Подгответе се за кратка промена: Еве какво ќе биде времето денес во Македонија

Попладнево времеснките услови во Македонија ќе се сменат, ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, особено во источните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.