени за пациенти со дијабетес тип 2, овој лек е од почеток развиен исклучиво за губење на тежината.

Клиничките испитувања со приближно 1.300 учесници покажале импресивни резултати: во просек, корисниците изгубиле 16,6% од телесната тежина, додека околу една третина од нив успеале да намалат дури 20% или повеќе. „Пациентите ќе добијат практична таблета што се зема еднаш дневно и може да помогне да се изгуби исто толку тежина како и со оригиналната инјекција“, изјави извршниот директор на компанијата.

Очекувањата се дека таблетата ќе се појави на американскиот пазар почетокот на јануари 2026 година. Одобрувањето веднаш предизвика позитивен шок на берзата – акциите на Novo Nordisk пораснаа речиси 10% по затворањето на тргувањето во Њујорк.

Во Европа, лекот сè уште е достапен само како неделна инјекција и тоа со лекарски рецепт во одредени земји. Таблетата за европскиот пазар сè уште не е одобрена, а регулаторната одлука се очекува најрано во втората половина на 2026 година.

Continue Reading

Магазин

Мега забавен парк од 1,1 милијарда долари „Дракула Ленд“ се отвора во Романија

drakula park

Романија ја трансформира својата најпозната легенда во глобална туристичка атракција. Во близина на Букурешт е потврден изградбата на „Дракула Ленд“, мега-забавен комплекс вреден 1,1 милијарда долари, кој ќе биде целосно финансиран од приватни инвеститори.

На површина од 192 акри, новиот мега-парк ќе понуди над 40 атракции распоредени во шест тематски зони, инспирирани од легендата за Дракула и богатиот романски фолклор. Но „Дракула Ленд“ нема да биде само забавен парк – проектот предвидува луксузни хотели, арени за е-спорт, огромни концертни и шоу-простори, како и содржини за дневни и ноќни активности, привлекувајќи туристи од целиот свет.

Со оваа амбициозна инвестиција, Романија се стреми да создаде целосна туристичка дестинација што ќе се натпреварува со најпознатите европски тематски паркови. Изградбата е закажана да започне во септември 2026 година, а отворањето се планира веќе во 2027 година, доколку се следи планираниот ритам.

Со овој проект, Романија не само што сака да го оживее својот најпознат мит, туку и да се позиционира како една од водечките забавни и туристички дестинации во Европа, привлекувајќи милиони посетители секоја година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг