Connect with us

Република

ЗАПОЧНА ЕЛЕКТРОНСКОТО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

Во 08:00 часот утринава, започна електронското аплицирање на јавниот повик на Општина Битола за субвенционирање на инвертер клима уреди за домаќинствата на територија на Општина Битола. Електронското аплицирање започна успешно, а првата апликација беше поднесена во 8 часот и 2 секунди, соопштија од Општина Битола.

Понатаму во соопштението се вели дека до 8 часот и 45 минути, добиени се вкупно 612 апликации, за 570 корисници. Електронскиот систем за поднесување на барања за субвенции, на барање на Општина Битола, го изработи „Јавен адвертајзинг“ Битола, кој ја овозможи и техничката поддршка на општината во процесот на аплицирање. Од таму не информираат дека имало околу 42 повторни обиди на граѓаните за аплицирање, а во одреден период во една секунда аплицирале од 5-8 лица.

Секој граѓанин кој аплицирал на својата мејл адреса има добиено известување со време на поднесено барање и број на предмет, како и известување доколку го поништил претходното барање и поднесол ново барање.

Сo ваквиот систем, Општина Битола, по втор пат, успешно го воведува електронскиот систем за поднесување барања за субвенции, како нова дигитална алатка за граѓаните на општина Битола, со што веќе нема да се создаваат колони од граѓани пред општинската зграда и граѓаните нема да мора да чекаат ред од раните утрински часови, за да аплицираат на јавните повици на општината. Ова е еден од проектите на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, со кој се реализира заложбата за дигитализација на услугите.

Аплицирањето започна денес, 30.04.2025 во 08:00 часот и ќе трае до до 06.05.2025 година 15:30 часот. Средствата што ќе ги надоместува Oпштина Битола се во вредност од 50% од вкупната цена на чинење на уредот, но не повеќе од 25.000,00 денари.

Advertisement

Република

Четири тетовски села утре ќе бидат без струја

Дел од тетовските села Цепчиште, Јажинце, Доброште и Слатино утре, 23 декември 2025 година, ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа.

Според најавата, прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот. Во селото Џепчиште без струја ќе останат објекти кои се наоѓаат кон центарот на селото, додека во Јажинце прекинот ќе ги зафати објектите во близина на џамијата. Во Доброште и Слатино без напојување ќе бидат делови од селата, согласно планираните активности.

Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите обврски и да преземат потребни мерки за време на прекинот.

Continue Reading

Република

Хумана новогодишна акција: Дедо Мраз пристигна на мотор кај децата од „Кочо Рацин“ во Битола

Моторџиите од МК Конзули Битола денеска организираа хумана новогодишна посета во Ресурсниот центар Кочо Рацин во Битола, носејќи го Дедо Мраз на мотор за да им подели пакетчиња на децата.

Настанот помина во празнична атмосфера, исполнета со детска радост, насмевки и искрена возбуда. Од МК „Конзули“ истакнаа дека ваквите моменти се потсетник на вистинската смисла на празниците – хуманост, споделување и грижа за најмладите.

Тие упатија благодарност до вработените во ресурсниот центар за топлиот пречек и посветеноста што секојдневно ја вложуваат во грижата и образованието на децата, најавувајќи дека и во иднина ќе продолжат со вакви хуманитарни активности.

Извор: Апла.мк

Continue Reading

Република

Проданоски: Наставата на мајчин турски јазик е темел на културниот идентитет и соживотот

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин турски јазик.

Тој упати посебни честитки до колективот и учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во село Канатларци, каде што успешно се реализира настава на турски јазик и со голема посветеност се негува јазикот како значаен дел од културниот идентитет.

Проданоски ја истакна важноста од негувањето на мајчиниот јазик и почитувањето на повеќекултурните вредности, нагласувајќи дека мајчиниот јазик е нераскинлив дел од идентитетот, традицијата и културното наследство на секој народ, а неговото почитување придонесува за меѓусебно разбирање, почит и пријателство во мултикултурно општество.

Општина Прилеп, како што беше нагласено, ќе продолжи посветено да ги негува повеќекултурните вредности и да го чува културниот идентитет на сите заедници, вклучително и на турската заедница, со цел создавање подобри услови за изучување и унапредување на наставата на мајчин турски јазик.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг